А што со буката од плажите?

Покрај проблемот со продолженото работно време, жителите од Стариот дел на Oхрид мака мачат и со буката која доаѓа од плажите во текот на ноќта.

 |  Татјана Маленкова  | 

Покрај проблемот со продолженото работно време, жителите од Стариот дел на Oхрид мака мачат и со буката која доаѓа од плажите во текот на ноќта.

Многумина губат надеж и велат дека додека се изнајде решение ќе помине сезоната. Градоначалникот вели Неможе плажа да работи преку цела ноќ и прашува каде се инспекциските служби кои треба да ги затворат?“.  

Во барањето кое група граѓани од урбана заедница 1 – Стар град го испратија на 26 јули до градоачалникот, советот и медиумите, покрај тоа што бараа да не се продолжува работното време на угостителските објекти, од медиумите побараа помош и за решавање на проблемот со буката која ја создаваат плажите кои се на потегот од мостот кај каналот Студенчишта према некогашан Парк и сите времени објекти кои се поставуваат во очи на летната сезона.

„Овие проблеми настануваат во моментот кога не се почитуваат одредени закони: од сферата на Животна средина и просторно планирање – Законот за бучавост и сферата на Пазарната економија – Прописите за работно време. Имено од досегашната пракса Ние сите сме заложници на мала група на профитери кои вешто ги користат пропустите во системот и му наштетуваат не само на жителите на Стар Град туку и на сите жители на град Охрид и сериозните туристи кои доаѓаат во Охрид заради неговата убавина и културна програма која ја нуди градот во текот на летната сезона“ стои во барањето кое до радакцјата на ТВМ го испрати     Совет на УЗ1 Стар Град.

За овој проблем се проговори и на денешаната седница на совет. Градоначалникот дециден дека и плажите треба да го почитуваат работното време, но бидејќи тоа не било во негова надлежност тој го повика раководителот на пазарниот инспекторат, Ѓорѓи Бошалески но и другите надлежни, да превземат соодветни мерки, за граѓаните да не ги трпат несаканите последици.

Петрески вели каква е ползата одговоноста за бучавата да и се препишува на локланта кога истата претежно се прави по законски дозволеното работно време. „Не ја затвараат плажата во еден, а потоа ние сме криви што не сме ја мереле бучавата. Ако се затвори плажата навреме ќе нема што ние да мериме, додава градоначникот. Градоначалникот за утре закажа средба со сите инспекциски служби со цел да разговараат и изнајдат решенија за проблемите кои ги мачат охриѓани и гостите. Но земајќи ги во предвид искуствата од минатогодишните вакви и слични средби чисто се сомневаме дека и овојпат ќе има некаков ефект од истата. Да не се повтори онаа познатата народна поговорка- „кучињата си лаат , караванот си врви“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top