Рекордна бројка на крводарители на Плаошник

Годинава е постигната рекордна бројка на собрани единици крв на Плаошник. Одзивот на крводарители кои дарувале  дел од својата драгоцена течност бил голем.

 |  Валентина Нелоска  | 
krvodaritelska akcija
krvodaritelska akcija

krvodaritelska akcijaГодинава е постигната рекордна бројка на собрани единици крв на Плаошник. Одзивот на крводарители кои дарувале  дел од својата драгоцена течност бил голем. Во текот на вчерашниот и денешниот ден  голем број хумани луѓе  и верници кои го посетија православниот храм посветен на заштитникот на Охрид Св. Климент и на Св.Пантелејмон се вклучиле во акцијата.

Организаторот на крводарителната акција општинскиот Црвен крст и екипата од Заводот за трансфузиологија се задоволни од успешноста на спроведената акција. По седми пат , традиционално на овој ден кога охриѓани го слават Св.Климент Охридски заштитникот на градот, се организира ваква хуманитарна акција.  Антонио Додески  секретар на Црвен крст истакна дека меѓу хуманите луѓе кои подариле крв над 90 посто биле охриѓани. Тоа покажува дека оваа акција за охриѓани е традиционална нагласува Додески.

Со акцијата се собрани 156 единици крв, а хумани биле и многу млади  луѓе кои за прв пат дарувале крв.   Со  оваа бројка и претходните акции од Заводот за трнасфузиологија се оптимисти дека до крајот на 2011 година ќе го  остварат планираниот број на крвни единици . Д-р Соња Србакоска спец. трансфузиолог информира дека во општина Охрид во летниот период се зголемени потребите  од крвни единици. Еден од начините да се задоволат потребите од крв е преку организрање на вакви хумани крводарителни акции.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top