На мета на инспекторите – дивите превозници

Државниот инспекторат за транспорт во Министерството за транспорт и врски ги лови дивите превозници.

 |  Маленкова Татјана  | 
Dimitar Vasileski
Димитар Василески

Акцијата на Министерството за транспорт и врски, за искоренување на дивите превозници преку државниот инспекторат ги бележи првите позитивни резултати. Од Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“ задодоволни што конечно ќе се воспостави ред.

„Како резултат на таа акција приходите бележат пораст од 40 -60 % што е добра цифра и од нас очекувана. Не е тешко да се согледа каква загуба трпевме години наназад, но покрај нас загуба трпеше и државата со тоа што тие не плаќаа данок“, вели член на координативното тело на здружението на превозници „Исток“, Димитар Василески.
kombe galeb
Василески додава дека оваа континуирана акција не им помага само на легалните превозници, туку и на граѓаните. Според Василески само на овој начин тие можат да се справат со како што кажа „шокот предизвикан од цената на нафтата“. „Единствен начин за драстично да не ги зголемиме цените на возните билети е да ни се даде поголем простор за работа, поточно да се намали бројот на дивите превозници“, категоричен е Василески.  

„На локално ниво, најголема штета се трпи на релациите Охрид – Струга, како и на релациите Охрид – Ресен – Битола – Прилеп. Цената е иста на билетите, а ако има потреба еднаш годишно министерството за транспорт и врски дели линии и ќе отвориме дополнителни линии“, додава Димитар Василески.

Василески отворено призна дека години наназад АД Галеб, мака мачи во борбата со дивите превозници.  Тој кажа дека токму тие биле причина оваа реномирана компанија да укине многу линии. Тој се надева дека сега конечно овој проблем ќе се надмине.
Државниот инспекторат за транспорт, досега го нема прочешлано Охрид, но деновиве сигурно ќе го направи тоа. Да се надеваме дека и овојпат нема да се повтори онаа слика кога дивите превозници знаат дека инспекторите се на терен и се повлекуваат. Показател за ова е статистиката која јасно покажува дека кога државниот или локалниот инспектор е во Охрид прометот во легалните компании расте и до 150 %.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top