Ознака: жителите

ulica vo kal

Во центарот на Охрид, но сеуште во кал и прашина

Post Views: 3 Во 21-от век, а секојдневно кал или прашина пред нашите домови. Со овие зборови жителите кои живеат на улицата „Анастасија Узунова“ лоцирана во централното градско јадро, се обратија за помош до нашата телевизија. Тие велат дека веќе неколку пати се обратиле и до Локалната за помош, но оттаму само со ветувања за скоро решение на проблемот. Инаку, пред извесен период на оваа улица беа изврешени зафати на канализационата мрежа, па сега состојбата е во целост неподнослива, додаваат жителите. Се обративме до Одделението за комунален развој и сообраќај, од каде не информираа...

Continue reading

parkiranje

СВР не простува, постојано крева автомобили

Post Views: 11 Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...

Continue reading

baraki Zeleznicka

Неизвесно решавањето на станбениот проблем на дел од жителите од Кленоец

Post Views: 14 Продолжува неизвесноста со решавањето на станбениот проблем на 12-те семејства  од улицата Железничка. Засега нема ништо од ветувањата дека со изградбата на Железничка ќе добијат соодветно пристојно сместување. Останува нејасно  кога и каде тие ќе бидат сместени. Сега, коловозната лента поминува буквално пред  влезовите на нивните трошни, субстандардни, импровизирани живеалишта. Жителите од бараките на Железничка не сакаат јавно да зборуваат за своите проблеми. Разочарано  само додаваат дека се заборавени од државата и од локалната. Тие  велат дека досега никој не...

Continue reading

kanal

Се чистат речните корита во охридскиот реон

Post Views: 18 Речните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови  отпад, па се до паднати или изникнати дрвја. Сега се расчистува отпадот и се сече вегетацијата, а на некои места се преформираат речните водотеци вели раководителот на Центарот за управување со кризи Митко Темелкоски. Ваквите активности започнале  пред три месеци со расчистување на коритото на реката Сатеска од утоката во Охридското езеро, па се до селата Волино и Климештани....

Continue reading

ul Dejan Vojvoda

Жителите од ул. „Дејан Војвода“ под стрес од пајакот

Post Views: 34 До нашата редакција во неколку наврати пристигна  реакција по електронска пошта  од наш сограѓанин, а  во име на жителите од улицата Дејан Војвода. Станува збор за една од најфрекфентните улици во строгиот центар на градот. Во дописот тие молат за помош поради  секојдневниот стрес што го доживуваат при подигање на возилата од пред нивните дворови. „ Жители од оваа улица се жалат дека возилата од пајак службата секојдневно ги вознемируваат.По нарачка од нивни моќни соседи им се подигаат возилата од пред нивните домови“. Понатака во дописот се наведува дека се креваат...

Continue reading

nacrt plan

Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Post Views: 11 Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци...

Continue reading

defekt struja

Внимателно со струјата

Post Views: 6 „Голем напон на струја ни ги изгоре електричните апарати“. Денес на ова се пожалија дел од жителите на ул. „Васил Стефоски“ населба Воска. Во близина на крајбрежниот дел на овој опфат, некаде на 100 метри површина, пред 7 дена во моментот кога екипи на ЕВН изведувале зафат одеднаш во куќите се слушнало гласно пукање. Во истиот момент неприклучените електрични апарати светнале и прегореле, а дел од неонките се топеле, во паника кажуваа жителите сведоци на оваа појава. Не останало ништо од нивните фрижидери, телевизори, компјутери, ресивери и друго освен празни неупотребливи...

Continue reading

proakva

Додека на еден не му се стемни на друг нема да му се раздени

Post Views: 13 „Не даваме вода“. Ова е реакција на група револтирани  жители на ул „Момчило Јорданоски“ кај болнички комплекс. Тие јавно го кренаа гласот против Oпштина Охрид, и обвинија дека Локалната на своја рака превзема зафати од комунална сфера, од што тие ги сносат последиците.Љупчо Гаревски го пренесе ставот на жителите од овој дел на градот. Тој потенцира дека се навлегува во приватен имот каде општината не ги имала до крај расчистено работите со експропријација на земјиштето. Гаревски рече дека немаат ништо против приклучок на вода во станбените згради, но тоа да небиде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top