Ознака: инспекторат

pushenje

Ќе се пуши ли за Нова Година?!

Post Views: 4 Засилени контроли низ угостителите објекти за време на празниците најавува Пазарниот инспекторат за да утврди дали и колку се почитува забраната за пушење. Една година по донесувањето на Законот граѓаните и угостителите се поделени за ефектите на веројатно најкритикуваниот правен акт досега. Според нив Законот бил целосно промашување и селективно се применувал. Но власта не попушта.– Нема олабавување. Ниту еден празник не може да биде над Законот. Тој важи и во делници и во празници. За Нова година ќе има и повеќе инспектори на терен, бидејќи кога има поголема...

Continue reading

zabraneto pusenje

Кој сака да го занемари Законот за заштита од пушење

Post Views: 7 Летово направени 100 надзори од страна на општинскиот пазарен инспекторат во врска со спроведувањето на Законот за заштита од пушење. На триесеттина прекршители изречени им се казни во висина од 2000 евра за правно лице и 500 евра за физичко лице. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на општинскиот пазарен инспекторат вели дека нема отстапување и дека и понатаму  ригорозно ќе го спроведуваат Законот за заштита од пушење. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски објекти, бутици, продавници и сите единици...

Continue reading

grobista

Спорна местоположбата на тезгите за свеќи и цвеќе на Градски гробишта

Post Views: 13 Државниот комунален инспекторат по претходно извршен инспекциски надзор на ЈП „Градски гробишта“, побара отстранување на продавницата за погребална опрема и објектите за услужна дејност. Првиот човек на ЈП Зоран Симоноски рече договорот кој што го затекнал за закуп со приватниот оператор кој што е сместен во една од нивните простории, за нив бил неприфатлив и штетен и од негова страна бил раскинат еднострано. Додава дека работата е на суд и за брзо време чекале пресуда која што ќе ја почитуваат. А што се однесува до отстранувањето на објектите за услужна дејност, продавниците...

Continue reading

smet ramne

Депониите во Рамне сеуште неподигнати

Post Views: 0 Дивите депонии во Рамне сеуште не се подигнати. И после една недела од апелот и критиките на мештаните, преку нашиот медиум,надлежните си ја префрлаат топката од едни на други. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се правдаат дека не добиле налог од НП „Галичица“. Од таму пак кажаа дека не е нивна надлежност да издаваат налози туку состојбата да ја пријавуваат до општинскиот инспекторат.  Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека секој во својот делокруг треба да си ја извршува својата работа, затоа постојат овластени инспектори за животна средина, комунална инспекција,...

Continue reading

pcenki

Празни ветувања

Post Views: 8 „Пченки, американски крофни, пуканки и скара ова лето нема да се продава на отворен простор. Во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на храна на отворено. Нема да може да се купи ниту скара по тротоарите како што тоа беше случај минатите лета. Подготвување и продажба на храна ќе може да се врши само во затворен простор кој ги задоволува сите стандарди за тоа“. Ова е само дел од изјавата која за Телевизија ТВМ на 19ти јуни оваа година ја даде Николче Милески, од комуналниот општински инспекторат. –Не е дозволено...

Continue reading

Охрид

Три угостителски објекти добиле казни за пуштање гласна музика

Post Views: 1 Три угостителски објекти казнети за пуштање прегласна музика. Од 30- те исконтролирани објекти  инспекторите во овие објекти регистрирале дека ја надминале дозволената бучавост и го прекршиле  законот за заштита од бучавата. Николче Милески од општинскиот инспекторат кажува дека контролите покажале  дека на терен има подобрување, но дека сепак граѓаните пријавуваат и понатака бучава. „ Најголем број на прекршувања за кои се жалат граѓаните се од плажите во ноќните часови, а тука се и бродовите. Се организираат забави на брод. И  тие ќе бидат исконтролирани дали ги исполнуваат...

Continue reading

most na zelbite

Најавено па одложено рушењето на „Мостот на желбите“

Post Views: 4 „Мостот на желбите“ се спаси, но до наесен. Среде туристичка сезона денес беше  најавено па одложено неговото рушење. Утрово 50 -тина  жители  од Канео и стар град со жив штит се спротиставија на решението на општинскиот инспекторат да го срушат мостот. Еден од жителите кој се спротистави на рушењето  е и Величе Велјаноски. Тој вели со оваа одлука  се руши нивниот сон Канео да биде поврзан со градот и да не мора да ја искачуваат  500 метарската стрмна нагорнина. Сега кога годините натежнаа и ни е ограничено движењето низ стар град со режимот за сообраќај оваа  одлука...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под будното око на општинскиот инспекторат

Post Views: 6   Ќе се стави ли ред на охридските плажи. Од општинскиот инспекторат велат дека минатото лето ретко кој концесионер го испочитувал правилото на плажата да има најмалку 40% слободен простор каде гостите ќе можат слободно да си постават свои реквизити и да не плаќаат за тоа, а наспроти тоа плажите биле преплавени со лежалки  што предизвикувало голем револт кај посетителите. Милески вели дека ќе се контролира дали концесионерите се придржуваат  на проектот кој им бил одобрен од страна на општината, дали објектите на плажите се во дозволениот габарит, дали на плажата се...

Continue reading

saraiste

Кој треба да ги отстрани кајчињата од Сараиште?

Post Views: 2 Плажата на најубавото место на Охридското крајбрежје, Сараиште, во лето узурпирана од кајчиња. Малку простор останува туристите да постават пешкир и да уживаат во топлото летно сонце и местоположбата што го нуди ова место. Мештаните од Сараиште речиси секоја летна сезона укажуваат на овој проблем и сметаат дека ваквата слика е срам за туризмот на општина Охрид и оти Локалната самоуправа треба сериозно да пристапи кон решение на проблемот. Старата добра практика, топката за вината да се префрла од една на друга страна и во овој случај не изостана. Од општинскиот комунален...

Continue reading

kiosk

Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците

Post Views: 3 Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место  на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои  години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување.  Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други штетници....

Continue reading

otpadoci

Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Post Views: 11   Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. –Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин. -Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг. –Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира,...

Continue reading

bilbord

Мистериозен сопственик подигнал два билборди во Парк

Post Views: 4 Два  билборди со огроми димензии од неодамна се поставени во комплексот Парк. Од општинскиот инспекторат тврдат дека тие се бесправно поставени и наскоро ќе бидат одстранети. За надлежните во инспекторатот  мистерија е кој ги поставил билбордите. „ Пред комплексот Парк општинскиот инспекторат утврди дека се поставени два огромни билборди кои се најверојатно поставени преку ноќ. Не можевме да го утврдиме сопственикот, a за таа цел инспекторатот има постапка. Доколку не може да се утврди кој е сопственик на билбордите градежниот инспектор во службен весник објавува постапка...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top