Кандидатите за директори на Охридско лето-строго чувана тајна

Кој е мистериозниот фаворит за позицијата директор на Охридско лето?

 |  Мишел Наумоски  | 
ohridsko leto
Охридско лето

Уште само 124 дена. Да, толку останува до почетокот на новото издание на „Охридско лето“. Фестивалот и натаму без директор. Претходниот многу брзо го напушти бродот, што само не тера да помислиме дека веќе никој не сака да седне на жешкото столче. Конкурсот за нов директор почна и заврши во рекордно време, за само осум дена. Потрагата по директор започна на 24 Февруари, а заврши на 3 Март, кој се пријави, се пријави. Единствената информација која јавноста ја доби од Министерството за култура е дека се пријавиле 6 кандидати од кои, неофицијално, само тројца ги исполнувале критериумите и биле на средба со министерката Канческа Милевска. Информацијaта за тоа кои се тие кандидати, во моментов изгледа дека е строго чувана тајна.
ohridsko leto zgrada
Официјалниот став на Министерството за култура е да не ги објавуваат имињата на кандидатите кои конкурирале на конкурсот. Оттаму велат дека за многу кратко време ќе го обелоденат името на новиот директор.

Зошто толкава мистерија? Нетранспарентноста на Министерството за култура остава многу простор за шпекулирање. А впрочем зошто и не би шпекулирале, кога Охриѓани се најзасегнати од ова горливо прашање.
Најчесто споменуваното име се чини е она на нашата позната балерина и кореограф, Рисима Рисимкин. Иако од Министерството велат дека таа воопшто не аплицирала за позицијата, сепак се шпекулира дека нејзиното име е најмногу споменувано од високи политички функционери од владејачката партија. Друг голем фаворит за директор, неофицијално е Благоја Петкоски, маркетинг менаџер во Македонската опера и балет. Ако ви прозвучи познато, во право сте. Петкоски беше координатор на 51то издание на фестивалот и помагаше за неговата успешна реализација. Неофицијално, образот на Охриѓани ќе го бели Ангела Белеска. Се чини се повеќе се споменуваат имиња од надвор, и ако до пред 2 години императив беше директорот на оваа национална установа да биде охриѓанец сега сите тоа како да го подзаборавија. Дури и од охридските претставници на ВМРО-ДПМНЕ, оние кои најмногу го туркаа тоа непишано правило.

Останува министерката во понеделник да го соопшти името на новиот директор. Дали тоа ќе биде некој од кандидатите или пак ќе не изненади со име на некој кој не ни конкурирал, никој не може да знае. Можеби токму ова е причината зошто имињата на кандидатите се чуваат во тајност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top