Ознака: земјава

20 вредни икони украдени од струшко, а пронајдени во Албанија, и по 7 години не се вратени во земјава

Post Views: 1 И после седум години, украдените икони од струшко,   пронајдени во Албанија  се`  уште не се вратени во земјава.  20 вредни икони и црковни артефакти  украдени   од црквите во  селата Радожда, Буринец  и Селце албанската полиција  во 2014 година ги пронајде  во Тирана. Станува збор за непроценливо културно историско богатство,  кое  земјава со години  се обидува да го врати дома.  Последните информации,  кои  македонското Министерство за култура ги добило од  Албанија се дека иконите се чуваат на безбедно  во два музеи во Тирана, но се` уште се чека одлука за нивната...

Continue reading

Општина Охрид со над 1 милион евра е на шесто место во земјава по наплата на данок на имот

Post Views: 9 Општина Охрид има нешто повеќе од 1 милион евра просечна годишна наплата на данок на имот. Според висината на наплата на данок на имот, општината  е на шесто место во земјава, веднаш после скопските општини, Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето и базата на податоци за пресметан и наплатен данок на имот за сите општини во земјава за 2017, 2018 и 2019 година. Во овие три години во општина Охрид се инкасирале нешто над 1 милион евра во просек годишно од приход од данок на имот. Само седум општини во...

Continue reading

Кардиоваскуларните заболувања и понатаму се водечка причина за смртност во земјава и светот

Post Views: 4 Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност и во земјава и светот, информира д-р Виолета Мојсовска од ЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Во Неделата на Кардиоваскуларни заболувања кога се подига свеста кај населението за превенција од овие заболувања, светската статистиката покажува број од 18,6 милиони пациенти кои починале од кардиоваскуларни заболувања во 2020 година. Д-р Мојсовска напоменува дека во време на пандемија во нивната установа е регистрирано намалување...

Continue reading

kam

Нов зелен пазар во Охрид

Post Views: 13 Нема веќе дожд, снег, кал, ветер, студ и жештина. Кам маркет отвори модерен зелен пазар во комплексот на поранешните простории на фабриката Отекс и е прв од ваков тип во земјава. Распространет на 2000 метри квадратни изграден е по европски терк, климатизиран, со паркинг и видео надзор открива Александар Цуцулески, раководителот на целиот Кам комплекс. „Ова е еден прв ваков пазар од затворен тип, направен по европски стндарди со сопствен затворен пазар од 50 возила значи навистина нешто ново и модерно, кое ќе им овозможи на охриѓани порелаксирано да пазаруваат“. Пазарот...

Continue reading

Споменик за писателот Ванчо Николески

Post Views: 1 Охрид  да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на  споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“. Ванчо Николески е автор на 30 романи, поеми и раскази со кои во национални рамки и пошироко се издигна и  себе си, но и градот Охрид како непресушна културна ризница, напоменува Зоран Стевоски, претседател на Здруженито. Иницијативата  ја поткрепува со фактот што годинава се  навршуваат 100 години од раѓањето на писателот и 50 години од објавувањето на романот „Волшебното самарче“. Споменикот  ќе биде едно признание за неговиот книжевен...

Continue reading

Братство Единство

Во ОУ „Братство Единство“ пристигна мулти културниот караван

Post Views: 2 Во ОУ „Братство Единство, од Велес пристигна мултикултурниот караван со мешан етнички состав на  ученици од повеќе  училишта од земјава. Во овој необичен караван се вклучени училишта со мешан етнички состав, па децата ќе се дружат и меѓусебно ќе се запознаваат, вели преставникот од Министерството за образование и наука,  Исмаил Демировиќ. „ Децата да се интегрираат, заедно да се дружат за да ги  надминат етничките и јазичните разлики  кои се мeѓу нас,  не прават различни, а сме сите исти. Децата од најмала возраст да другаруваат и да ги надминуваат спротивностите“, вели...

Continue reading

lekovi

Грци, Срби, Бугари масовно купуваат лекови од Македонија

Post Views: 4 Од апче за главоболка до лек за хронични болести. Македонија станува регионален центар за набавка на евтини, а квалитетни лекови. Граѓаните од соседните земји Грција, Бугарија и Србија секојдневно ги преминуваат границите и буквално ги празнат македонските аптеки. „Оваа тенденција која ја гледаме е резултат на добро поставен систем  кој гледаме дека е ослободен од било какви турболенции со кои се соочуваат некои ситеми во соседството“, вели министерот за здравство Никола Тодоров. Тодоров е категоричен дека недостаток на лекови за нашите граѓаните нема да има, поради...

Continue reading

vodici Ohrid

Ќе биде ли Путин кум на „Водици 2013“ ?

Post Views: 0 Желба на Здружението „Богојавление“ е Првиот човек на најхристијанската земја, претседателот на Русија Владимир Путин, да биде кум на Водици 2013 год.  Претседателот на Здружението Љупчо Арнаудов, во името на “Богојавление“ поканата веќе ја испратил до Руската Амбасада во земјава, од каде ќе биде испратена во кабинетот на Рускиот претседател. „Ова што го бараме од Вас е премногу, но како лидер на најголемата христијанска земја и како искрен почитувач на Бога се надеваме дека ќе ја прифатите нашата молба и дека независно од Вашите бројни обврски ќе смогнете сили денот...

Continue reading

turski caj

На чај во Охрид

Post Views: 3 Чајот во Турција е симбол на пријателство. Деновиве во земјава престојува турска делегација, по повод 100 годишнината од Балканските војни. Делегацијата воедно е и дел од кампањата на ЧАЈКУР, која во неколку града во Македонија меѓу кои и Охрид има промоција на турски чај. А во Охрид ги пречека почесниот конзул на Р. Турција Абдураман Бајрактар. Тој рече дека оваа посета е од огромно значење за земјава и дека се потрудиле да бидат добри домаќини. „Оваа посета е значајна за овој регион и дава можности за засилување на односите помеѓу двете земји“-истакна Бајрактар. Турската...

Continue reading

lideri

Проект-печат на Иванов

Post Views: 3 Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како  би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади ледери...

Continue reading

kosnicka

Трошоци за живот или трошоци за преживување?

Post Views: 1 Цените растат, буџетот на обичниот граѓанин закован за дното. За жал се поплитки стануваат џебовите на македонецот, па се повеќе основните потреби стануваат луксуз. Ако некогаш се знаеше кои се основни, а кои луксузни потреби, сега и таа граница како полека да се брише. Од месец во месец трошоците на живот се зголемуваат, а платите не мрдаат од место. Овој период не зафатија и матури, а токму цените на облеката и обувките најмногу скокнале во споредба со претходниот месец и тоа за 2,3 проценти. Ех да беше само тоа, ама не е. И храната и пијалоците скокнале за 1,6 насто,...

Continue reading

kabli

Американци во Струга ќе градат фабрика за кабли

Post Views: 6 Активностите на владата за привлекување на инвеститори во земјава, полека почнуваат да даваат резултати. Министерот за економија Ваљон Сарачини признава дека владата напорно работи за да ја подбри бизнис климата во земјава со цел да ја зголеми целокупната инвестициона клима во Македонија. Сарачини открива дека во завршна фаза се преговорите со Американска компанија за изградба на фабрика за кабли во Струга. „Тоа што последно го разговаравме со директорот на агенцијата за странски инвестиции е дека има веќе сериозна компанија Американска која е заинтересирана да инвестира...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top