Ознака: законот

Sv Naum

Дивите градби во Охрид, ќе ги руши државата

Post Views: 1 Опомена и постапка. Диво изградените објекти во Охрид нема кој да ги руши, бидејќи општината нема пари, за тоа. Деновиве на тоа укажа и Министерсртвото за транспорт и врски, така што ја опомена општината со тоа што дел од обврските на општинскиот градежен инспекторат ги превзеде во свои раце. Не постапувајќи по укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, согласно законот за градење, на општина Охрид и се одзема правото да руши дел од нелегалните градби во комплексот на Св. Наум. Заклучокот и решението за рушење било донесено 07.07 2009 година и...

Continue reading

ilecu

Претставен инструментот за борба против сите видови на организиран криминал

Post Views: 8 Отворена Единицата за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на законот ILECU. Директорот на Бирото за јавна безбедност во Македонското МВР, м-р Љупчо Тодоровски на претставувањето на оваа единица, изјави дека во единицата покрај македонската полиција учествуваат и Јавното обвинителство, Министерството за правда, финансиската полиција и Царината, а станува збор за проект наменет за сите земји од западен Балкан со примарна цел да се воспостават вакви единици во што повеќе земји од регионов и пошироко. „Идејата е сите информации кои што ги добиваат...

Continue reading

mobing

За мобингот мора гласно да се зборува

Post Views: 2 Едно од најтешките видови на психолошки насилства, мобингот зема се поголем замав и кај нас. Овој вид на злоупотреба и вознемирување на работното место , може да има многу сериозни последици, како за самата жртва така и за работната средина. Станува збор за насилство кое се прави најчесто од надреден на подреден по вертикала, во одредена организација. Драгица Павлеска Попоска од Сојузот на жени „Езерка“ информира дека пред извесен период, кај нив е пријавен прв подрастичен случај на мобинг. Попоска кажува дека пријавениот случај е од сферата на образованието. „Имаме...

Continue reading

Ohrid

Државното земјиште во Охрид не ќе да е едно евро

Post Views: 3 Не секое градежно земјиште може да се откупи од државата за едно евро. Според најновите измени на законот за градежно земјиште на седницата на Владата на РМ одржана кон крајот на јули годинава, донесена е нова уредба. Таа се однесува на изменување и дополнување на уредбата на начинот и постапката на оттуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со јавно наддавање, по пат на прибирање понуди и со непосредна спогодба, висината на трошоците на постапката за оттуѓувањето и давањето под закуп, како и висината на...

Continue reading

ludo patuvanje

„Лудото патување“ легално, велат од пазарната

Post Views: 2 „Лудото патување“ кое  на Охриѓани им се нуди за 219 евра е легално, велат од пазарниот инспекторат. Началникот Ѓоко  Бошалевски за Тв М истакна дека ова тело задолжено за контрола на Законот за туристичка дејност по добиената претставка за организирање на туристичко патување, која пристигнала кај нив, веднаш пристапиле кон откривање на околностите под кои се организира ова патување. „Констатиравме дека се работи  за патување на туроператор од Прага – Чешка, кој има склучено договор за патување со туристичка агенција во Македонија. По Законот на Р Македонија ...

Continue reading

ludo patuvanje

Лудо патување до познати европски дестинации за 219 евра

Post Views: 6 Нова понуда за посета на познати европски дестинации. Граѓаните за неа можат да се информираат од плакатите и флаерите, достапни најчесто во кафе баровите низ градов. Оваа постапка помалку чудна го привече нашето внимание па поради тоа се обидовме да откриеме која агенција или туроператор го организира ова патување. На флаерот е детално опишано каде ќе се патува, престојува, со што ќе се оди и колку дена, но никој не навел кој го организира патувањето. Контактиравме со едно од лицата задолжени за контакт со заинтересираните лица од Охрид. Во телефонскиот разговор ни...

Continue reading

grobishta

Половичен интерес за старателство на гробните места

Post Views: 0 ЈП „Охридски комуналец“ започна да го применува Законот за гробни места и  воведе старателство на гробните места.  Засега интересот за потпишување договори со роднините е половичен истакнува Ѓоко Филипчевски , раководител на ЈП Градски гробишта, чие формирање е во тек. За еден месец со регистрирањето на претпријатието се очекува оваа постапка да биде целосно завршена вели Филипчевски.  Старателите на гробните места ќе имаат и законска обврска. Тие ќе треба од семејниот буџет да издвојат сума пари за две ставки. И тоа годишно за одржување на гробните места, но и за еднократен...

Continue reading

gradinka

Статутот мора да се почитува

Post Views: 11 Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот  е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот...

Continue reading

gradinka

Градоначалникот избра В.Д. за градинката

Post Views: 2 Како што веќе ве информиравме постапката за избор на прв човек на градинката закочи уште на самиот старт. Очекувано беше градинката некое време да остане без директор, според изјавите на дел од членовите на Управниот Одбор на оваа установа. Владо Суклоски на 11 септември годинава во изјава за ТВМ како член на У.О. поточно како претставник од министерството за труд и социјална политика посочи низа прекршувања на статутот на градинката. И овој пат Суклоски, со назначувањето на Вршителот на должност на охридската градинка Марина Петроска Тодороска, смета дека градоначалникот...

Continue reading

sednica

Локалната сака да го регулира пловниот сообраќај во Охридското езеро

Post Views: 8 На продолжението од 21-та седница, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени  и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Станува збор за преземање на ингеренциите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Локалната самоуправа. Овие ингеренции во најголема мера се однесуваат на регулирање на водениот сообраќај во крајбрежниот појас. Општината сака да ја конторилира и внатрешната пловидба по Охридското езеро. На денешното продолжение на 21-та седница на советот, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени  и дополнувања на Законот за внатрешна...

Continue reading

Законот за забрана за пушење е добар потег

Post Views: 0 Дискриминација или не, нерамноправност на непушачите, се само дел од изјавите на нашите соговорници. Законот за забрана за пушење ги отрезни повеќето хотелско угостителски капацитети. Досега не е изречена ниту една казна на новиот закон за пушењето во Охрид. Вкупно се прегледани  30 објекти, велат од пазарниот инспекторат. Продолжуваме со контроли понатаму, изјави раководителот Ѓоко Бошалески. Од општинскиот инспекторат раководителот Танас Танасоски вели дека тие немаат никакви ингеренции за контрола на објектите, кои подлежат на новиот закон за забрана за пушење. Танасоски,...

Continue reading

Незадоволство од Законот за градба

Post Views: 0 Отворена дискусија со градоначалниците, околу новините во законот за просторно и урбанистичко планирање, се одржа во Охрид. Присуствуваа над 150 претставници, кои во текот на вчерашниот и денешниот ден дискутираа за начините на имплементација, новините во законот се со цел да се олесни животот на граѓаните и да им се намалат административните бариери. Новините во законот ги презентираше Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Новиот закон опфаќа и новини кои ги превзедовме од извештајот на Светската банка. Зедовме примери од соседните земји во делот на законодавството....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top