Ознака: законот

општина

НВО од општина Охрид најмногу го искористиле Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Post Views: 1   За три месеци од годинава  охриѓани побарале одговор на 12 барања  користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен  карактер „Најголем број од нив се однесуваат од областа на урбанзимнот, финансиите и јавните  набавки. На барателите  позитивно е одговорено и нема жалбени постапки, “укажува портпаролот  на општина Охрид Томе Џамтоски. Процентуално бројот на поставените  прашања од ова тромесечие се совпаѓа со тромесечието од минатата година, напоменува Џамтоски. Подвлекува дека во 2015 година законското  право  до слободен пристап до информации од...

Continue reading

Како до побезбедни матурски и полуматурски вечери?

Post Views: 2 Организирањето на матурска вечер без инциденти станува се поголем предизвик. Состојбите се такви какви што се, а сега останува само да се минимизира колатералната штета. Во таа насока беше и денешниот дваесетти по ред состанок на советодавната група на граѓани од Охрид. СВР-Охрид ќе ги запознава родителите и нивните деца-матуранти за нивните права и обврски за време на матурските прослави. Овој проект се спроведува трета година по ред и бележи добри резултати. Состанокот на советодавната група на граѓани заврши со неколку заклучоци. „Од присутните беше пред се побарано...

Continue reading

Законот за вршење угостителска дејност претрпе измени во корист на приватните станоиздавачи

Post Views: 2   Собранието на РМ ги донесе измените на членот 46 од Законот за вршење угостителска дејност со што им се овозможи на приватните станоиздавачи кои се наоѓаат под ист покрив како што е случајот со стамбените згради да можат да ги издаваат своите објекти. Досега право на тоа имаше само еден станоиздавач и тоа по принципот прв дојден, прв услужен. Сите наредни барања за вршење туристичка дејност беа одбивани од Комисијата за категоризација. Локалната самоуправа и ТЛЕР, со подршка на Агенцијјата за подршка и промоција на туризмот, Министерството за економија, а најмногу...

Continue reading

Случајно легализирање на бројни видови дроги во Ирска

Post Views: 1 Дупката во законот за легално користење на поедини дроги во Ирска се створила кога Ирскиот уставен суд во вторникот го прогласи законот за злоупотреби на дрога од 1977 година за неуставен, бидејќи домовите од ирскиот парламент не се договориле околу новите дополнувања на законот, што значи дека дрогите кои законот од 1977 година ги забранил, сега се легални, јавува BBC. Ирскиот министер за здравство се обидува да ја спаси оваа ситуација барајќи итно да се изгласаат доплнувањата на законот за повторно истиот да стапи на сила. “Сега е важно за јавното здравство и право...

Continue reading

logo

Невработените имаат повеќе од месец да се пререгистрираат во ФЗОМ

Post Views: 27 Фондот за здравствено осигурување повика повторно да се регистрираат невработените лица и лицата кои лани добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и за своето семејство. – Со цел да се обезбеди континуитет во здравственото осигурување за овие лица почнувајќи од 1 февруари 2013 заклучно со 31 март 2013 година, ги повикуваме сите лица кои согласно законот ги исполнуваат условите, да дојдат да се регистрираат. Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2012 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот...

Continue reading

Закон за пакување на цигари во неозначени кутии

Post Views: 13 Ирскиот парламент вчера стана втор парламент во светот кој го донесе законот со кој цигарите мораат да се пакуваат во неозначени кутии, и покрај заканите од тужби од тутунските компании кои се противат на ваков закон. Компаниите Japan Tobacco International и Imperial Tobacco Group се заканиле со тужби против законот со кој се воведува забрана за истакнување логоа на кутиите, но сепак владата на Ирска се одлучила за ваков потез. Австралија сличен закон донесе во 2012 година со цел намалување на пушењето и е соочена со пријава на Светската трговска организација со образложение...

Continue reading

ubistvo

На чекор до пресуда

Post Views: 8 Денеска во Основниот суд во Струга, со изјавата на Др Панде Видиноски, вештакот од психијатриското одделние од Скопје, се заокружи доказната постапка на кривично правниот настан за убиството на Џемаил Исмаили. Завршни зборови имаа обвинителот Никола Неделкоски, бранителот на оштетениот Димитрија Цобоски и бранителот на обвинетиот Емил Балабан. Според обвинителот Неделкоски, изнесените докази во постапката кажуваат дека обвинетиот ги сторил трите кривични дела за кои се терети и тоа со умисла го лишил од живот Џемаил Исмаили, се обидел да го лиши од живот неговиот син...

Continue reading

Педалинките не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба

Post Views: 16 Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Овие пловни објекти имаат статус како велосипедите на улица. Лицата кои издаваат педалинки мора да ги почитуваат важечките прописи за безбедноста на лицата кои ги изнајмуваат, вели Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК во чии рамки функционира службата за спасување на вода.   „Укажуваме на оние кои издаваат педалинки да го прават тоа според законските нормативи. Педалинките да не ги издаваат на лица кои се малолетни лица, кои не знаат да пливаат, да воспостават комуникација со изнајмувачите,...

Continue reading

logo

Аман за ефтината струја!

Post Views: 8 Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе ги предаде во Собранието предлог-измените на Законот за енергетика, за кои во изминативе недели собираа потписи за поддршка од граѓаните. Претставниците на „Аман“ планираат да одржат протестен марш, кој ќе започне во 14 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе заврши пред Собранието, по што ќе ја предадат иницијативата потпишана од 13.000 граѓани. Од „Аман“ посочуваат дека ова е само прва иницијатива и дека доколку бидат прифатени предлог-измените, со кои се бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да прекине...

Continue reading

mrtv

Има да се плаќа без пардон

Post Views: 7 Радиодифузната такса изгледа дека ќе мора сите да ја плаќаат, а од тоа не се поштедени дури и невладините организации и здруженијата на граѓани. Замислете го апсурдот, живееме во држава каде сметката за радио и телевизија мора да ја плаќаат дури и здруженијата на граѓани со оштетен вид и слух, кои досега беа поштедени од оваа јавна давачка. Дел од невладиниот сектор сеуште добива сметки за наплата на радиодифузна такса. Според членот 146 од Законот за радиодифузна дејност, такса плаќа, меѓу другото,  секое правно лице и сопственик  на деловен простор, на секои 20 вработени....

Continue reading

logo

Државата во која оралниот секс е забранет со закон

Post Views: 13 Пред само 100 години законодавците во американската држава Вирџинија одлучиле дека не треба да се мешаат во тоа дали некој пар живее во брак или не. Но сепак, во оваа држава сеуште на сила се неколку бизарни закони. Во викторијанско време цел на законите во Вирџинија биле да се зачува моралот и простојноста на добрите луѓе на Комонвелтот. Така иако вонбрачните заедници биле здозволени, блудничењето не било дозволено во Вирџинија, а блудот во оваа држава имал многу облици. Верувале или не во Законот за злодела против природата стои дека и понатака е забранет оралниот...

Continue reading

register

Лустрацијата пред пратениците

Post Views: 1 Денес во Собранието на република Македонија на дневен ред ќе биде Предлог законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција. Покрај ова, на дневен ред ќе бидат и повеќе точки од областа на администрацијата, финансиите, судството, културата, екологијата, земјоделството.Во собранието денес ќе се расправа и за предлозите за избор на судии во Уставниот суд, потоа за избор на членовите во Советот на радиодифузија, потоа предлог за разрешување и именување на нов претседател и членови на Комисијата за заштита од конкуренција, потоа избор на заменик директор...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top