На ул. Дејан Војвода никна мини депонија

Во центарот на Охрид никна мини депонија. Жителите на улицата Дејан Војвода се жалат дека поради непријатната миризба неможат да отворат нити прозорец. Велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП Охридски комуналец, но одтаму никој не превзел ништо за решавање на проблемот.

 |  Татјана Маленкова  | 
smet
смет

smetВо центарот на Охрид никна мини депонија. Жителите на улицата Дејан Војвода се жалат дека поради непријатната миризба неможат да отворат нити прозорец. Велат дека во повеќе наврати реагирале до ЈП Охридски комуналец, но одтаму никој не превзел ништо за решавање на проблемот.

Од ЈП Охридски Kомуналец признаваат дека проблемот им е добро познат и тврадат дека тоа не е виновен никој друг туку самите жители, кои продолжиле да фо фрлаат смето на локлацијата каде до неодама имало контењери.  „Сакам да потенцирам дека контењерите кои беа поставени на оваа локација беа наменети исклучиво за жителите на зградата додека отпадот од куќите го третираме како рефуз ѓубре и го подгаме два пати неделно“, вели одговорниот за хигиена во ЈП Охридски Комуналец Љупчо Грданоски.

„ Контењерите кои беа тука поставени секојдневно се полнеа со отпад од куќите со што се правеше мини депонија.  Поради тоа поставена е информативна табла „забрането фрлање ѓубре“ со што се надевавме дека совеста кај граѓаните ќе проработи и дека жителите ќе си набават канти и ќе го вадат отпадот за да го подигаме. Жителите од зградата се информирани дека сметот рба да го одлагаат во контењерите на туристичка“, вели одговорениот за хигиена во ЈП Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски.

Грданокси тврди дека секој понеделник и четврток возилото на Охридски комуналец поминува на ул Дејан Војвода и го собира сметот кој е уредно изваден пред секоја од куќите.  Тој додава дека ЈП неможе и несмее да го подигне сметот од мини депонијата,  се додека не добијат налог од комуналниот инспекторат. “ Неколкупати контактирав со лица од инспекторатот, но сеуште не сме добиле налог, додава одговорениот за хигиена во ЈП Охридски Комуналец.„Комуналниот инспекторат и покрај нашите дописи не реагира. Само ме известија дека потрошиле два дена во седење тука и дека не затекнале како некој го фрла ѓубрето. Незнам дали тие се забележани од жителите, меѓутоа Охридски комуналец овој пат ќе го подигни само по налог на комуналната инспекција затоа што ова е дива депонија и тука е забрането фрлање ѓубре“, додава Грданоски.

Во текот на денов контактиравме и со раководителот на општинскиот инспекторат, кој ни вети дека веднаш ќе изготват налог и ќе им го предадат на ЈП за тие да постапат по него. Тој се надева дека откако овој простор ќе се исчисти, света на граѓаните ќе биде на повисоко ниво и дека нема за кратко време да направат нова депонија.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top