Закон за пакување на цигари во неозначени кутии

Ирскиот парламент донесе закон за пакување на цигари и покрај заканите од производителите

 |  инфодеск  | 

Ирскиот парламент вчера стана втор парламент во светот кој го донесе законот со кој цигарите мораат да се пакуваат во неозначени кутии, и покрај заканите од тужби од тутунските компании кои се противат на ваков закон.

Компаниите Japan Tobacco International и Imperial Tobacco Group се заканиле со тужби против законот со кој се воведува забрана за истакнување логоа на кутиите, но сепак владата на Ирска се одлучила за ваков потез.

Австралија сличен закон донесе во 2012 година со цел намалување на пушењето и е соочена со пријава на Светската трговска организација со образложение дека законот создава незаконски препреки во трговијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top