Ознака: инспекторат

ohrid

Петрески: ДУП-от за „Св. Стефан“, законски

Post Views: 1 Градоначалникот Александар Петрески тврди дека во врска со изготвувањето и донесувањето на ДУП  за дел од туристичкиот комплекс Св Стефан исполнети се сите законски прописи.  Тој смета дека реакцијата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам има политичка позадина. „Јас стојам цврсто на ставот дека е направено се согласно законските прописи и дека сето друго што се обидуваат советниците на ВМРО- ДПМНЕ да го направат е кочење на развојот на Охрид и спротивно на законските прописи. Најавив и тогаш некои кривични пријави веќе се испратени за сите тие, за некои...

Continue reading

ministertsvo za transport i vrski

Уште еден детален урбанистички план се сопна во Скопје

Post Views: 1 Урбанистичкиот план за изградба на хотел вон населено место за Коњско дел од туристички комплекс св Стефан под лупа на   Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.Од  Инспекторатот при спроведената контрола утврдиле низа неправилности.  Деталниот урбанистички план отстапувал од одредбите пропишани за донесување вакви планови односно во текот на постапката планот бил изготвуван  во спротивност со Законот за просторно и урбанистичко планирање и истиот не бил во согласност со Генералниот урбанистички план. Поради овие причини Државниот инспекторат му укажува на...

Continue reading

deca

Премногу административни обврски, премалку време за учениците

Post Views: 4 Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин...

Continue reading

gubre

Наместо во својот двор, некои охриѓани ѓубрето го фрлаат кај комшиите

Post Views: 4 На несовесни граѓани пракса им стана ѓубрето наместо во својот, да го одлагаат пред ќуќата на комшиите.  Ристо Карадимчески раскажува дека за овој проблем се обидува решение да најде веќе две години, но освен ветување од надлежните органи, нама ништо друго. „Алармирав до надлежните инспекции за проблемов, дојдоа два три пати и ми рекоа требало јас да ги сликам луѓето навечер што ќе го фрлат ѓубрето и да му однесам документи. Сликав јас двајца ги однесов таму и до ден денеска ништо. Еве баш овие куќи од сокачето целото ѓубре го фрлаат кај мене“, вели Ристо Карадимчески. Карадимчески...

Continue reading

kanal

Кој го прекршува Законот за јавна чистота

Post Views: 2 Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните заработиле казна за тоа. 56 260 ден. се наплатени годинава од страна на Општинскиот комунален инспекторат како глоба за непочитување на Законот за јавна чистота. Овој закон кој се донесе пред четири години граѓаните многу не го почитуваат, вели раководителот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танасоски. Оваа сума не е реална...

Continue reading

охрид

Странците побројни гости во Охрид

Post Views: 7 Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во  деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе  туристи во однос на истиот период од минатата година.  Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски. „ Домашните  гости оствариле 171 .740 ноќевање,...

Continue reading

bilbord

Искривен билборд

Post Views: 20 На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие  не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да ја согледа фактичката состојба и да направи некаков записник. Одобренијата за поставување билборди ги дава...

Continue reading

parcela Daljan

Во Далјан се гради на парцела без сопственик-тврдат жителите

Post Views: 9 Жители на улица Сатеска во населбата Далјан се пожалија дека во нивна непосредна близина се гради, наводно, бесправна градба. Лицето кое овие зафати ги започнало во Саботата, им тврдело дека поседува документи за парцелата на која го гради објектот кој најверојатно треба да биде гаража, но истите не ги приложил. Сомневајќи се во овие тврдења, тие веднаш се јавиле во општинскиот инспекторат, меѓутоа велат дека од таму досега никој не дошол да направи увид. „Ни рекоа дека понеделник ќе се дојде на увид меѓутоа и вчера не дојде никој. Ние и вчера бевме таму, во градежниот...

Continue reading

dileri

Кој и како лови во матно?

Post Views: 3   Велосипед агенции. Ова е терминот кој охриѓани масовно го користат, а се однесува на мобилните посредници помеѓу приватните станоиздавачи и гостите. Ваквите дилери многу често се среќаваа по охридските улици и ова лето. Дeл од станоиздавачите со кои контактиравме а кои сакаа да останат анонимни велат дека им нанесуваат голема штета затоа што тие всушност ја дикрираат цената за сместување. Само за пример, ако по кревет станоиздавачите бараат 300 ден., посредниците бараат 350 од кои 50 денари се провизија за нив. Оваа појава им е добро позната на општинските инспектори.Раководителот...

Continue reading

ukica

Канализација се влева во езерото близу СВ. Софија

Post Views: 12 Фекалии пливаат по езерото, реагираат жителите на улицата „Коста Абраш“. Тие велат дека во близина на црквата Св. Софија во езерските води се влева канализација. Тоа ни го потврдија и од ЈП „Нискоградба“ од каде објаснуваат дека некои од домаќинствата не сакаат да се приклучат на канализационата мрежа и на колекторскиот систем кој на овој потег се направи пред две години. Од таму објаснуваат дека неможат ништо да сторат бидејќи дел од цевката која треба да се приклучи на најблиската шахта треба да помине низ дворно место што е приватна сопственост. Дејан Паноски, преставникот...

Continue reading

carsija

Музиката во Охрид под контрола

Post Views: 3 Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста. „Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена...

Continue reading

star grad

Секој може ама не руши

Post Views: 8 Сопствениците на дивоградбите и нелегално изградените поткровја во стариот дел на градот уште некое време можат да бидат  мирни. Иако уште пред две години наголемо се најавуваше нивно рушење од страна на Општинскиот инспекторат, тоа до ден денес не се случи. Додека локалната не се нафаќаше да руши поради немање пари, се случи Законот за Охрид.  Со стапувањето на сила на овој закон од пред една година рацете на локалците им се врзаа затоа што ингеренциите околу рушење во овој дел на градот од Општинскиот преминаа кај Државниот испекторат при Министерството за транспорт...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top