Анекс договори за концесионерите на плажи од Струга

Концесионерите на плажи договорите за  уште две години ќе го потпишуваат со локалната самоуправа.

 |  Маленкова Татјана  | 
plazi Struga
Плажи Струга

Концесионерите на седум од дванаесеете плажи на брегот на Охридското езеро во делот на Струга, доколку сакаат  и понатаму да стопанисуваат со плажите, ќе треба да потпишат анекс договори со општина Струга за концесионирање во наредните две години. Во постапката ќе се опфатат сите плажи чиј двегодишен мандат веќе истекува. Новите договори нема да сменат ништо во однос на цената на концесијата за следните две години која ќе остане непроменета во однос на првите договори кои закупците ги имаа склучено со plazi Struga Министерството за транспорт и врски.

„Доколку ги исполнат договорите согласно договорот и достават навремено барање општина Струга ќе пристапи кон склучување на граѓани уште за две години. По завршувањето на тој договор, тогаш општина Струга веќе нема обврска да ги продолжува договорите со анекс договори, туку распишува своја објави со свои услови кои општината ќе ги објави и ќе ја распише објавата“, вели секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски.

На јавен оглас ќе бидат доделени и нови пет плажи за кои досега никогаш не беше распишан јавен оглас. На 38 та седница на совет треба да се донесе нацрт план за локално крајбрежје во кој се утврдени одредени активности и одредени маркици кои ќе прецизираат што ќе содржат плажите. На овој потег предвидени се уште две до три плажи, но проблем се имотно правните plazi Struga односи. По потпишувањато на Анекс договорите општина Струга, ќе треба и да контролира дали и колку закупците го почитуваат договорот.

„Со потпишувањето на договорите надлежностите и во контролата и во инспекцискиот надзор ќе ги има општинската администрација, односно овластените инспектори. Концесијата се уплаќа на трезорската сметката, па потоа се делат 80/20, или 20% за општина Струга и 80%  за владата“, додава Гулицоски.

Барањата за Анекс договори општина Струга веќе ги испратила до постоечките закупци и истите треба да бидат потпишани и вратени назад до месец мај. Со овие договори, 6 концесионери на плажи ќе добијат нов договор, а концесионерот на уште една плажа Анекс договорот ќе го потпише следната година затоа што постоечкиот договор му истекува во 2013 год.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top