Дивите градби во Охрид, ќе ги руши државата

Државата ги превзема работите во свои раце. На локалитетот Св. Наум три нелегални градби наместо да ги руши општинскиот градежен инспекторат, тоа ќе го направи државниот градежен инспекторат, при Министерството за транспорт и врски.

 |  Билјана Николовска  | 
Sv Naum
Св Наум

Опомена и постапка. Диво изградените објекти во Охрид нема кој да ги руши, бидејќи општината нема пари, за тоа. Деновиве на тоа укажа и Министерсртвото за транспорт и врски, така што ја опомена општината со тоа што дел од обврските на општинскиот градежен инспекторат ги превзеде во свои раце. Не постапувајќи по укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, согласно законот за градење, на општина Охрид и се одзема правото да руши дел од нелегалните градби во комплексот на Св. Наум. Заклучокот и решението за рушење било донесено 07.07 2009 година и до ден денес не е постапено по истото. Имено, се работи за три диво изградени  објекти во сопственост на Шокароски Зоран, Костоски Васко и Павле Ристески. Државниот градежен инспекторат деновиве се очекува да ги сруши нелегалните објекти во Св, Наум а секако тоа ќе оди на терет на општина Охрид согласно законската регулатива и новите измени на Законот за градење. Општина Охрид тие средства ќе ги бара од сопствениците, само што работите се комплицираат  наместо да се поедноставуваат. Општина Охрид очигледно на ова поле потфрла, бидејќи како што добро и е познато на охридската јавност, а за што ТВМ во неколку наврати има информирано многу стари градби опасни по безбедноста на човечкиот живот чекаат амин за рушење од локалната. Досега топката се префрлаше од еден на друг, но вистината излезе на видело, а тоа е дека локалната нема средства за да се справи со овој проблем кој на локално ниво е рак рана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top