Продолжува штрајкот на лекарите

Подршка на штрајкот на самостојниот синдикат на клиничкиот центар му дадоа и докторите од заводот за нефрологија – Струга.

 |  Маленкова Татјана  | 
strajk lekari Struga
штрајк лекари Струга

Штрајкот на лекарите продолжува и денес. На клиниките како што  соопшти самостојниот синдикат се примаат само итните пациенти. Од вчера се штрајкува и во заводот за нефрологија – Струга. Подршка на колегите од клиничкиот центар му даваат сите доктори од d-r Asid Musaоваа регионална здравствена установа.  

„Учеството во штрајкот од нашата установа е од сите колеги без разлика од партиска поделеност. Подршка имаме и од гранковиот синдика. Итните случаи ги примаме, а ма другите им укажуваме или имаме разбирање“, вели д-р Асид Муса – координатор на штајкувачки одбор.

д-р Муса открива дека штрајкот во заводот за нефрологија се одвива според постапките и упатствата добиени од штрајкувачкиот одбор од клинички центар. Тој откива дека  штрајкувачите нема да се откажат од своите права и покрај тоа што кон нив се упатуваат и закани со цел да се откажат од штрајкот, поточно јасно им било кажано дека за деновите кога штрајкуваат нема да добијат дневници.

„Нас не ни е битна дневницата, многу побитна е нашата долготрајна ситуација како се чувствувате, отколку една дневница. Ние не се противиме за други при управа за јавни приходи што земаат со средно повеќе strajk lekari Strugaотколку ние специјалистите. Или во Елем земаат плата поголема отколку општ лекар, но ние го сакаме тоа што ни следи“, вели координаторот на штајкувачкиот одбор.

Штрајкувачите се категорични дека она што го заслужуваат ќе го бараат до крај. Тие додаваат дека за нив не се важни неколку дневници или една плата, туку нивните права.
Штрајкот на докторите го подржуваат и пациентите. Дел од пацинетите кои ги затекнавме во заводот, а беа дојдени од други градови кажаа дека здрвствена услуга од медицинскиот тим им била укажана.

Штрајкот на лекарите започна вчера. Лекарите специјалисти кои втор ден штрајкуваат на своите работни места, бараат укинување на проектот за плаќање по учинок. Министерот и министерството за здрвство не го прифаќа штрајкот бидејќи не била прекината работата со пациентите и дека ќе преговара само со гранковиот синдикат.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top