Кој сака да го занемари Законот за заштита од пушење

И после пет години од донесувањето на Законот за заштита од пушење има такви кои сакаат да го занемарат. Раководителот на општинскиот пазарен инспекторат Ѓорѓи Бошалески вели дека тие не  отстапуваат од намерата и понатаму  ригорозно да го спроведуваат. За сите прекршители следуваат високи казни.

 |  Јаковлева Лионела  | 
zabraneto pusenje
забрането пушење

Летово направени 100 надзори од страна на општинскиот пазарен инспекторат во врска со спроведувањето на Законот за заштита од пушење. На триесеттина прекршители изречени им се казни во висина од 2000 евра за правно лице и 500 евра за физичко лице. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на општинскиот пазарен инспекторат вели дека нема отстапување и дека и понатаму  ригорозно ќе го спроведуваат Законот за заштита од пушење.пушење
 
Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски објекти, бутици, продавници и сите единици од локалната самоуправа, а посебно е ригорозно во јавните здравствени установи. Во согласност со одредбите од Владата секој инспектор дневно треба да направи минимум три контроли согласно Законот за заштита од пушење,вели Бошалески.

Од ноември минатата година во контролирањето на спроведувањето на Законот за заштита од пушење на пазарната инспекција и помагаат и државниот санитарен инспекторат, државниот инспекторат за труд, УЈП и МВР. Факт е дека некои објекти упорно не го почитуваат законот иако добро им се познати неговите одредби, вели Бошалески.pusenje

Пушењето е забрането во сите јавни простории, во воспитнообразовните институции, а во угостителските објекти дозволено е да се пуши само ако просторот кој е покриен како на пример терасите кои се покриени со фолија имаат отвор од три страни, објаснува Бошалески.

За подобро спроведување на Законот за заштита од пушење, инспекторите имаат законска дозвола, доколку при инспекциски надзор утврдат непочитување на забраната за пушење, веднаш да го затворат објектот. Затворањето ќе биде во траење од 7 дена за трговец-поединец и до 15 дена за правното лице. Инспекторите се воедно обврзани да изготвуваат квартални извештаи за утврдените неправилности кај физичките и правните лица и да ги објавуваат на веб страницата на Инспекторатот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top