За мобингот мора гласно да се зборува

Детектиран прв подрастичен случај на мобинг во образованието во Охридско-струшкиот регион.

 |  Крсте Голабовски  | 
mobing
мобинг

mobingЕдно од најтешките видови на психолошки насилства, мобингот зема се поголем замав и кај нас. Овој вид на злоупотреба и вознемирување на работното место , може да има многу сериозни последици, како за самата жртва така и за работната средина. Станува збор за насилство кое се прави најчесто од надреден на подреден по вертикала, во одредена организација. Драгица Павлеска Попоска од Сојузот на жени „Езерка“ информира дека пред извесен период, кај нив е пријавен прв подрастичен случај на мобинг. Попоска кажува дека пријавениот случај е од сферата на образованието.

„Имаме пријавени повеќе случаи, од кои еден е подрастичен случај на мобинг, од едно просветно лице од страна на директор на училиште додава Драгица Павлеска Попоска.

mobingПроблемот мобинг сеуште не е доволно познат, ниту пак законски е дефиниран. Во Македонија не постојат механизми за идентификација и санкционирање на оваа појава. Не е воопшто дефинирано според кој закон, кој член од закон, моберот ќе биде казнуван. Честопати доаѓа и до колизија на Законот за работни односи и Законот за државни службеници, при решавањето на случаите кои се однесуваат на оваа проблематика, вели Дивна Змејкоска од Организацијата на жени при УНАСМ.

Змејкоска додава дека успешната борба против мобингот е можна, само ако се делува превентивно, доволно се едуцира јавноста и секако се донесат закони за регулирање на оваа несакана појава. Инаку станува збор за проблем кој се манифестира преку специфичен облик на однесување на работното место, со кое некој пединец или група, на различни начини, планирано, смислено и софистицирано му попречува на друг, со цел загрозување на честа, угледот и достоинството на една личност се до елиминирање од работното место. Во Македонија последните податоци говорат за околу 700 случаи на мобинг од кои најглемиот број на жртвите се жени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top