Паркинзите во Охрид „солени“

Изгор скапи цени за паркинг место во Охрид. Старо новиот концесионер на дел од паркинзите во Охрид, „Сузуки М-Т ДОЕЛ“, на најфреквентните позиции во централното градско јадро, деновиве ја поскапи цената за паркинг место од 30 на 50 денари.   На тоа реагира охриѓани но и политичката јавност.

 |  Николоска Биљана  | 
parkinzi
паркинзи

Само три дена откако Сузуки М-Т ДОЕЛ, стана концесионер на една четвртина од паркинг местата во градот, цената од 30 ден се искачи на 50 денари за час. Охриѓани а и посетителите на градот се најдоа затекнати од поскапувањето. Тие сметаат дека  ваквиот потег во најмала рака е самоволе на концесионерот.  Стручни лица кои добро ја познаваат оваа проблематика за ТВМ кажаа дека  зголемувањето или намалувањето на висината на надоместок за услуга од јавен карактер треба да добие амин од  Советот на општина Охрид. На поскапувањето на цената за паркинг место во градот, жестоко реагираа од штабот на ВМРО -ДПМНЕ. Портпаролот Никола Митровиќ, поскапувањето го нарече, криминален потег.

mitrovic„Петрески му нанесе уште еден удар на охридскиот туриам и тоа од најдолен и најкриминален вид. На  сограѓаните им го одзеде правото на паркинг пред местото за живеење,им е одземен пристапот до центарот на градот а туристите се удрени по џебот за паркинг на места каде што никогаш немало таква услуга.Најлошиот момент во сето тоа е што средствата наместо да одат во ионака испразнетата градска каса одат во приватни џебови а постојат и индиции дека со дел од нив се сака да се финансира кампањата за локални избори на СДСМ“.

На поскапувањето на цената за паркинг местата во градов реагираат и од ВМРО – НП. Од таму апелираат до Локалната самоуправа да реагират на неговите концесионери да ја почитуваат одлуката на Советот на општина Охрид, според која цената за паркинг простор изнесува 30 денари. Од ВМРО – НП потсетуваат дека и концесионерите ќе можат да ја зголемат цената само тогаш кога Советот ќе донесе таква одлука.
Во врска поскапувањето на паркинг местата во градов за прв пат без конкретен став е градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој кратко одговори дека не назрел во договорот на ЈП со концесионерот.

sain„Оној дел од паркинзи што се издадоа под закуп ги издаде ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинзи и по која цена ги издаде и по колку треба да се наплаќа дали стои во договорот јас неможам да ви кажам“.

Првиот човек на ЈП „Биљанини Извори“, Боро Шаин, вели дека во договорот склучен со концесионерот не е  утврдена висината на цената за наплата на паркинг место и немал право да се меша во формирање на цената.

„Ако има одлука на Совет тие треба да си ја почитуваат, значи ние не можиме да им кажиме колку како и што, се што ќе направат надвор од законот треба да одговараат“.

Останува да видиме колку време охриѓани и туристите ќе плаќаат паркинг по 50 денари од час пред надлежните да одлучат да реагираат и да ги преземат соодветните законски мерки.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top