Дрва за огрев има, тврдат од ЈП Македонски Шуми

Поплаките од пензионерите дека сеуште не им се испорачани дрвата за огрев, стигнаа до надлежните.

 |  Маленкова Татјана  | 
drva za ogrev
дрва за огрев

Дваесетина дена пред почетокот на грејната сезона ЈП македонски шуми, подружница Охрид забрзано испорачува огревно дрво. Дрва има, велат од таму и во шумата но и во складиштето на ЈП.
Што се однесува до проблемот кој претседателот на здружението на пензионерите го најави кога се пожали дека  Иако пензионерите уредно си ги плаќаат ратите за дрвата, тие сеуште не им се испорачани, ТВМ денеска успеа да открие каде е проблемот.  

„Според договорот склучен во месец март,помеѓу здружението на пензионерите и ЈП македонски шуми zoran najdenoski подружница Охрид, за овој месец е исполнет, поточно испорачани се 2000 просторни метра даб и 500 просторни метра бука“, вели  технички раководител на ЈП  Зоран Најданоски. Тој додава дека на 01. август се направил анекс договор, според кој договорената количина на огревно дрво треба да се испорача заклучно со месец октомври.

„Моменталната ситуација е испораката на дабово дрво и бука по пензионерите се испорачува, но се јавува проблем каде пензионерите до ден денеска должат 1 милион и 300 илјади денари. Во клаузулата направена во анекс договорот стои дека заклучно со 30.09 обврската према целата количина која ја имаме склучено со анекс договорот треба да се исплати. А од друга страна ние имаме обврска заклучно со 10 месец остатокот од 2000 кубици даб и 70 кубици бука да ги испорачаме“, вели технички раководител на Јпмакедонски шуми, подружница Охрид, Зоран Најденоски.

Најденоски признава дека Јп има дрвна маса која сеуште не ја има испорачано, но додава дека тоа веднаш ќе се реши, штом пензионерите го подмират долгот.

На прашањето дали ЈП може да прогледа низ прсти и на пензионерите да им даде малку подолг период за drva za ogrevподмирување на долгот, техничкиот секретар категоричен дека тие се подружница и неможат ваква одлука да донесат сами. За вакво барање клубот на пензионери треба да стапи во контакт со ЈП македонски шуми, вели Најденоски.

„Да ја платат сумата, зошто ако не ја платат сумата ние ќе прекиниме со испорака. Со другите синдикати со кои имеме договори, немаме никакви проблеми, дрвната маса е испорачана. Можам да кажам дека во ден се носи од 200 до 300 просторни метри.   А за пензионерите просторно испорачувам околу 500 просторни метри.  Имаме доволно количини на дрва. Работиме и сабота и недела.  Секој ден за пензионерите испорачуваме дрва“, додава Најденоски.

Најденоски открива дека денеска стапиле во контакт со централата во Скопје и разговарале за намалувањето на цената на дрвата за огрев.одлуката за финалите промени треба денеска да стигне во охридската подружница, по што најверојатно од утре огревното дрво ќе се продава по новите намалена цена и тоа 10 % за физички лица и  и 20 % за социјални случаи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top