Ознака: законот

Пратениците денес треба да се произнесат во врска Законот за недела неработен ден

Post Views: 10 Собранието на Северна Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден. Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари. Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата...

Continue reading

9 прекршувања на Законот за пушење во два угостителски објекти во Охрид

Post Views: 11 На 05/06.02.2022 од 23 до 01 часот, СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат извршија контроли во угостителски објекти во Охрид, при што во два објекти регистрирани се девет прекршување на одредби од Законот за заштита од пушење. По однос на констатираните прекршоци, поднесени се соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Координативното тело на кинолошки одгледувачи сметаат дека измените на Предлог законот за заштита и благосостојба на животните се неприфатливи и штетни

Post Views: 3 Координативното тело на кинолошки одгледувачи, излагачи и одговорни сопственици на расни кучиња како директно засегната страна во дел од предложените законски решенија со Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните поднесен од група пратеници по иницијатива на здруженијата за заштита на животните, чувствува обврска да истапи и да се произнесе во врска истите. Во соопштението испратено до медиумите стои: „Сметаме дека дел од предложените законски решенија се неадекватни, неприфатливи и штетни што се однесува до благосостојбата...

Continue reading

Претседателот го потпиша Указот за прогласување на законот за попис

Post Views: 0 Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, синоќа го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во 2021 година. Од неговиот кабинет велат дека тој очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

Continue reading

Отварање на архивите на „УДБА“

Post Views: 6 Словенечката демоктратска странка собрала доволно потписи на грѓани со кои парламентот е должен да распише референдум за достапност во државниот архив, особено на материјалот за делувањето на словенечката Удба. Партијата на екс премиерот Јанез Јанша собрала повеќе од 40.000 потписи, што е доволно за распишување на референдум за измена на законот за државниот архив, кој го донесла владата и парламентот на почетокот на годината. СДС тврд дека со прифаќањето на законот на перфиден начин се затвара архивот за истражувачите, посебно за оние кои истражуваат документи за делувањето...

Continue reading

Изгласан е Законот за попис

Post Views: 2 По цели 19 години, во државава ќе се организира Попис. Изгласан е Законот за кој се вршеше расправа се до 15 јануари. Владејачката коалиција предводена од СДСМ поддршка за Законот доби од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување. Денеска на продолжението на 29-та седница на Собранието прва точка беше гласање за предлог законот за Попис на населението, домаќинствата и домувањето, планиран за април 2021 година. Дебатата за нацрт-законот предизвика контроверзии и противења.

Continue reading

Статуси и мислења кои Фејсбук веднаш ги брише

Post Views: 1 Социјалната мрежа Фејсбук е место каде им се овозможува на корисниците да разговараат за што сакаат, но се покажало дека луѓето многу пишуваат за оружје, па Фејсбук одлучил да се воведат некои ограничувања. Социјалната мрежа е еден од најголемите пазари за оружје. „Имаме повеќе од 550 парчиња оружје и ни треба купувач“, е еден од огласите. Под притисок на законот, фејсбук превземал одредени чекори за да се регулира продажбата на оружје на своите страници, како и на Инстаграм. Страниците кои огласуваат продажба на оружје ќе мора да воведат ограничување за малолетници. „Наша...

Continue reading

Собранието го донесе законот за дополнително финансирање за автопатот Кичево-Охрид

Post Views: 3 Собранието на Република Северна Македонија со 68 гласа „за” денеска го изгласа Предлог-законот за гаранција на РСМ на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатија за државни патишта што се носи по скратена постапка. Законот предвидува склучување на трет анекс на Договорот за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 179 милиони долари. Собраниската 116. седница продолжи со измените...

Continue reading

zatvorenici

Холандските затвореници ќе плаќаат кирија за својот престој

Post Views: 6 Затворениците во Холандија наскоро ќе мора да плаќаат за сместувањето во затворските келии. Ова се предвидува со новиот нацрт закон кој го подготвува владата на оваа земја. „Заменик министерот за правосудство, Фред Тевен, смета дека осудениците делумно мора да плаќаат за своето сместување во затворите. Според неговите размислувања престојот на затворениците во затвор не треба да паѓа само врз грбот на државата и општеството, изјавил портпаролот на Министерот за правосудство, Вибе Алкема. Тој истакнал дека дневните трошоци на Холандија за секој затвореник поодделно се...

Continue reading

лого

Во Индија поддржан законот кој ја криминализира хомосексуалната популација

Post Views: 0 Врховниот суд на Индија го поддржа законот кој ја криминализира хомосексуалната популација. Врховниот суд ја поништи мерката на Вишиот суд во Њу Делхи, со кој во 2009 година се декриминализира хомосексуалноста. Судот посочи оти сега останува на Парламентот да одлучи. Според членот 377 од 148-годишниот колонијален закон, истополовата врска е „неприроден прекршок“ и казната за тоа е десет години затвор. Неколку политички и религиозни здруженија упатија петиција до Врховниот суд со барање стариот закон повторно да биде прогласен за важечки, по судската одлука од 2009 година. Активистите...

Continue reading

kapitol Hil

САД избегнаа банкрот во последен момент

Post Views: 4   Двата дома на американскиот Конгрес го одобрија договорот со кој заврши делумната блокада на владата, и со тоа ја оттргна земјата од работ на историски банкрот кој се закануваше со глобална финансиска катастрофа. Претседателот Барак Обама го потпиша законот, со кој привремено се поправаат, фундаменталните разлики околу буџетот меѓу репбликанците и демократите. Со договорот, кој најпрвин беше изгласан од Сенатот контролиран од демократите на Барак Обама, а потоа и од Претставничкиот дом кој е под контрола на републиканците, се деблокира работата на владата до 15 јануари....

Continue reading

Усвоени измените на Законот за заштита од пушењето

Post Views: 4 Со 41 глас „за“, 14  „против“ и  еден „воздржан“ Собранието го усвои Предлог Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка. Со измените, како што кажа при образложувањето на Предлог законот еден од предлагачите, пратеникот Томислав Тунтев, е предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Тој кажа дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории. „Ниту...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top