Ознака: инспекторат

koncert plaza

Вечерни концерти на плажи-законски или противзаконски?

Post Views: 6 Ако не ни е јасно дали започнала летната туристичка сезона, тогаш треба само да фрлиме поглед кон некои од плакатите низ градов. На нив ќе видиме најави за концерти, за свирки и настапи. Штом има концерти, сигурни сме, дојде лето. Во последно време се почесто ваквите свирки или концерти се одржуваат на охридските плажи, и тоа во термини од доцните вечерни до раните утрински часови. А дали се плажи, кафе барови или ноќни клубови, е тоа е веќе некое друго прашање. Со законски норми кои го одредуваат работното време како и степенот на дозволена бучавост, се наметнува прашањето...

Continue reading

bezbednost

Тимска работа, спас за проблемите

Post Views: 1 Поставувањето на урбаната опрема и бучавоста, рак рана за општина Охрид. И годинава како впрочем и минатите години локалците заедно со државните инспекциски служби и претставници на СВР Охрид, денес во малата пштинска сала одржаа припремен тренинг, за справување со хроничните проблеми, пред туристичката сезона.  Акутните проблеми кои фрлаат дамка врз туризмот и имиџот на градот, можат да се решат со заеднички настап на сите инспекциските служби, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој признава дека во голем дел вината за состојбата лежи точно...

Continue reading

urivanje divogradba IVIRE

Започна уривањето на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца

Post Views: 1 Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам при министретвото за транспорт и врски започна со уривање на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца. Само десеттина дена одкако ресорното министерство и ги одзеде ингеренциите од локалната самоуправа за овој објект, механизацијата претпладнево излезе на терен и  ја започна акцијата.  Се уриваше објектот кој е комплетно е дивоградба, а што се однесува до објектот кој е делумно дивоградба најверојатно ќе се урива утре. Жителите од Трпејца задоволни што конечно во Македонија започнаа да се спроведуваат законските прописи и она...

Continue reading

Ohridsko ezero

Пријави за загадувачите на езерото

Post Views: 10 Фрчат пријави против  загадувачите на езерото. Со несовесните  загадувачи се справуваат и Општинскиот инспекторат и  Државниот инспектор за животна средина. Државниот инпектор од лани овој период до денес, на охридско струшката ривиера  имал полни раце работа. Напишал 38 записници и  издал осумнаесет решенија со предупредувања за да се елиминираат загадувањата. Државниот инспектор укажува дека и правни лица и поединци се прекршители на законот за животна средина.  Тие  најчесто се огрешиле во законот со истурање боја со која ги бојадисувале чамците и со  прегорено масло...

Continue reading

trpejca protesti

Трпејчани излегоа на мирни протести

Post Views: 3 Со протестите на патот Охрид – Св. наум, Трпечани го искажаа незадоволството за како што велат, игнорантскиот однос на институциите на локално и централно ниво во спорот што го имаат со сопствениците на приватно- сместувачкиот капацитет изграден на крајбрежјето во ова село. Тие се едногласни – бараат од општината и од Државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решението и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ во село Трпејца, донесени во јули 2011 год. од страна на општина Охрид. Од државата пак бараат да овозможи почитување...

Continue reading

taxi

Таксистите на мета

Post Views: 7 Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски  ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници...

Continue reading

programa_urbana

Нова програма за урбана опрема

Post Views: 1 Репер за успешноста на туристичката сезона, по некое непишано правило, треба да ни бидат велигденските празници. Но на само една недела од прославувањето на овој голем празник нема ред во узурпацијата на јавната површина во центарот на градот. Локалната самоуправа со нова програма за поставување на урбана опрема ќе се бори против самоволието на одредени граѓани. Програмата изготвена од секторот за урбанизам чека согласнот од заводот за заштита на спомениците на културата. Првиот човек на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска признава дека програмата е кај нив и дека...

Continue reading

broj na sprat

Кој треба да се грижи за лифтот во вашата зграда?

Post Views: 5 Некаде функционираат, а некаде не. Лифтовите во Охридските згради може да ви бидат или најдобар пријател или најголем кошмар. Сето тоа зависи од редовноста со која тој лифт се одржува. А кој да плаќа за негово одржување ако не станарите кои секојдневно го користат. Охрид за среќа или за жал е туристички град во кој голем дел од становите немаат домашни сопственици. Тука се создава голем проблем за заедницата на станари која според Законот за домување треба да ја има секоја зграда. „Сега функционираме, барем досега додека не беше донесен законот, на повик, кога ќе имаше...

Continue reading

ezero

Да или Не за стопанската концесија на езерото?

Post Views: 1 Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд. „Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до крај...

Continue reading

Dimitar Vasileski

На мета на инспекторите – дивите превозници

Post Views: 3 Акцијата на Министерството за транспорт и врски, за искоренување на дивите превозници преку државниот инспекторат ги бележи првите позитивни резултати. Од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ задодоволни што конечно ќе се воспостави ред. „Како резултат на таа акција приходите бележат пораст од 40 -60 % што е добра цифра и од нас очекувана. Не е тешко да се согледа каква загуба трпевме години наназад, но покрај нас загуба трпеше и државата со тоа што тие не плаќаа данок“, вели член на координативното тело на здружението на превозници „Исток“, Димитар...

Continue reading

med otpad

Отпад е, но дали е медицински?

Post Views: 0 Камуфлиран медицински отпад се најде во контењерите за комунален смет. Од ЈП „Охридски Комуналец“, загрижени за според нив, вака неодговорното однесување на сторителите на ова дело. Оттаму го посочија виновникот. Директорот на претпријатието Сашо Алче вели дека проблемот се провлекува неколку недели. Тој додаде дека веднаш после првото забележување на медицински отпад во контењерите на ул . Сирма Војвода во близина на охридскиот болнички комплекс, од страна на вработените во ЈП, најдобронамерно им било укажано на директорите. Чашата се прелеала во моментот кога и покрај...

Continue reading

sneg

Охриѓани се фатија за лопата

Post Views: 11 Снегот кој интензивно паѓаше во изминативе денови  во градот и околината не предизвика посеризони проблеми. Охрид  е еден од најчистите градови во земјава, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Граѓаните, сопствениците на деловните простори и службите на ЈП „Охридски Комуналец“ совесно го испочитуваа Законот за јавна чистота, вели Танасоски. „Задоволен сум во однос на дисциплината на граѓаните во расчистување на снегот пред своите домови и деловни простори. Комуналните редари и комуналниот инспектор секојдневно дежураат. Тие изрекле само  37...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top