Да или Не за стопанската концесија на езерото?

Спортските риболовци бараат стопирање на конкурсот за доделување на концесијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
ezero
езеро

Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд.

Radovan Dimitrieski„Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до крај за заштита на биодиверзитетот односно на охридската пастрмка и на другиот битен фонд на Охридското езеро. Најавивме дека ќе одиме и до Европската комисија за рибарство и до сите зелени пратеници во Европскиот парламент. Но пред тоа треба да ги искористиме сите домашни институции.“-рече Радован Димитриески-СРД Свети Апостол Петар

Со ваквите тврдења не се согласува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски. Тој смета дека Охридското езеро мора да има стопански концесионери.

Minister zemjodelstvo

„Морам да кажам дека се веќе објавени огласите за риболов за концесија на охридското езеро.  Без оглед на тоа дали тоа му се допаѓа или не му се допаѓа, ние имаме чиста ситуација во која што на идните концесионери би им оставиле една да речам подршка од наша страна, а од друга страна и опомена за идните криволовци, а во исто време и еден поттик за заедничка соработка заедно со инспекторатот, со рибарската полиција, односно рибочуварската служба и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.“-вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски.

На изјавата на министерот се надоврза и директорот на државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, кој рече дека давањето на езерото под стопанска концесија е еден од начините на негова заштита токму од рибокрадците, бидејќи идните концесионери ќе се должни да формираат рибочуварска служба која ќе биде контролирана токму од инспекторатот. Министерот Димоски и директорот на државниот инспекторат за земјоделство присуствуваа  на уништувањето на вкупно 52та километри запленети рибарски мрежи, за кои рекоа дека се запленети од луѓе кои не го сакаат езерото.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top