Што се крие зад проектот „Курајчки карневал за 2011 год“

„Скандалозно менаџирање со проектите во ЛЕР“, вака е насловено писмото кое во редакцијата на ТВ М го испрати Претседател на Здружението на граѓани Свети Василиј од Куратица, Горан Ангелоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Kuratica
Kuratica

„Скандалозно менаџирање со проектите во ЛЕР“, вака е насловено писмото кое во редакцијата на ТВ М го испрати Претседател на Здружението на граѓани Свети Василиј од Куратица, Горан Ангелоски. Тој во дописот потенцира дека и покрај тоа што Советот на Општина Охрид и градоначалникот  донеле Одлука за финансиска поддршка на манифестација „Курајчки карневал за 2011 год“, сепак здруженито трпи поради раководителот на ЛЕР, Гоце Симоноски, кој од само за него познати причини, до ден денеска на здружението не му има исплатено ниту денар од договорот.   
s Kuratica

Ангелоски додава дека и покрај најдобронамерните одлуки како на Градоначалникот и на Советот на Општината, сето ова се претвори во една тешка и мрачна агонија кога дошло во рацете на Раководителот на ЛЕР, Гоце Симоноски. Тој потенцира  дека на објавениот Јавен повик од страна на ЛЕР  за поднесување на проекти за манифестации, со цел да се  овозможи поддршка, здружението на граѓани Свети Василиј, аплицираше со проектот „Василица 2011“, по што истиот бил одобрен. Според  Претседател на Здружението на граѓани „Свети Василиј“, тие во рокот определен со проектот го доставиле завршниот извештај за манифестацијата до секторот за ЛЕР и истиот бил прифатен дека е позитивен. Тој тврди дека биле доставени и докази за сите извршени исплати на музички групи, пеачи, награден фонд и други трошоци што манифестацијата ги има секоја година. Според Ангелоски карневалот се опструира само од една личност, која си зема за право да работи спротивно на одлуките на градоначалникот и советот. Таа личност според Ангелоски од денеска натаму е непожелна во селото Куратица.
Goce SimonoskiСпротивно на ова раководителот на ЛЕР, Симоноски кој денеска поради оправдани причини не беше на работа во телефонскиот разговор ни истакна дека е згрозен од невистините, лагите, а посебно од личните закани упатени кон него и поблиското семејство од страна на Горан Ангелоски. Симоноски рече дека е не прв пат Ангелоски да му се заканува поради што во текот на утрешниот ден против него во СВР ќе поднесе кривична пријава. Симоноски уште додаде дека во ЛЕР има лице задолжено за рурален развој – Горан Мицковски, кој континуирано ги прати сите проекти и активности за овој дел.  Во интерес на вистината контактиравме и со Мицковски. Според него здружението Финасискиот извештај во ЛЕР го поднело на 28. февруари 2011 год, а барањето за исплата по договорот пак за финасирање на проект бил поднесен на 28. II .2011 год. Мицковски кажа дека според спецификацијата сметките кои се поднесени, за кои здружението бара исплата се софпаѓаат со договорот. ТВМ стигна и до договорот и до целата докумнтација за овој проект. Повеќе од очигледно е дека во сите приложени сметки имаше само една фискална и тоа на 750 денари. За сите останати пари, здружението има поднесено само каса исплати и сметко потврда, без фискална сметка која го дкажува трошокот.  Спротивно на ова, фактири, фискални сметки, налог за исплата и изводи од банка во дукументацијата на просктот не сретнавме.  
Инаку Претседател на Здружението на граѓани Свети Василиј, Ангелоски во телефонскиот разговор утрово од Швајцарија уште кажа дека тој во Македонија се враќа на крајот од неделава кога и здруженито ќе одржи состанок на кој ќе се донесат заклучоци по што ќе се свика и пресс конференција. Тој беше категоричен дека и покрај опструкциите на ЛЕР поточно Симоноски и неисплатените 150.000 денари, сепак карневалот ќе продолжи успешно да опстојува како и досега.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top