Убавините на Охрид и Македонија на Руската национална телевизија

Руската Национална телевизија снима документарни филмови за Македонија и Охрид. Екипата во моментов ги прави завршните снимања. Филмовите ќе се емитуваат на специјализираниот канал за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“, открива авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова.

 |  Татјана Маленкова  | 
tv ekipa
тв екипа

Руската Национална телевизија снима документарни филмови за Македонија и Охрид. Екипата во моментов ги прави завршните снимања. Филмовите ќе се емитуваат на специјализираниот канал за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“, открива авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова.

Авторката на филмовите со воодушевување зборува за местата кои ги снимиле и кои ќе бидат презентирани во филмовите.

„ Мислам дека гледачите ќе можат да го видат филмот во средината на месец јули и предпоставувам дека ќе го видат веднаш на три канали од големата фамилија на нашата телевизиска и радио компанија. Еден од овие канали е спортски канал, вториот е нашиот канал за вести и третиот канал е каналот за патувања кој го носи името на проектот „Моја планета“. Должината на секој ќе биде 26 минути, значи вкупно ќе траат 52 минути“, вели авторот и водител на филмовите Екатерина Бурлакова.

Бурлакова признава дека пред да дојдат во Македонија, доста проучувала за тоа што треба да се сними во Македонија и што е тоа што би ги привлекло Русите како туристи.

„Па секако дека дојдовме подготвени бидејќи сме сериозни за овој проект. Спремивме и сценарио, ги припремивме местата кои ќе ги посетиме и за кои јас се информирав. Секако овде научивме многу, бидејќи луѓето ни кажуваа многу интересни работи. Знаевме и дека Македонците по малку разбираат руски, беше навистина добро да се слишне тоа. Следното изненадување беше тоа што луѓето се многу добри“, вели Бурлакова.

tv ekipa

Руската екипа од Македонија и Охрид ќе си замине со убави впечатоци. Ова е прекрасна историска земја, која треба да се посети бидејќи има што да понуди,  велат нашите колеги од Русија.

Од двата документарни филмови, еден ќе биде историски за Македонија каде се снимани културно-историските споменици ширум Македонија, а вториот исклучиво за Охрид, а негово одбележје ќе бидат неизбежните манастирот Плаошник, црквата Света Софија, Свети Наум.

{loadposition content9}

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top