• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • НВО од општина Охрид најмногу го искористиле Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

НВО од општина Охрид најмногу го искористиле Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

НВО од општина Охрид  најмногу го искористиле Законот за слободен  пристап до информации од јавен карактер

 |  Валентина Неловска  | 
општина

  За три месеци од годинава  охриѓани побарале одговор на 12 барања  користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен  карактер

општина

„Најголем број од нив се однесуваат од областа на урбанзимнот, финансиите и јавните  набавки. На барателите  позитивно е одговорено и нема жалбени постапки, “укажува портпаролот  на општина Охрид Томе Џамтоски.

Процентуално бројот на поставените  прашања од ова тромесечие се совпаѓа со тромесечието од минатата година, напоменува Џамтоски. Подвлекува дека во 2015 година законското  право  до слободен пристап до информации од јавен  карактер најмногу го искористиле НВО  вкупно  21 барање , 6 правни лица,  и само 8 мина граѓани.  

 

општина

„Од вкупниот број на поставени прашања 18 се од областа на урбанизмот, 10 се од финасиси, а  по 5 се однесуваат  за работата на советот, комуналната сфера , јавните набавки,  даноците. 6 прашања се однесувале од управување со човечки ресурси. По 4 прашања имало за комуналните такси, од областа на културата и животната средина, а 9 барања се однесувале  за работата на Јавните претпријатија“,  истакна Џамтоски.

Минатата  година нити еден медиум не го користел законското право  за слободен пристап до информации од јавен  карактер. Она штој аодбележало минаат година е дека имало само една жалбена постапка која била одбиена од Комисијата за заштита на правата за слободен пристап до информации од јавен  карактер.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top