Децата-питачи се отстрануваат од улица

Голема акција на Министерството за труд и социјала и Министерството за внатрешни работи за отстранување на децата-питачи од улиците. Акцијата се спроведува во сите градови низ земјава, а на родителите кои ги тераат своите деца да питачат им се одзема родителското право. Одземените деца се сместуваат во згрижувачки семејства и во социјални центри.

 |  Мишел Наумоски  | 
deca pitaci
деца питачи

Одлучна акција за решавање на повеќегодишниот проблем на експлоатација на детскиот труд, пред се преку користење на децата за питачење. Во координација на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи како и социјалните служби и невладините организации во земјава, се спроведува акција за отстранување на децата од улица. Акцијата се спроведува во сите градови во земјава, а епилог на истата е мерката-одземање на родителското право на родители кои ги тераат своите деца на питачење или пак посредуваат во истото.

deca pitaci

„На територијата на Скопје се тргнати практично се одземени 6 деца од улица, само на територијата на Скопје, на територијата на Куманово 14, за територијата на Тетово искрено синоќа имавме покрупна акција во моментот го немам податокот, за 11 родители е подигнато односно издадено решение за вршење на надзор на вршење на родителското право, за 4 се поведени постапки за одземање на родителското право пред надлежниот суд, а сите деца се згрижени во рамки на згрижувачки семејства, но и во установи. Истовремено за заштита на идентитетот и безбедноста на тие деца не соопштуваме кое-каде е сместено.“-вели Спиро Ристовски-Министер за труд и социјална политика

Министерот Ристовски додаде дека и натаму треба да се зајакнуваат капацитетите во делот на обука за подготовка на центрите. Оваа проценка на министерот ја дели и М-р Драги Змијанац-извршен директор на првата детска амбасада „Меѓаши“.

„Дневните центри се само делумно решение, тие после 16 часот повторно се на улица и повторно се во употреба и злоупотреба од родителите, едноставно треба да остварат норма, зацртана од страна на нивните родители, а ако се вклучат децата во образование и им се даде социјални бенефиции на овие семејства, барем еден од нив да биде вработен и да биде постојано под мониторинг на центрите за социјална работа дали квалитетно го остваруваат родителското право тогаш имаме големи шанси децата да ги истргнеме од крстосниците и да ги вклучиме во образованието, значи ќе го решиме проблемот на сиромаштија и на неписменост.“ –вели директорот Змијанац.

Бројките на овие деца кои се злоупотребуваат од економски аспект според официјалните бројки на Министерството за внатрешни работи изнесува околу 500 деца на територијата на целата држава, додека според м-р Змијанац бројките надминуваат 2000 деца кои секојдневно се на крстосниците низ земјава, а околу 18.500 деца пак се исклучени од воспитно-образовниот процес кој е загарантирано уставно право.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top