Ознака: заводот

Општина Охрид, Заводот за кардиологија и Црвен Крст со проект за подостапни здравстени услуги

Post Views: 4 Мобилни здравствени тимови ќе даваат медицински услуги во домовите на граѓаните кои имаат потежок пристап до здравствениет установи. Од идната недела стартува проектот „Cross4all“ кој го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, заедно со Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Специјалните медицински тимови се составени од доктори од центарот за Кардиологија, психолог, социјален работник и медициника сестри, соопштува Ѓоко Апостолов од Тлер. „Главна цел на проектот е да се таргетираат повозрасни лица, лица со посебни потреби...

Continue reading

Во Заводот за кардиологија ќе се пренаменат болнички кревети за лекување на болни од ковид 19

Post Views: 0 Охридскиот Завод за кардиологија ќе прима на лекување ковид пациенти, ова денес го најави Венко Филипче, министерот за здравство. Секојдневниот зголемен број на новозаболени лица од ковид 19 ги наполни болничките капацитети предвидени за лекување од ковид 19 во Охрид и земјава. Министерсвото за здравство со оглед на сериозната епидемиолошка состојба во земјава, кога од ден на ден расте бројот на новозарзени пациенти, денес најави активирање на сите расположливи болнички капацитети на Скопските Клиники, но и во внатрешноста каде што ќе се лекуваат болни од ковид 19. ...

Continue reading

kolbasi

Австрија и Словенија се скараа за колбаси

Post Views: 2 Поради назив за колбаси, а не поради словенечкото малцинство, меѓу Австрија и Словенија може да се случи ново влошување на односите. Словенија сака да го заштити називот за колбасите Krainer (Крањска) врз основа на потекло, а тоа име се користи и во Австрија за одредување вид колбаси. ЕК како што соопшти Заводот за патенти, веќе добил барање од Словенија. Прифаќањето на барањето на Словенија би значело дека во Австрија нема да може да се користи називот Krainer. Австрија најави дека на барањето на Словенија ќе вложи жалба. – Забраната за користење на називот Krainer...

Continue reading

dijaliza

Заводот за нефрологија Струга, функционира и без срцето на установата, хемодијализата

Post Views: 0 Заводот за нефрологија функционира и без срцето на установата, хемодијализата. Првиот човек на институцијата Сами Мена вели дека не е против приватна дијализа, туку нивните реакции до ресорното Министерство за здравство биле да им укажат дека Заводот за нефрологија е од суштинско значење за Струга бидејќи тука се вршеле многу дејности, од дијагностика, лечење па се до хемодијализа. Мена нагласи дека Заводот располага со болнички, уролошки, дијагностички дел, со трансфузија и физикална терапија, како и сопствена инфективна амбуланта со најдобри лабараториски делови и...

Continue reading

Шпаркасе Банка донира возило на Заводот за нефрологија Струга

Post Views: 5 Збогатен возниот парк на Заводот за нефрологија Струга.  Јавната здравствена установа денес доби возило „Цитроен Ц 4“ од страна на  „Шпаркасе банка“. Автомобилот стар четири години , го поднови децениски стариот  амортизиран возен парк на болницата. . Со него ќе се  олесни транспортот на вработените и пациентите, а воедно ќе придонесе и  за поквалитетна здравствена услуга. „Раководството на Заводот дојде пред Нова година и кажаа дека имаат проблеми  со транспортт со пациентите замолија за помош со возило. Нашата стратегја е дел од приходите што банката ги остварува...

Continue reading

dijaliza

Што се случува со струшка дијализа?

Post Views: 21   Новиот концесионер Орка Холдинг го презеде работењето на одделот за дијализа при Заводот за нефрологија во Струга. Ваков е впечатокот на пациентите кои со години таму вршат дијализа. Концесионерите кои добија лиценци за работа во овој сегмент од здравството презедоа низа обврски како: изградба на нови простории и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура и замена со нови на нефункционалните столови. Но во струшка дијализа според кажувањата на пациентите, барем засега нема ништо од тоа. Единствено во моментов на пациентите им бил обезбеден...

Continue reading

dijaliza

Средба со министерот Тодоров бараат вработените од дијализа

Post Views: 47 Згаснува ли струшкиот Завод за Нефрологија, прочуената Дијализа? Медицинскиот персонал на оваа болничка установа денес излезе со јавен повик до Министерот за здравство Никола Тодоров, со цел да побара изземање на дијализата од Владините планови за издавање лиценци за вршење на оваа здравствена дејност. Вработените за јавниот повик од ресорното министерство за доделување лиценци за вршење дијализа дознале од медиумите и во име на сите инсистираат на средба со министерот Тодоров. „Денес повторно во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум,здружението...

Continue reading

„Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ – Охрид лидер во регионот за воведување модели за медицинска едукација

Post Views: 2 Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид  имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од  еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .Д-р Ланхоф медицинскиот кадар на Кардиолошкиот Завод во Охрид го оцени како исклучително способен , со високо ниво на знаење и вештини во работата. „Би рекол дека во делот на вештини, можам да кажам дека докторите на оваа болница се способни да не следат во овие процедури. ...

Continue reading

За прв пат во Охрид, тренинг курс на симулатори од областа на електро-стимулацијата во Заводот за кардиологија

Post Views: 1 Во организација на Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид и реномираната компанија за медицинска технологии Биотроник од Швајцарија беше организиран едукативен настан за лекарите од заводот од областа на електро-стимулацијата.Настанот вклучуваше едукативно предавање од оваа област од страна на експерти од Биотроник и за прв пат во здравството во Охрид се одржа и тренинг курс на симулатори, со што лекарите од заводот имаа можност да совладаат и научат некои современи вештини и техники од областа на електро-стимулацијата и кардијалниот пејсинг. Настанот е продолжение...

Continue reading

Почина примариус д-р Стојан Ковачески основач на Заводот за нефрологија во Струга.

Post Views: 3 Денеска се одржа комеморација во чест на примариус д-р Ковачески. Во присуство на најблиските членови од семејството, колегите, пријателите беа искажани прекрасни зборови, убави спомени од секојдневието за Ковачески како човек и професионалец во својата дејност. Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко изрази сочувство до семејството и роднините. Примариус д-р Стојан Ковачески почина на 80-годишна возраст. Роден 1941 година во Струга, Дипломира на Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работел како лекар специјалист, основач и директор на Заводот...

Continue reading

Нова метода во Заводот за кардиоваскуларни заболувања

Post Views: 1 Нова метода во интервентната кардиологија. Од денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан, ќе се применува новата процедура Ротаблација, за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови кои имаат масивни калциумски депозит во ѕидот. За оваа метода се користи посебна апаратура и специфично дизајнирани ротаблациони катетри кои вршат еден вид вртлозно бушење на запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад, за да може да се постави стент. Д- р Никола Бакрачески појаснува зошто се наложила потребата од примена на оваа метода. „Се работи...

Continue reading

aparat

Нема ризик од инфекција на Хепатит

Post Views: 0 Дел на пациентите кои вршат хемодијализа во Центарот во Струга, стравуваат од хепатит Ц. Се пожалија дека недоволно се посветува внимание на хигиената, а посебна забелешка имаа за медицинскиот персонал, со исклучок на докторите. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера бидејќи стравуваат дека тоа лошо може да им се одрази врз нивниот понатамошен третман во оваа установа. „Има хепатит Ц тие се во друга сала делени сме на групи но и покрај тоа стравуваме бидејќи дома имаме деца но и за себе. Не несум задоволна прво и прво хигиената не е како што треба второ персоналот,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top