Нов зелен пазар во Охрид

Ланецот Кам маркети утре 20 ти април официјално ќе го отвари затворениот зелен пазар. Единствено охриѓани во државава ќе имаат можност да пазаруваат во вистински европски амбиент, информира Александар Цуцулески, раководителот на комплексот.

 |  Николоска Биљана  | 
kam
кам

Нема веќе дожд, снег, кал, ветер, студ и жештина. Кам маркет отвори модерен зелен пазар во комплексот на поранешните простории на фабриката Отекс и е прв од ваков тип во земјава. Распространет на 2000 метри квадратни изграден е по европски терк, климатизиран, со паркинг и видео надзор открива Александар Цуцулески, раководителот на целиот Кам комплекс.

kam„Ова е еден прв ваков пазар од затворен тип, направен по европски стндарди со сопствен затворен пазар од 50 возила значи навистина нешто ново и модерно, кое ќе им овозможи на охриѓани порелаксирано да пазаруваат“.

Пазарот е организиран со 72 тезги за земјоделски производи, како и со 28 дуќани за прехрамбени производи, текстил, бижутерија, железарија, цвеќари и игротека, нагласува Цуцулески. Додава дека секој има право да стане закупец на тезга доколку исполнува само 2 услови.

„Концептот на овој пазар е да му овозможиме на секој граѓанин доколку има законско право како земјоделец или да има фирма да закупи тезга. Значи сите тезги и дуќани се изнајмуваат. Значи Кам маркет ги дава под наем на правни лица и не стопанисува со нив“.

Цуцулески открива дека има голем интерес  за изнајмување на тезгите и дуќаните на Кам маркетот и тоа не само кај охриѓани туку интерес има и кај лица од други градови на земјава. Закупците не се врзани со годишни договори, можат да закупат тезга за месец, два, три, во зависност од нивните согледувања дали ќе им се исплати или не.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top