Ознака: жителите

defekt

Пукнатата цевка го откри штрајкот

Post Views: 0 Што шкрипи во ЈП „Нискоградба“? Дефектот на цевка кој рано изутрина се случи на улицата „Кленоец“ со часови несаниран. Неофицијално дознаваме дека станува збор за штрајк на вработените чијашто разврска се очекува, а Директорот на ова јавно претпријатие Владо Цветкоски, без коментар за ваквата ситуација. Штетата во секој случај е на товар на граѓаните. Жителите од улицата Кленоец, вчудоневидени од односот на вработените во Ј.П., кои пристигнале на местото каде се случил дефектот и делумно само го обележале, а за санирање да не станува збор. Штетите што жителите ги имаат...

Continue reading

Орман

Стадо овци налутија цела месна заедница

Post Views: 2 Стадо овци ги става на милост и немилост жителите на Орман. Тие мора секојдневно да се носат со непријатната миризба која се шири, но и со остатоците од фекалии. Сопственикот на овие стотина овци со години го носи своето стадо на пасење во месноста Блато за која има склучено договор за користење, но проблемот е што тој секојдневно поминува по патот кој оди низ селото. Жителите на Орман, налутени се пожалиле до надлежниот инспекторат за животна средина. По разгледувањето на жалбата, инспекторатот издал решение според кое сопственикот на стадото не смее да го користи...

Continue reading

А што со буката од плажите?

Post Views: 0 Покрај проблемот со продолженото работно време, жителите од Стариот дел на Oхрид мака мачат и со буката која доаѓа од плажите во текот на ноќта. Многумина губат надеж и велат дека додека се изнајде решение ќе помине сезоната. Градоначалникот вели Неможе плажа да работи преку цела ноќ и прашува каде се инспекциските служби кои треба да ги затворат?“.   Во барањето кое група граѓани од урбана заедница 1 – Стар град го испратија на 26 јули до градоачалникот, советот и медиумите, покрај тоа што бараа да не се продолжува работното време на угостителските објекти, од медиумите...

Continue reading

Дваесет септички јами, на еден километар квадратен

Post Views: 1 Четириесет години со септички јами во дворовите. Жителите од т.н источна трансверзала која е дел од улицата „Момчило Јорданоски“, повеќе од 30 години како живеат со септички јами во своите дворови. Иако како што самите велат, од 1980 година имааат платено аконтација за комуналии и уредно ги плаќаат давачките кон Јавните комунални претпријатија, овој проблем останува во нивниот двор. Додаваат дека единствено нешто што досега добиле, се само предизборни ветувања од надлежните.„Не сме приклучени, аконтација за комуналии имаме платено, секој ветува пред избори а после никој...

Continue reading

smet

На ул. Дејан Војвода никна мини депонија

Post Views: 2 Во центарот на Охрид никна мини депонија. Жителите на улицата Дејан Војвода се жалат дека поради непријатната миризба неможат да отворат нити прозорец. Велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП Охридски комуналец, но одтаму никој не превзел ништо за решавање на проблемот. Од ЈП Охридски Kомуналец признаваат дека проблемот им е добро познат и тврадат дека тоа не е виновен никој друг туку самите жители, кои продолжиле да фо фрлаат смето на локлацијата каде до неодама имало контењери.  „Сакам да потенцирам дека контењерите кои беа поставени на оваа локација беа наменети...

Continue reading

состанок

Лесковчани бараат партнерство со МЈП Проаква

Post Views: 1 Жителите на с. Лескоец денес покренаа иницијатива до координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, со која бараат започнување на постапка за склучување на договор со ЈП за регулирање и снабдување со вода на селото и отстапување на управување со водоснабдителниот и канализациониот систем, како и поништување на записник од собир на жители одржан на 05.03.2008 год. Според нив, 10 месеци тие извезуваат вода за Охрид, а се случувало да немаат вода за своите потреби. Бараат поништување на според нив невалидениот договор за водоснабдителниот систем во селото, кој бил склучен...

