Ознака: заводот

Шампион во неработење, а добива илјада евра

Post Views: 3 “Веќе 40 години како доброволно не работам ништо”, објаснил за фламанскиот весник Het laatse nieuws, 64 годишниот Белгијанец кој од разбирливи причини сакал да остане анонимен. “Проживеав убав живот и никој досега не ме вознемирувал. Работев помалку од една година и тоа е се. Идната година одам во пензија”, наведува H.B. кој има иуниверзитетска диплома. Имено, работен стаж од 200 дена е законскиот минимум за добивање помош, која сега изнесува околу 1000 евра. “Бев активен службеник во јавниот сектор. И тука не се претргнав од работа. По цел ден седев и гледав се да биде...

Continue reading

kardioloski

Одделот за интервентна кардиологија во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој

Post Views: 0 Одделот за интервентна кардиологија кој е отворен пред 6год во рамките на Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој, потенцираше директорот Д-р Никола Бакрачески. Тој кажа дека  илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел. Бакрачески рече дека бројот на здравствените услуги во оваа установа е пораснат за 300 до 500%, а во одредени оддели тој е зголемен и над 1000%. Зголемен е бројот на пациентите третирани во интензивна нега, а рапидно расте и бројот...

Continue reading

plostad

Плоштадот кај некогашната библиотека сеуште не е изграден

Post Views: 1 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште во 2008год. започнаа со изготвување на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Со одлука на совет на овај плоштад требаше да се постави и споменикот од Христо Узунов. Градоначалникот Александар Петрески смета дека на овој простор не се потребни...

Continue reading

strajk lekari Struga

Продолжува штрајкот на лекарите

Post Views: 7 Штрајкот на лекарите продолжува и денес. На клиниките како што  соопшти самостојниот синдикат се примаат само итните пациенти. Од вчера се штрајкува и во заводот за нефрологија – Струга. Подршка на колегите од клиничкиот центар му даваат сите доктори од оваа регионална здравствена установа.   „Учеството во штрајкот од нашата установа е од сите колеги без разлика од партиска поделеност. Подршка имаме и од гранковиот синдика. Итните случаи ги примаме, а ма другите им укажуваме или имаме разбирање“, вели д-р Асид Муса – координатор на штајкувачки одбор. д-р Муса открива...

Continue reading

merenje pritisok

Жената во центарот на вниманието на годинешниот „Ден на срцето“

Post Views: 2 Бесплатни кардиоваскуларни прегледи на плоштад. Продолжува традицијата на вакво одбележување на Денот на срцето, 29 Септември. Од Заводот за кардиолошки заболувања од Охрид кој го организира овој настан, се одлучиле овој ден да го одбележат една недела порано, но со истата цел. Подигнување на свеста кај охриѓани за полезноста од превентивното делување и запознавање со ризик-факторите за кардиваскуларни заболувања. Ѓраѓаните кои ги затекнавме таму задоволни од акцијата. Ги запрашавме дали практикуваат вакви рутински контроли. „Не често, не често. Но мислам дека треба...

Continue reading

joga

Јога за пацинетите на рехабилитација во Заводот за кардиологија

Post Views: 2 20 години во Центарот за кардио- васкуларни заболувања за пациентите на рехабилитација се организираат  јога вежби.Тие се изведуваат под стручен надзор на професорот по јога  Ванчо Тасески. Почетоците на примената на јогата во медицинска установа како што е Ценатрот за кардиологија  датираат од 1992 година. Иницијативата на  професорот по јога Ванчо Тасески ја поддржале тогашните доктори од Центарот д-р Марјан Котлар, д-р Тоше Клишески, д-р Илија Прангоски и д-р Зимоски, а сега визонерски ја продолжува и директорот, д-р Никола Бакрачески. Во овој временски период над...

Continue reading

kuka

Започна изградбата на куќата на Ајри Доко

Post Views: 0 Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска. „Ние како надлежна институција бидејќи објектот е заштитен со поединечно решение и претставува поединечно споменично...

Continue reading

krvodaritelska akcija

Рекордна бројка на крводарители на Плаошник

Post Views: 2 Годинава е постигната рекордна бројка на собрани единици крв на Плаошник. Одзивот на крводарители кои дарувале  дел од својата драгоцена течност бил голем. Во текот на вчерашниот и денешниот ден  голем број хумани луѓе  и верници кои го посетија православниот храм посветен на заштитникот на Охрид Св. Климент и на Св.Пантелејмон се вклучиле во акцијата. Организаторот на крводарителната акција општинскиот Црвен крст и екипата од Заводот за трансфузиологија се задоволни од успешноста на спроведената акција. По седми пат , традиционално на овој ден кога охриѓани го слават...

Continue reading

d-r Bakraceski

Пет години интервентна кардиологија во Охрид и региoнов

Post Views: 2 Одбележан мал, но многу значаен јубилеј за развојот на интервентната кардиологија во Охрид и регионов. Станува збор за плод на долгогодишните напори на една плејада здравствени работници, кои беа ангажирани во развојот на овој проект, се тоа со единствена крајна цел, обезбедување на поквалитетна нега на пациентите со срцево садови заболувања од југозападниот регион на Македонија. Директорот на оваа здравствена институција, Д-р Никола Бакрачески истакна дека отворањето на овој оддел значеше поквалитетна услуга за пациентите кои боледуваат од кардиоваскуларни заболувања...

Continue reading

Ohrid

Законот за Охрид ќе го спречува урбаниот хаос во градот

Post Views: 1 Законот за Охрид секако беше еден од најдолго очекуваните закони и од јавноста и од експертите. На 6ти овој месец тој конечно ја виде светлината на денот. Иако насловот старо градско јадро асоцира на Охридското кале, сепак тоа е само дел од целината. Всушност со Законот за Охрид опфатена е скоро целата територија на градот. Од Владата, амбициозни и сигурни во корисноста на овој закон. „Очекуваме дека законов ќе стави крај на урбаното дивеење и урбаната мафија во Охрид. Како главен носител на оваа активност била и останува општината и советот така што очекуваме дека...

Continue reading

vakcinacija

Денеска започна вакцинацијата против сезонски грип

Post Views: 2 Во Медицинскиот центар во Охрид денеска почнува вакцинацијата на населението против сезонски грип. Според податоците од Заводот за здравствена заштита од Охрид, засега се обезбедени 2.500 вакцини. Медицинските лица препорачуваат вакцинација за периодот на сезонски настинки и грипови,  за заштита на популацијата од појави на епидемии од пошироки размери. Во рамките на акцијата минатата година се вакцинирале повеќе од 2.000 охриѓани, информира Центарот за јавно здравје од Охрид. Директорот на Центарот, Атанаско Михаилов, истакна дека изминатите три години во Охрид не...

Continue reading

Lokacija

Локалната не се откажува од изградба на јавни тоалети

Post Views: 1 Во Охрид недостасуваат јавни тоалети. Туристичките работници се жалат дека трпат поради овој хендикеп. Приморани да се снаоѓаат, но туристите се чудат како може туристичко место, да има ваков пропуст. „ Кога правиме разгледување на градот тој проблем го решеваме со тоа што туристите ги носиме во приватни објекти. Мора под итно да се направи нешто за изградба на јавни тоалети“, вели оперативец од патничката агенција „lets travels Balkans“, Филип Стефаноски. Во стариот дел на Охрид треба да се изградат неколку јавни тоалети.  Според градоначалникот на Охрид, Александар...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top