Ознака: законот

Укинати одредби од Законот за градење

Post Views: 2 Ќе се гради, но како. Охридската јавност, од ден на ден во исчекување што ќе никне на неколкуте фиксирани простори во градов. Еден од поинтересните за нив е просторот кој се наоѓа  во непосредна близина на мучкото училиште.Ставот на Локалната самоуправа посебно за овој простор е јасен. Портпаролот на општина Охрид Симон Илиевски, рече дека во Локалната надлежните служби на барање на инвеститорот, имаат издадено извод од урбанистички план, односно од Локалната планска урбанистичка документација. За десетина дена точно ќе се знае на каков принцип ќе се гради. На денешната...

Continue reading

Centar za socijalni raboti

84 домаќинства останаа без социјална парична помош

Post Views: 1 По завршувањето на годишната обнова на документацијата за добивање на социјална помош, во Охрид, 84 домакинства го изгубиле правото на ваква помош. Причината е  поради неподнесување на документи за обнова на истата документација, велат од центарот. Но, не само овие семејства, социјалната помош одредени корисници ја имаат изгубено и по друг основ. Во моментов се води судски спор со 52 корисници кои додека примале парична помош од државата, истовремено заработувале и од друго место. „ Како што вели Законот за социјална заштита, корисниците не пријавиле промена на матријалната...

Continue reading

grad

Владата ќе ги легализира дивоградбите, граѓаните дел задоволни, дел збунети

Post Views: 2 Предлог Законот за легализација на дивоградбите ги збуни граѓаните. Едни оваа владина иницијатива ја прифаќаат со воодушевување, а други со револт. Претседателот на Ок на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов вели дека ВМРО ДПМНЕ со овој чекор покажува дека  партијата е со народот и дека секогаш се прават напори за решавање на проблемите на граѓаните. Комуналиите за легализирање на дивоградбите ќе изнесуваат 1 евро за 1 метар квадратен. Тоа е сума која секој ќе може да ја плати, додава тој. Михаилов додава дека се надева дека во иднина владата ќе предлага и носи вакви одлуки ...

Continue reading

Ма какви казни, дај да запалиме по една

Post Views: 4 Драконските казни од 100-4.500 евра остануваат, толеранција нема да има за никого, па кој сака нека повели, велат од Одделенијата за инспекциски надзор од Охрид и Струга. Но, изгледа беше потребен само еден месец за во целост да се промени сликата за тоа колку се почитува Законот за забрана од пушење кај нас. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид само за еден месец се извршени преку 100 надзори и констатирани се голем број на кршења на овој закон. Раководителот Бошалески додава дека контролите се вршат секојдневно...

Continue reading

Mile Janakieski

Легализацијата прескапа

Post Views: 2 Граѓаните имаат сериозни забалешки на предлог законот за легализирање на дивоградбите. Дел од нив категорични во своите изјави дека буџетот на обичниот македонски граѓанин не дозволува дополнителни трошоци. Додаваат не се точни тврдењата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски дека давачките за легализација ќе биле минимални. „Овој закон ваков каков што  просто е неизводлив.Социјалниот елемент воопшто не е земен во предвид.Има цели населби овде во Охрид каде ретко кои има платено комуналии.Еве јас земам 7500 денари инвалидска пензија, а треба да платам околу...

Continue reading

Охрид

Законите се важни, но поважна е свеста кај заедницата

Post Views: 0 На  Охрид и Котор  од Црна Гора, како градови кои се на листата на Унеско, подолго време им се забележува дека не ги почитуваат пропозициите. Зоран Павлов претседател на македонскиот национален комитет на меѓународниот совет за споменици и места, ИКОМОС, смета  дека ја  испочитувале нивната препорка и  изработиле план за управување со Охридскиот регион како  и законот за заштита на природното и културното наследство.  Се чека само Законот за старото градско јадро. Павлов вели  Унеско посочува на недоследностите, но наша е одлуката како нив ќе ги исправиме, а  укажува...

Continue reading

potkrovja

Неизвесна судбината на диво изградените поткровја во стариот дел од градот

Post Views: 8 Неизвесна судбината на изградените поткровја во стариот дел од градот, дали ќе се спасат од рушење или ќе бидат легализирани. На почетокот од оваа година инспекторатот изготви список со  20-тина    незаконско изградени поткровја во стариот дел од градот, од вкупно  70 во  општина Охрид. Сега се зависи од предлог законот за легализација на дивоградбите на кој се чека скоро 4 години, вели раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. „Сепак се сомневам дека поткровјата ќе бидат легализирани, со оглед на тоа дека се работи за заштитено подрачје како што е стариот дел...

Continue reading

zgrad

Започна основањето на Урбани заедници

Post Views: 2 Започнува основањето на УЗ. Тие во општините се основаат согласно законската регулатива и законот за локална самоуправа. Облиците на месна самоуправа според законот во општините се дефинирани во два облици. Првиот е во  градското порачје и тие се урбани заедници, а во селските подрачја остануваат месни заедници. „Оснивањето на облиците на  месна самоуправа  се врши на собир на граѓани кој го опфаќа конкретната заедница“, вели секретарот на локланата самоуправа Димитија Вревезовски. „ Границите се дефинирани на урбаните заедници со генералниот  урбанистички план. На состаноци...

Continue reading

licni podatoci i internet

Која е границата?

Post Views: 4 Правото на заштита на личните податоци често пати се опишува како еден од аспектите на правото на приватност. Но, медиумите во немилосрдната трка за ексклузивна приказна, а и самите институции мислејќи дека работат за јавен интерес, се помалку внимаваат на заштитата на личните податоци. Не се поштедени ниту малолетниците, жртви на било кој вид насилство, ниту обвинетите кај кои сеуште не е докажана вината. Како да се заборава на правото на презумпција на невинист, вели Горан Момироски, сопственик на првиот електронски медиум во градов, „ Ohridnews “. Тој додава дека...

Continue reading

Ustaven

Уставниот суд ги замрзна постапките за локалните плански документации

Post Views: 2 Уставниот суд започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти. Советничката Верица Хајба на седница на Совет во месец септември предвиде или пак само им искоби на инвеститорите – се замрзнаа членските одредби врз основа на кои инвеститорите добиваа дозвола за градба по локална планска документација. Токму тоа, постапките за локалните плански докумнетации Уставниот суд вчера времено ги стопира и такви ќе останат најверојатно...

Continue reading

Sobranie na RM

Закон за Охрид…конечно?!

Post Views: 8 Законот за Охрид на кој веќе две години се чека, конечно ќе се најде во собраниска процедура.Досега ниту една владеачка гарнитура не го донесе овој закон, иако беше најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури. На денешната седница на пратенички прашања, од страна на пратеникот Александар Николовски, беше поставено прашање до министерот за  култура г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска, по однос на изработката на специјализиран закон за заштита на градот Охрид. Канчевска со одговор дека законот е веќе изработен и е доставен на мислење во соодветните...

Continue reading

zabraneto pusheneje

Да се пушит или не?

Post Views: 7 Веруваат ли Охриѓани уште во Законот за забрана од пушење на јавни места? Ќе се успее ли во спроведувањето на овој закон со кој требаше да се обезбедат средства и за целосно реализирање на националните програми за здравствена заштита на населението како и за лекување на населението од болестите кај кои пушењето е директна причина за смрт? Мислењата на охриѓани, поделени.Институциите надлежни за спроведување на овој закон големи оптимисти. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид, Законот максимално се почитува....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top