Ознака: земјава

sasho korunoski dekan

Како студираат нашите студенти?

Post Views: 9 Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот...

Continue reading

Vakcini

Во Охрид мал број на пациенти со вирусни заболувања

Post Views: 12 Како главен предуслов за подпросечниот број на пациенти со вирусни заболувања, Д-р Михаилов пред се го наведува бројот на примени вакцини против сезонскиот грип. Имено, од самиот почеток на сезоната на грипови, во Охрид се вакцинирани околу 2200 лица. „Препораките кои што редовно ги даваме и кон граѓаните и кон останатите субјекти во градот дека треба да се придржуваат кон она што го викаме превентивни мерки. Да се носи топла облека, да не се изложуваат на екстремно ниски температури, да немаме групирање во големи групи во простории каде што можноста за пренесување...

Continue reading

Ohrid

Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Post Views: 0 Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Петрески бара фабричките комплекси да се нудат како индустриска зона

Post Views: 0 Првиот човек на Охрид, Александар Петрески 2011 ја оцени како една од најтешките години на економски план од осамостојувањето на земјава. Најболната точка на градот е невработеноста на повеќе од 10.000 граѓани кои останаа без работа од некогашните фирми Отекс, Слобода,  Братство, Застава и од Емо, вели Петрески. Јас од Владата и од Премиерот барам еднаков третман кон Охрид за да се вработат охриѓани како што тоа го имаат кон другите градови каде што се отвараат индустриски зони. Тој прашува „ Зошто нивите и полињата да се претвораат во индустриски зони кога Охрид веќе...

Continue reading

np Galicica

За посета на Националните паркови во иднина ќе се наплаќаат влезници

Post Views: 7 Националните паркови во земјава ја разгледуваат можноста за наплаќање влез за посетителите. Оваа новина што се планира кај нас, одамна е пракса кој се применува во Европските и светските паркови. Овој систем на наплата сега се овозможува со измените во Законот за заштиата на природата и усогласувањето со европските, вели директорот на НП „Галичица“, Зоран Анѓелоски. Првиот човек на оваа установа појаснува заедно со двата национални паркови од земјава ја разгледуваат опцијата дали има простор да се наплаќа влез или тоа да биде парцијало на уредените локалитети. ...

Continue reading

znaminja

Турската етничка заедница незадоволна од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор

Post Views: 19 НВО „Карабеј Махале“ и весникот Уфук органзиараа панел конференција насловена како   „10 години од Охридскиот рамковен договор и Турците“ за да се чујат нивните потреби. На панелот учествуваа бројни политичари, министри и  еминентни стручни лица кои партиципирале во досегашното спроведување на Охридскиот рамковен договор ама не беа присутни преставници од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и од актуелната власт, вели Максут Али претседател на НВО „Карабеј махале“. „Во претходниот 10 годишен период иако има почетоци на спроведување на Охридскиот рамковен...

Continue reading

sidney

Учете во Австралија

Post Views: 2 Австралија е земја на неограничени можности во образованието. Стототици  училишта и колеџи и повеќе од 40 универзитети во Австралија и Нов Зеланд, минативе седум години се достапни за идните средношколци и студенти од земјава, благодарение на агенцијата „Бриџ Блу“. Тие преку своето претставништво од Скопје, нудат професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија. Што се однесува до далечината, таа сега воопшто не претставува проблем, вели Сашо Грозданоски вработен во агенцијата. „Далечината мислам дека беше проблем кога ние студиравме, во деведеститте...

Continue reading

deca pitaci

Децата-питачи се отстрануваат од улица

Post Views: 0 Одлучна акција за решавање на повеќегодишниот проблем на експлоатација на детскиот труд, пред се преку користење на децата за питачење. Во координација на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи како и социјалните служби и невладините организации во земјава, се спроведува акција за отстранување на децата од улица. Акцијата се спроведува во сите градови во земјава, а епилог на истата е мерката-одземање на родителското право на родители кои ги тераат своите деца на питачење или пак посредуваат во истото. „На територијата на Скопје...

Continue reading

PODEM

Подем нуди олеснувања за бизнис климата во земјата

Post Views: 4 Партијата на обединети демократи на Македонија пред стружани и охриѓани ја преставија својата економска програма. Тие нудат подобрување на бизнис климата во земјава. Подем предлага проекти за намалување на казните од сите категории  според висината  на македонската плата, вели претседателот на оваа политичка партија, Проф.Живко Јанкулоски. „Висината на казните не содејствува со висината  на македонската плата која се движи од  5000 до 6000 денари туку со платите во западно европските земји. Тие протежираат висината на казните да се прати со зголемувањето на платите. Во...

Continue reading

naucna konferencija

Меѓународна научна конференција за безбедноста на Македонија и Балканот.

Post Views: 1 Охрид, домаќин на меѓународна научна конференција. Истакнати професори по безбедност од југоисточен Балкан во организација на факултетот за безбедност од Скопје, овие два дена ќе имаат можност да претстават 85 трудови од над 100 автори од осум земји. Темата е „Безбедноста на постконфликтниот (западен) Балкан, транзицијата и предизвиците на Р. Македонија. Професор Цане Мојаноски рече дека оваа конференција е од исклучителна важност, посебно што годинава се навршуваат 10 години од конфликтот во земјава, а посебно за Охрид, каде е склучен договорот кој е основа за градење...

Continue reading

QBE

Нема земјотреси ама за секој случај…

Post Views: 1 Македонија е далеку од Јапонија па, останавме безбедни од катастрофалните потреси кои се случуваат во оваа пацифичка земја. Сепак, овие земјотреси предизвикаа некаква реакција и кај македонските граѓани. Осигурителните  компании во земјава забрзано почнаа да склучуваат полиси за осигурување на недвижен имот, со дополнително осигурување на ризикот-земјотрес. Осигурувањето од земјотрес не спаѓа во задолжителните видови на осигурувања, но после неодамнешните природни катастрофи, се повеќе клиенти се заинтересирани за него. „Доколку се јави некој штетен настан, луѓето пројавуваат...

Continue reading

ucilishte

Во Охрид нема дефицитарна професија

Post Views: 2 Бројката од 10.600 невработени лица во општина Охрид е идентична со стапката на невработеност  во земјата и изнесува 32 посто. На пазарот на трудот во Охрид, вишок се сите професии, укажува Пеце Павловски од Агенцијата за вработување, советник на меѓуопштинскиот тим за пазар на трудот. „Суфицитарни се сите професии, ама  најбарани со ниско образование се шивачите, заварувачите, и во лето келнерите и готвачите. Со високо пак, се најбарани  информатичарите и градежните инжинери,“ објаснува Павловски. Статистиката за Југозападниот регион на земјава, во кој меѓу неколкуте...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top