Ознака: дневниот

седница

Советниците работно до крај-утре нова седница

Post Views: 0 Утре ќе се одржи 42 седница на Советот на општина Охрид. Дневниот ред составен од 44 точки ветува сериозна дискусија. Најзвучна и веројатно најважна точка на дневниот ред е предлог буџетот на општината за 2012 година. Оваа точка е редовно извор на несогласувања помеѓу советниците, па останува да видиме за што е планирано да се трошат општинските пари. Сепак, буџетот не е единствената интересна точка на дневниот ред. Тука се и неколкуте точки за програмите за работа на јавните претпријатија од градов. Иако изгледаат неатрактивно, сепак работењето на охридските јавни претпријатија...

Continue reading

Petreski

Брат за брат-сирењето со пари!

Post Views: 7 Бурна расправа и остри реторики предизвика втората точка на дневниот ред на четириесеттата седница на Советот на општина Охрид. Станува збор за точка која беше вметната во дневниот ред на предлог на градоначалникот Петрески, а се однесуваше на јавната набавка на средства за реконструкција и модернизација на јавното осветлување во Охрид.Партиски препукувања и заострени коментари ја одбележаа четириесеттата седница на советот на општина Охрид, а спротиставените ставови на советничките групи ги извлече втората точка на дневниот ред. Оваа точка не беше во првичната верзија...

Continue reading

sednica na sovet

Исцрпен дневниот ред од 39-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 Заврши продолжението на 39тата седница на советот на општина Охрид. Дневниот ред вклучуваше девет точки меѓу кои: предлог одлуката за утврдување Нацрт Урбанистичка планска документација за вон населено место Лагадин – Пештани дел од блок 1-опфат 1 општина Охрид 2011-2016, предлог одлука за условите и начинот на одведување на урбани отпадни води, предлог одлука за давање согласност на Одлуката за задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид со долгорочен кредит, како и предлог одлуките за разрешување и именување на членови на училишен одбор во основните училишта „Кочо Рацин“...

Continue reading

Центарот „Доброто љубие“ нема да згасне

Post Views: 3 Станува збор за  проект инициран од Католичката, а прифатен  од Православната црква. Центарот е заеднички организиран и поддржан од двете цркви. Со заминувањето во пензија на отец Димитрије и  преместувањето на католичкиот отец Стефан, од Охрид во Сараево, па родителите стравуваат за опстанокот на центарот. За родителите на штитениците во овој дневен центар неговото функционирање е од голема помош. Сега тие се загрижени со ново настаната состојба, па  психологот Марија Кочоска, која се грижи за штитениците  на дневниот центар, смирува.„Нема потреба да стравуваат, ние...

Continue reading

proekt Plaoshnik

Треба ли Охрид да учествува во проектот на Плаошник?

Post Views: 2 Треба ли Општина Охрид да биде ко-инвеститор во проектот за  изградба на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник? Оваа точка на денешната седница на Советот на општината, предложена од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по две долги координации стана дел од дневниот ред. Имено, станува збор за предлог за учеството на општината во проектот за изградба на административните објекти на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник. Координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски со свое видување:-„Општина Охрид треба да земе учество во целокупниот проект...

Continue reading

opshtina

Финансиски рапорт на јавните претпријатија

Post Views: 11 На утрешната 31- седница на советот на Општината, охридските советници ќе расправаат околу финансиското работење на јавните претпријатија  и општинските училишта. Исто така, на дневен ред ќе се најде и Предлог одлуката за усвојување на дополнувањето на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид. Финансиското работење на охридските јавни претпријатија, тема на утрешната седница на советот на општината. Покрај јавните претпријатија, извештај за своето работење пред советниците, ќе поднесе и Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат. И усвојувањето...

Continue reading

metadon

Алтернатива за независност од хероин – метадон

Post Views: 5 Метадонската терапија се зема на државна чешма. Оваа терапија всушност претставува институционално дрогирање на наркоманите, како би се заштитило општеството од нивното криминално однесување. Во дневниот центар во Охрид се користи методата на метадонска терапија, со која пациентите постепено треба да се одвикнaт од користење на дрога. Има многу причини и факти поради кои децата посегнуваат  по дрога, вели Горан Поп Марков, социјален работник во центарот за зависници од Охрид. Тој додава дека зависноста и проблемите во семејството, воспитната запуштеност во семејството,...

Continue reading

Stefan

Црна статистика

Post Views: 6 Црна статистика на нарко зависници за 2010, а годинава уште поцрна. Во Охрид светлата бројка на нарко зависници регистрирани минатата година изнесува 338, додека пак оваа година во рапиден пораст.  Доцна синоќа по претходно издаден писмен судски налог, извршен е претрес во домот на Б.Т. (23) години, познат нарко зависник од Охрид, каде била пронајдена извесна количина на хероин. Тука бил затекнат и Д.Г (22) од Охрид. Покрај хероинот во неговиот дом биле пронајдени повеќе мобилни телефони, современ  фото апарат, рачни радио станици, сигнален пиштол, поголема количина...

Continue reading

sednica

Кратко 25-то издание на седницата на градскиот Совет

Post Views: 4 Освен по кусата расправија околу предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за управување со отпад во Југозападниот регион, тешко дека по друго оваа седница ќе остане запаметена. Од најавените триесетина точки по дневниот ред, едвај неколку да беа изгласани. На самиот почеток од седницата советниците кренаа рачна. При утврдување на дневниот ред, советничката група на НСДП, со барање да се изземе предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за регионално интегрирано управување со отпад во Југозападниот регион. Имено од оваа...

Continue reading

karta

Хорор во урбаната сфера

Post Views: 2 Позади партискиот став на СДСМ застана Томислав Тунтев. Тој во негов стил кажа дека, доколку на секоја точка од дневниот ред поврзана со урбаните документации, се изнесува непринципиелното на принципиелниот став на ДПМНЕ, ќе дојде, како што кажал некој негов војнички другар: „Јас имам еден принцип, никогаш не се држам до моите принципи“.Дека се постави знак прашалник по однос на двете спорни точки од дневниот ред на 24 седница, кои се однесуваа на донесување одлуки за локални плански документации, докажува одложувањето на овие точки за некоја наредна седница. Очигледно,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top