Ознака: договорот

avtopat

Кинескиот кредит за автопатот до Охрид влегува во собрание

Post Views: 5 Започнува постапката околу кинескиот кредит за изградба на автопатското решение од Кичево до Охрид и патниот правец од Охрид до Свети Наум. Овој кредит кој македонската и кинеската влада го потпишаа уште во месец Ноември минатата година, наскоро ќе добие и собраниски легитимитет. Владата на Република Македонија, на 9ти овој месец до Собранието го испрати предлог-законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина. „Денес ексклузивно го овјавувам...

Continue reading

caulev

Чествување на 100-годишнината од Охридското востание

Post Views: 2 Oхридскиот Совет даде зелено светло во септември оваа година да се одбележи 100 годишнината од Охридското востание. Повод за кревање на востанието било потпишувањето на  Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија. Ден по потпишувањето на  овој погубен договор за Македонија, Централниот комитет на Вмро испратил делегација која побарала од големите сили ревизија на договорот.  До  ревизија на договорот не дошло и Организацијата  ја продолжила револуционерната борба за ослободување на Македонија. Подготoвките почнале и на 21 август  продолжила организираната...

Continue reading

opstina

Локалната без греење

Post Views: 0 Познато е дека Локалната самоуправа и подрачните единици на министерствата користат иста зграда. Според општинскиот гласноговорник Симон Илиевски во однос со обезбедување на нафтени деривати за време на грејната сезона постоел меѓусебен договор меѓу Локалната и државните подрачни единици, за тоа со која динамика треба да се финансира обезбредувањето со нафта, кој колку троши според квадратурата на работната површина со која располагаат. Договорот не бил испочитуван бидејќи министерствата до сега не си ја исполниле својата обврска поради која не само локалците туку и...

Continue reading

parking aparat

Локалната си ги бара паркинзите назад

Post Views: 9 Локалната самоуправа си ги сака паркинзите назад. Ќе се раскинува договорот помеѓу ЈП Билјанини Извори и концесионерот  “Сузуки“. Предлог одлуката за раскинување на договорот пред советниците ќе се најде на следната седница на совет. Ова за ТВМ го потврдија од локалната самоуправа.  Во отсуство на градоначалникот кој е на службено патување, портпаролот Симон Илиевски  објасни кои се следни чекори на локалната. „Локалната самоуправа како сопственик најверојатно на следната седница ќе донесе нова одлука за расинување на договорите за одреден дел на паркинзи, а понатаму...

Continue reading

balon igraliste

Стопирана изградбата на игралиштето балон

Post Views: 1 Привремено стопиран проектот за изградбата на игралиште балон во дворот на ОУ „Григор Прличев“. ТВМ дознава дека проектот за кој се крена доста прашина изминативе денови, само што започна – се прекина. Оваа информација ја потврдуваат од секторот за образование при локалната самоуправа. Раководителот Серафим Наумовски вели дека проектот е само привремено стопиран и дека истиот штом завршат законските постапки ќе се реализира. „Спогодбено се раскина договорот меѓу двете странки. Постапката со тој чин заврши. Во јавните гласила објавена е објавата за издавање на закуп на ...

Continue reading

drva za ogrev

Дрва за огрев има, тврдат од ЈП Македонски Шуми

Post Views: 4 Дваесетина дена пред почетокот на грејната сезона ЈП македонски шуми, подружница Охрид забрзано испорачува огревно дрво. Дрва има, велат од таму и во шумата но и во складиштето на ЈП. Што се однесува до проблемот кој претседателот на здружението на пензионерите го најави кога се пожали дека  Иако пензионерите уредно си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, ТВМ денеска успеа да открие каде е проблемот.   „Според договорот склучен во месец март,помеѓу здружението на пензионерите и ЈП македонски шуми подружница Охрид, за овој месец е исполнет, поточно...

Continue reading

grigor

Спортско игралиште под тенда

Post Views: 1   Во дворот на ОУ. „Григор Прличев“, се подготвува терен за градба. Местото веќе е оградено и отпочнати се подготовките за уредување на тој простор. Охриѓани се љубоптни што ќе никне на тоа место. Дилемата ја разреши општинскиот гласноговорник Симон Илиевски. Тој нагласи дека училиштето ги започнало подготвителните работи за средување на овој простор и поставување на времена урбана опрема. „Тука ќе се гради фудбалско игралиште, мислам покриено игралиште, тоа е проектирано според урбаниастичкиот план е проектирано отворено, на барање на ОУ „Григор Прличев“, Советот на...

Continue reading

parkinzi

Паркинзите во Охрид „солени“

Post Views: 0 Само три дена откако Сузуки М-Т ДОЕЛ, стана концесионер на една четвртина од паркинг местата во градот, цената од 30 ден се искачи на 50 денари за час. Охриѓани а и посетителите на градот се најдоа затекнати од поскапувањето. Тие сметаат дека  ваквиот потег во најмала рака е самоволе на концесионерот.  Стручни лица кои добро ја познаваат оваа проблематика за ТВМ кажаа дека  зголемувањето или намалувањето на висината на надоместок за услуга од јавен карактер треба да добие амин од  Советот на општина Охрид. На поскапувањето на цената за паркинг место во градот, жестоко...

Continue reading

todorov

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 2 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Continue reading

plazi Struga

Анекс договори за концесионерите на плажи од Струга

Post Views: 7 Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат  и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со Министерството за транспорт и врски. „Доколку ги исполнат договорите...

Continue reading

Kuratica

Што се крие зад проектот „Курајчки карневал за 2011 год“

Post Views: 10 „Скандалозно менаџирање со проектите во ЛЕР“, вака е насловено писмото кое во редакцијата на ТВ М го испрати Претседател на Здружението на граѓани Свети Василиј од Куратица, Горан Ангелоски. Тој во дописот потенцира дека и покрај тоа што Советот на Општина Охрид и градоначалникот  донеле Одлука за финансиска поддршка на манифестација „Курајчки карневал за 2011 год“, сепак здруженито трпи поради раководителот на ЛЕР, Гоце Симоноски, кој од само за него познати причини, до ден денеска на здружението не му има исплатено ниту денар од договорот.    Ангелоски додава дека...

Continue reading

konferencija

Што ќе добиеме со „Договорот за дримскиот басен“?

Post Views: 4 После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора),  потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top