Ознака: името

пакетчиња

Германските деца испратија Новогодишни подароци за охридските основци

Post Views: 6 Основците од  „Братсво  Единство“ преку  музика и игра, како што умеат само искрените  детски срца, ја искажаа благодарноста кон донаторот на новогодишните пакетчиња за нивните другари , децата од ранливите социјални семејства. Пакетчињата на кои се радуваат сите деца во светот им ги подарија од невладината , хуманитарна  организација Адра. Драгослав Кушески, од  НВО „ Адра“, вели дека три години соработуваат со донаторите на новогодишни пакетчиња. „Ова се пакетчиња кои ги подготвиле германски семејства. Ниедно пакетче не е исто, се подготвуват со голема љубов за децата...

Continue reading

Ban Ki Mun vila

Генералниот секретар на ОН ќе помогне за решевање на спорот со името

Post Views: 0 Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, кој е во официјална посета на Република Македонија, најави дека лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање на прашањето за името. Бан Ки Мун изјави дека ќе се ангажира и за почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. „Ја нагласив мојата посветеност да олеснам брзо решение. Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата, ќе го испратам својот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас...

Continue reading

sdsm

Двапати крои, еднаш сечи

Post Views: 4 Во општинската организација на СДСМ наголемо се подготвуваат за предстојните локални избори. Тие пред се работат со своето членстви и симпатизери на терен, но големо внимание посветуваат и на политички неопределените граѓани. Ставот на централата на СДСМ во Скопје е до крајот на јуни да се истакнат кандидатите за идните градоначалници. За Охрид веќе се споменуваат две имиња. Тоа е името на актуелниот Градоначалник Александар Петрески и името на претседателот на Општинската организација, Науме Јованоски. Кој ќе биде кандидатот за првата градска фотеља ќе одлучат резултатите...

Continue reading

ohridsko leto

Кандидатите за директори на Охридско лето-строго чувана тајна

Post Views: 8 Уште само 124 дена. Да, толку останува до почетокот на новото издание на „Охридско лето“. Фестивалот и натаму без директор. Претходниот многу брзо го напушти бродот, што само не тера да помислиме дека веќе никој не сака да седне на жешкото столче. Конкурсот за нов директор почна и заврши во рекордно време, за само осум дена. Потрагата по директор започна на 24 Февруари, а заврши на 3 Март, кој се пријави, се пријави. Единствената информација која јавноста ја доби од Министерството за култура е дека се пријавиле 6 кандидати од кои, неофицијално, само тројца ги исполнувале...

Continue reading

Svecena Akademija

Врачени Наградата и повелбите Св.Климент Охридски

Post Views: 8 Охрид синоќа го одбележа големиот празник, денот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Пред голем број присутни гости и почитувачи на делото на великиот Св.Климент Охридски градоначалникот Александар Петрески ги  врачи Наградата и трите повелби. На Свечената академија присуствуваа голем број претставници на  општествено политичкиот живот на градот, но помина без присуството на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Д-р Михаилов за ТВМ рече дека не присуствувал на свеченоста поради приватни обврски.На доделувањето на наградите не присутвуваа ни ...

Continue reading

opshtina

Градоначалникот избира кој ќе го советува во образованието

Post Views: 6 Непознато името на заменикот  на досегашниот советник за образование Митре Велјаноски кој стана пратеник во законодавниот дом. Од кабинетот на градоначалникот не откриваат кој ќе биде новиот советник. Јавноста  „плете“ разни можности, од тоа дека советникот мора да биде државен службеник до тоа дека за оваа позиција не важи законот за државни службеници. Градоначалникот сеуште не го назначил идниот советник за образование. Она што  дознаваме е негово право во изборот  на личноста  за оваа позиција. Чаршијата пак, веќе шпекулира со  имиња на неколку директори од основните...

Continue reading

Без излез

Post Views: 3 Стојан Лекоски неколку месеци бара излез од проблемите кои како што вели се предизвикани од соседната зграда. Нивото на патот кој поминува покрај неговиот стан е подигнато, па водата се слева и прави влага во неговиот стан кој е на приземје. Истото се случува и со  шахтите од канализацијата, од  кој како што вели Лекоски, се шири реа. Помош во решавањето на проблемот глувонемиот  Лекоски побарал од Здружението на глувонеми лица и лица со оштетен слух во кое е член  60 години.  .Секретарот на здружението за глуви и наглуви, Стефаноска појаснува дека пристапниот пат е...

Continue reading

tv ekipa

Убавините на Охрид и Македонија на Руската национална телевизија

Post Views: 5 Руската Национална телевизија снима документарни филмови за Македонија и Охрид. Екипата во моментов ги прави завршните снимања. Филмовите ќе се емитуваат на специјализираниот канал за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“, открива авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова. Авторката на филмовите со воодушевување зборува за местата кои ги снимиле и кои ќе бидат презентирани во филмовите. „ Мислам дека гледачите ќе можат да го видат филмот во средината на месец јули и предпоставувам дека ќе го видат веднаш на три канали од големата фамилија на...

Continue reading

sdsm

Охридската СДСМ дава знаци на живот

Post Views: 5 Најавите за предвремените парламентарни избори ги размрдаа партиските активисти на ОО на СДСМ Охрид. ТВМ дознава дека веќе се крои листата на кандидати за пратеници во  новиот состав на Собранието на Р. Македонија. Како единствено сигурен кандидат се споменува името на Митре Вељаноски, долгогодишен партиски приврзаник на СДСМ, кој на конгресот кој што се одржа на 07 јули 2009 година во Охрид влезе во тимот на високото партиско водство на лидерот Бранко Црвенкоски. На листата кандидати за пратеници по се изгледа во игра влегува и актуелниот директор на МЈП „Проаква“,...

Continue reading

Удар врз демократијата

Post Views: 10 Портпаролот на ОО на СДСМ Иваноска Љупка, во име на својата политичка опција, денес се обрати пред охридската јавност, како загрижени за ниското ниво на демократија кое не го одбегнува ниту Охрид. Доволна е само една искра за да се разгорат партиските страсти. Охридските социјалдемократи денес одржаа прес односно брифинг разговор, како што самите потенцираа на актуелната тема – замолчување на медиумите. Тие наводно застанаа во одбрана на новинарската професија, притоа не испуштајќи да го повикаат дежурниот виновник за сите случувања во оваа свера, премиерот Никола...

Continue reading

Atina Bojadzi

ОК ВМРО ДПМНЕ: „Една улица да се вика Атина Бојаџи“

Post Views: 1 Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на првата седница на совет годинава ќе поднее иницијатива една улица во Охрид да го носи името на Атина Бојаџи. „Оваа наша иницијатива е во знак на почит на големото име, легендата на македонското пливање Атина Бојаџи. Со оваа иницијатива сакаме да искажеме почит кон жената која го претставуваше Охрид и Македонија во целиот свет“, вели претседателот на Ок на ВМРО ДПМНЕ Атанско Михаилов. {loadposition content9}

Continue reading

ribar

Политиката замеша прсти и во спортскиот риболов

Post Views: 10 Македонската риболовна федерација се соочува со притисоци за промена на името. Имено по иницијатива на Грчката риболовна федерација, светската риболовна федерација за слатки води и сугерира нја нашата да го смени името од Македонска риболовна федерација во Риболовна федерација на ФИРОМ. Од спортскиот риболовен клуб Св. Апостол Петар од Охрид кој е член на македонската риболовна федерација најостро реагираа  на дописот. Тие се крајно разочарани и изненадени од како што велат „дискриминирачкото и расистичко барање на Светската риболовна федерација“. „Сакам да нагласам...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top