Continue reading

ulica

Жителите од крак на улица Ристо Чадо останаа без пристапен пат

Post Views: 8 Драган Стефаноски жител на крак од улицата Ристо Чадо и 10- тина негови соседи денес останаа без пристапен пат. Стефаноски како што тврди  од 1979 изградил легално семејна куќа со платени давачки кон државата. Денес, со спроведување на извршна судска одлука вратен е дел од земјиштето   кое било сопственост на соседот. Сега тој и останатите соседи се без пристапен пат. Од Локалната самоуправа потврдуваат дека денес  спроведуваат судска пресуда бидејќи асфалтираниот пристапен пат бил поставен на приватен имот,  а сопственикот на имотот е сосед на овие жители. Зоран Шикалоски...

Continue reading

hamam

Некогашниот Амам бил уметнички изработена сауна

Post Views: 33 Во охридската Чаршија на просторот од денешниот трговски центар Амам во минатото била изградена  турска бања. Според записите амамот бил изграден во периодот помеѓу  17 и 18 век. Во  периодот од 19-ти век од десната страна на амамот се наоѓал анот на Шери-бег. Покрај собите за спиење  имало и  афчилница или кажано со денешниот современ речник  ресторан каде што се подготвувале турски јадење.  Од лево пак, била терзиската работилница на Тупаре, Нане и Трене кои изработувале народни носии. Амамот имал две големи дрвени порти од една се влегувало, а од другата се излегувало....

Continue reading

дуп

Стратегиска оценка или само документ отповеќе?

Post Views: 5 Извештај кој нуди алтернативни решенија за проблемите во врска животната средина или само документ плус?  Станува збор за стратешка оценка која произлегува од Законот за животна средина и просторно планирање, односно, плански документ кој отсега е потребен при изработка на урбанистичката планска документација, вели Пеце Мирчески, еден од авторите на извештајот. Инаку, целта на овој извештај е идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, кои би произлегле со имплементација на планскиот документ. Постапката се спороведува...

Continue reading

parking

Подземни и катни гаражи во Охрид

Post Views: 1 Гаражни куќи и подземно паркирање за решавање на најголемиот сообраќаен проблем во градот. Во работната верзија на Предлог Нацрт деталниот урбанистички план, кој се однесува на урбаните блокови Табана и Ривиера стои изградба на неколку гаражни куќи. Со овој Предлог УП, подземно паркирање е предвидено за градскиот плоштад, зеленилото кај кружниот тек и покрај кејот кон хотел „Палас“, вели раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.  Тој додава дека моментално, со поставените три рампи, се контролира и користи простор за паркирање на само 80 автомобили. „Со...

Continue reading

Grashnica

Грашница повторно им создава главоболки на жителите во Воска

Post Views: 7 На дел од жителите на улицата Ариф Мустафа на потегот од Булевар Туристичка до Гоце Делчев реката Грашница повторно им задава главоболки. Обилните врнежи во текот на викендот им ги поплави дворовите, а во домовите  имале проблем со канализацијата. Жителите на дел од Ариф Мустафа признаваат дека немаат приклучок за канализација, ама велат уредно плаќаат сметки за колекторот. Утрово се сретнале со раководителот  на Фондот за комунален развој Емин Селман при што им ветил  расчистување на коритото. Но,  ветувањето не било одржано.  Крајно револтирани жителите велат биле...

Continue reading

Grashnica

Во Воска поплавени дворни места

Post Views: 2 Обилните дождови повторно допринесоа  прелевање на Грашница, кај Воска. И покрај градењето на речното корито на Грашница водат поплави неколку дворни места. Останува најесно зошто започнатите работи останаа недоврешени и се дозволува жителите повторно да се соочат со истите можни проблеми како и лани.  Од Регионалниот Центар  за управување со кризи информираат дека опасност од излевање на другите водни текови нема. Жителите од Орман  и Лакочереј кои лани имаа проблеми  со поплавите од речните корита сега може да се мирни. Единствено кај Волино, реката Сатеска е прелеана,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top