Интерпелација, урбана опрема и паркинзи

Овој четврток, нова седница на Советот на Општина Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
sednica
седница

Интерпелација на претседателот на Советот, новата програма за поставување урбана опрема, како и продолжување на работното време на угостителските објекти за време на претстојната туристичка сезона, се само некои од точките на кои ќе се расправа на наредната седница на Советот на општината, закажана за овој четврток.

sednicaНеодамна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција информираа дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид  Душко Јаковчески, како чин за демократска оценка за вистината за раководењето со Советот на Општината, која ја најавија како точка со која ќе го збогатат дневниот ред на претстојната седница. Советниците ќе треба да ги разгледаат и  извештаите од работењето на јавните претпријатија. Се очекува предлог Одлука за  давање согласност на Одлуката за започнување постапка за доделување концесија за вршење на  јавни  услуги, односно работи и  одржување на дел од  паркинг простори со кои  стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ Охрид да биде една од точките, која ќе предизвика бурна расправа. Во врска претстојната туристичка сезона охридските советници ќе расправаат за продолжување на работата на угостителските објекти, како и за организирањето на режимот на  сообраќај на дел од територијата на општина Охрид. Доколку охридските советници не заглават на самиот старт, не очекува интересно издание на седницата на Советот на оптината.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top