Триесет години успешна приказна

Триесет години успешна приказна, тоа е Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга.

 |  Голабовски Крсте  | 
crtezi
цртежи

Игор, Јасе, Деа, Нури, се само некои од штитениците на Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга кои поголемиот дел од денот го минуваат токму тука. Оваа организација е формирана во 1984-та година, од страна на група родители кои имаат деца со посебни потреби, конкретно со интелектуална попреченост и оттогаш непрекинато функционира. На почетокот Порака  функционира како социјален клуб, во кој се одвивале одредени активности, дружења, екскурзии, за да во 2005-та година, со помош на Локалната Агенција за развој, Општина Струга, UNDP и финската влада се формира дневниот центар.
Со процесот на децентрализација, а преку делегирање на надлежностите од страна на општините на граѓанските организации, се отворила можност за делување и пружање огромна помош од страна на општината, вели Анита Гагоска, проект менаџер во Порака Нова.

порака нова„Ние имавме среќа општината да ни излезе во пресрет. Има дневни центри кои функционираат а не се подржани од општината.„Можам да се пофалам дека ние сме првиот дневен центар во Македонија кој е финансиран од страна на Локалната самоуправа“. Тројца вработени, сите трошоци кои се за организацијата на дневниот центар потпаѓаат под таа сума која за таа намена се определува од буџетот на општината“, објаснува Гагоска

Но, помошта од општината не е доволна додава таа. Многу труд е потребно за да се раководи со една граѓанска организација, треба следење на барањата за изработка на проекти и секако нивна реализација. Гагоска објаснува дека „Порака Нова“ не е само центар за семејна поддршка, туку и центар за семејна оддишка. Обично мајките се оние кои се грижат за своите деца, за сметка на својата професионална кариера, но со вклучувањето на децата во овој центар, мајката може да се врати на работа со што семејството ќе добие плус приходи.

порака новаОсвен дневниот центар за деца со посебни потреби, во „Порака Нова“ функционираат и други сервиси, како што е „Центарот за ран третман и едукација“, потоа тука е и давањето индивидуални часови за деца во развоен период, давање обуки за самостојно живеење како и едукација на лицата со посебни потреби за вклучување на пазарот на трудот. Веќе извесно време во центарот волонтираат и преставници од Амриканскиот Мировен Корус. Џесика Дејвидсон веќе 1,5  година е дел од тимот на „Порака Нова“.

„Ми се допаѓа што волонтирам во „ПоракаНова“ и успеавме да донесеме тука и една група волонтери од училиштата од Струга да се запзонаат со штитениците на центарот, да внесеме позитивна енергија, да играме заедно, но и да спроведуваме некои социјални и едукативни активности“, вели Дејвидсон.

Дневните центри  се центри во кои лицата со посебни потреби го минуваат денот, учат вештини, се дружат, имаат одредени активности, имаат екскурзии, работат по дневни , месечни, и годишни програми како и индивидуални програми за секој корисник. Во моментов во центарот „Порака Нова“ во Струга се вклучени, 20 корисници, а истиот брои 400 членови. Во Струга моментално се регистрирани 500 лица со интелектуална попреченост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top