Ознака: инспекторат

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ

Post Views: 2 Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица. Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.   Оваа измена се воведува поради зголемениот...

Continue reading

Инспекторите на Државниот градежен инспекторат излегоа на терен во контрола на плажите на Охридско-Струшката ривиера

Post Views: 6 Државниот градежен инспекторат започна со интензивна контрола на плажите и тоа не само во Струга и Охрид, туку и во Преспа и во Дојран, информира министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ресорниот министер објасни дека причина за оваа вонредна контрола е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање. „Наназад се вршени контроли , пред неколку години и во овој период пред година и година и нешто, дел од ова што ми беше поставено, ја префрлаа надлежноста општинските и државните инспектори меѓу себе, така да сега ќе видиме со оваа...

Continue reading

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот 13.06.2020 – 25.06.2020 година за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат

Post Views: 3 Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот...

Continue reading

mrezi

Пронајдени и одземени рибарски мрежи и 28 парчиња Охридска белвица

Post Views: 7 На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет рибарски...

Continue reading

pastrmka

Започна вештачкиот мрест на пастрмката

Post Views: 25 Струшкото мрестилиште Шум подготвено е да ја прими икрата од охридската пастрмка наменета за вештачиот мрест. Со околу 20 илјади зрна икра вчера во струшкото село Радожда отпочна мрестот на охридската пастрмка. „Ние сме подготвени годинава да примиме над 2 милиона икри се надеваме дека имајќи ги во предвид предусловите, заштитата, вложувањата и интересирањето на државата и она што се прави сега ќе успееме да го зголемиме производството односно рипчињата што ќе ги произведеме да бидат најмалку 80% повеќе од минатата година“. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство...

Continue reading

Триесетмина охриѓани поднесле претставки до општинскиот Државен пазарен инспекторат

Post Views: 19 За три месеци од почетокот на годината до Државниот пазарен инспекторат пристигнале 29 претставки од граѓани. Во најголем дел од преставките е постапуванo и се решение, напоменува Цветко Ристески овластен потписник во одделението на Државниот пазарен инспекторат. „ Поплаките во поглед на на продадените производи за несодветен квалитет во најголем број во 90 посто се однесуваат на производи од бела техника и телефонски апарати. За волја на вистината има и дел од претсвките кои се неосновани. Граѓаните се пожалиле незнајеќи ги своите права, но ние како служба ќе отцениме...

Continue reading

Каде е градежниот инспекторат?

Post Views: 1 Во Охрид интензивно се гради сред сезона. Иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци, тоа не ги попречува инвеститорите да градат. Побаравме одговор од Локалната самоуправа дали градежниот инспекторат е запознаен со ваквата состојба низ градов, дали инспекторите се излезени на терен и што е превземено. Од таму го добивме следниот одговор: Од општинскиот инспекторат е направен увид на две локации каде се одвиваат градежни работи, при што е укажано на почитување на одлуката на Советот на Општина Охрид од март...

Continue reading

vmro-dpmne

Кој ќе ја наследи Надица Николовска?

Post Views: 1 Низ струшките чаршиски кулоари се погласно се коментира кој в раце ќе го земе кормилото на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ. Од околу 40 пријавени активисти на најголемата владеачка партија, деновиве на разговор кај премиерот Никола Груевски повикани биле само 5 од нив и тоа, Стефан Томаноски, Зорица Кленкоска, Гоце Божиноски, Перо Петкоски и Марко Стрезоски. Дел од посериозните кандидати за оваа атрактивна позиција се релативно млади кадрии. Конкурсот кој го распиша партијата за избор на претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, уште пред 4 месеци, следи по назначувањето...

Continue reading

Министерството за локална самоуправа контра Државниот инспекторат за Локална самоуправа

Post Views: 0 Ресорното министерство одлучи контра Државниот инспекторат за локална самоуправа. Падна во вода одлуката со која инспекторатот ги поништи одлуките кои советите на општините ги донесоа по 24 март, а ги прогласија за незаконити поради истекот на мандатот на советитниците. Таквата одлука внесе уште поголем хаос во општините. Струшкиот вршител на должност градоначалник Мустафа Забзун информира дека утрово добиле писмен документ од Министерството за локална самоуправа со кој ги известуваат дека сепак се законски сите донесени одлуки на советот по 24 март. „Добивме официјална...

Continue reading

spric

Висока цена за договор

Post Views: 6 Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира....

Continue reading

Општинскиот пазарен инспекторат ги чешлаше вилите во градов

Post Views: 5 Општинскиот пазарен инспекторат во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и со туристичките инспектори од Локланата самоуправа, ги чешлаа вилите во градов. Проверуваа дали во согласност со нивната категоризацијата поседуваат решение за работа. Контролирани биле преку 60 субјекти на територијата на Општина Охрид и тоа во Велестово во Коњско и Рача. Оваа акција била на иницијатива на ХОТАМ бидејќи ваквите приватни субјекти кои го прекршуваат законот преставуваат нелојална конкуренција за хотелите. Тие сите поседуваат решение за категоризација меѓутоа на лице...

Continue reading

Чинго: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган кој нема правен основ да укинува одлуки

Post Views: 10 Паушално и произволно, без правен основ е известувањето на државниот инспекторат за ЛС дека ќе ги укине одлуките што ги донесле советниците по 24 март, тврди Владо Чинго адвокат и поранешен претседател на Советот на град Охрид. Инспекторатот е орган на министерството за Локална самоуправа кој ги контролира одлуките кои ги носи советот дали се во согласност со законот за локална самоуправа и другите закони кои ја уредуваат таа област. Вршат контроли и надзори , редовен, вонреден и контролен наздор и може врз основа на тоа да укинат некои акти од општината или програми,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top