Ознака: дневниот

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ВО ПОСЕТА НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР „ЗРАЦИ“

Post Views: 0 По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3-ти декември, градоначалникот Кирил Пецаков денеска беше во посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Зраци“. Со вработените кои секојдневно се ангажирани за грижа на лицата со попреченост, градоначалникот разговараше за начинот на функционирање и тековните потреби на центарот. Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа продолжува со обезбедување на финансиска поддршка за овој центар од општинскиот буџет и дека ќе вложи напори за овозможување на редовни приходи за ангажираните воспитувачи...

Continue reading

crtezi

Триесет години успешна приказна

Post Views: 2 Игор, Јасе, Деа, Нури, се само некои од штитениците на Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга кои поголемиот дел од денот го минуваат токму тука. Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака  функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на...

Continue reading

НОВ ТВ ПРИЕМНИК ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР “ЗРАЦИ“

Post Views: 0 Вршителот на должноста градоначалник, Константин Георгиески, го посети дневниот центар “Зраци“ и им го врачи новиот тв приемник, подарок од компанијата “ЗЕГИН“. На средбата Георгиески беше запознат со работата на центарот и потребите за негово успешно функционирање во иднина. Георгиески истакна дека навистина е благородна работата на вработените и родителите на лицата со посебни потреби и искажа подготвеност локалната самоуправа, активно да работи на подобрување на условите и институционално трајно решение за работата на дневниот центар.

Continue reading

suma

Со хуманитарната акција за центарот „Зраци“, собрани повеќе од 27.671 денари

Post Views: 3 На хуманитарна акција за собирање на средства за децата со попреченост во развојот од дневниот центар „Зраци“ кој функционира во Охрид, која викендот се одржа во кафе барот „Аквариус“ собрани се 27.671 денари. Денес оваа информација осамна на Фејсбук профилот од еден од споствениците на кафе барот. Во саботата дел од учесниците во јавниот живот во Охрид, политичари, новинари и сл. работеа како шанкери и келнери во периодот од 11:30 до 14:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

sednica Struga

Урбана опрема, што е тоа?

Post Views: 9 Седница со многу факти, вистини и предупредувања. На самиот почеток на 26 тата седница претседателот на Струшкиот совет ги предупреди советниците да се придржуваат кон дневниот ред и дека на седницата нема место за политички маркетинг. Жестока расправа се отвори уште на самиот старт, поточно на втората точка од дневниот ред, предлог програма за поставување на урбана опрема за 2011 год. Претседателот на комисијата за урбанизам Ќазим Илјази рече оти мора да се почитува програмата за поставување на урбана опрема. Јулијана Зунова од ВМРО – ДПМНЕ побара да се формира анкетна...

Continue reading

razbojnik

Грабеж на бензинска во Струга

Post Views: 0 Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчераутро ограбил бензинска пумпа во Струга, од која однел плен од околу 27.000 денари. Грабежот се случил околу 3 часот, кога разбојникот влегол во просториите на бензинската пумпа „Уника“ и го вперил оружјето во вработениот К.Д. (32). Откако го репетирал пиштолот, маскираниот арамија му рекол на вработениот да му ги даде парите, кој, пак, исплашен за својот живот, веднаш му ја фрлил чантата во која веќе биле спакувани парите од дневниот промет. Разбојникот со пленот побегнал од местото, а К.Д. го пријавил случајот во полиција,...

Continue reading

zraci

Дневниот центар “Зраци” со признание за сите помагатели на нивните штитеници

Post Views: 2 Топла насмевка, љубопитни прашања, мала закуска и пријателски пречек од штитениците на дневниот центар “Зраци” за сите донатори и помагачи на овој центар. По повод Меѓународниот ден на лицата со интелектуална попреченост, луѓето од Зраци организираа мала свеченост како би можеле во рамките на своите можности и официјално да се заблагодарат на сите добротвори кои во изминатиот период со својата несебичност помогнале за подобро функционирање на центарот. Не намалувајќи го значењето на секоја една добиена донација, од Центарот Зраци велат дека за нив навистина...

Continue reading

socijalno

Ќе се реконструира Центарот за социјална работа Охрид

Post Views: 0 Охридскиот Центар за социјална работа ќе се реновира. Тој е дел од седумте центри на ниво на земјава кои ќе се реконструираат, за што Министерството за труд и социјална политика обезбеди средства во висина од 38 000 000 денари преку ИПА програмата на ЕУ. Како што нагласи директорот на Охридскиот Центар, Екрем Каљоши тие веќе отпочнале со подготовка за престојните зафати. „Во моментот сме во фаза на преселување на материјалите во други простории каде што привремено ќе бидеме сместени со персоналот. Што се однесува каде ќе работиме, лицата ангажирани за остварување на...

Continue reading

блато

Охридските советници ќе распараваат за урбанизацијата на Плаошник и студенчишкото блато

Post Views: 10 Дел од точките на дневниот ред на денешната 38-та седница на Советот на општина Охрид, се и Предлог Заклучокот за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник  како и Предлог Заклучокот за усвојување на Информацијата за текот и постапката за урбанизација на локалитетот Студенчишко блато. Повеќе информации во Дневникот на ТВМ ТелевизијА во 17 и 22:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

zraci

Дневниот Центар „Зраци“ доби грант од 5200 евра

Post Views: 9 Грант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата. „Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои...

Continue reading

dobrotoljubie

Нормални услови, а не луксуз бараат штитениците на дневниот центар за лица со посебни потреби „Добротољубие“

Post Views: 2 Ова се просториите во кои веќе девет години се згрижени штитениците од дневниот центар за лица со посебни потреби  „Добротољубие“. Мебелот, покуќнината, ѕидовите, санитаријата, времето ги излитило и нагризило, и по девет години постојана употреба, најголемиот број од елементите ја изгубиле својата функционалност или се во лоша состојба. И покрај тоа, 12те штитеници секојдневно седат на истите неудобни столчиња, ручаат на истите маси, и се занимаваат гледајќи телевизија на нешто што одвај личи на колор телевизор. Од здружението велат дека не бараат никаков луксуз, туку...

Continue reading

dneven centar

Одбележување на Светскиот ден на лицата со попреченост, во дневниот центар „Зраци“

Post Views: 2 Дневниот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост , „Зраци“ од Охрид веќе дванаесетта година функционира на територијата на општината и во него се опфаќаат адолесценти и возрасни лица со интелектуална попреченост. Сместен во призмените простории на О.У „Братство-единство“ и обезбедува подршка на лицата на дневна основа, обука за усвојување и усовршување на вештини за самостојно живеење, работно окупациони програми, образовни програми и социјални активности  за лицата со интелектуална попреченост. Утре  на Светскиот ден на лицата со попреченост,во просториите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top