Црна статистика

Црна статистика на нарко зависници за 2010, а годинава уште поцрна. Во Охрид светлата бројка на нарко зависници регистрирани минатата година изнесува 338, додека пак оваа година во рапиден пораст.

 |  Билјана Николоска  | 
Stefan
Стефан Димоски

Црна статистика на нарко зависници за 2010, а годинава уште поцрна. Во Охрид светлата бројка на нарко зависници регистрирани минатата година изнесува 338, додека пак оваа година во рапиден пораст.

 Доцна синоќа по претходно издаден писмен судски налог, извршен е претрес во домот на Б.Т. (23) години, познат нарко зависник од Охрид, каде била пронајдена извесна количина на хероин. Тука бил затекнат и Д.Г (22) од Охрид. Покрај хероинот во неговиот дом биле пронајдени повеќе мобилни телефони, современ  фото апарат, рачни радио станици, сигнален пиштол, поголема количина накит, искористени шприцеви, пари итн. Лицето Б.Т. е лишено од слобода. Ова е само една од бројните пријави за нарко зависниците. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, зборува дека годинава во споредба со лани рапидно расте бројот на нарко зависници во Охрид. Бројот на регистрирани зависници минатата година е 338,  додека годинава тој изнесува 358 до овој период.

Goran Pop MarkovИ од дневниот Центар за нарко зависници од Охрид се соочуваат со зголемен број на нарко зависници, кои се третираат тука. Горан Поп Марков, социјален работник од дневниот Центар, вели дека од оваа институција вложуваат максимални напори за да се справат со се поголемата бројка на зависници. Тој додава дека работата дополнително се усложнува поради приливот на корисници и од другите градови Струга и Кичево кои ги користат услугите на центарот.

Марихуаната и хероинот се најзастапени достапни опојни дроги за злоупотреба кај најголемиот број на зависници. Портпаролот Димоски рече, дека во услови кога сме свесни на порастот на бројот на зависниците, сите субјекти во општеството треба да посветат поголемо внимание на овој проблем, бидејќи сите сме засегнати од ова зло. Примарна задача на стручните екипи на полицијата е превентивната и репресивната функција, додава Димоски, каде според него веќе има и позитивен ефект од нивното делување.

Како проблем од оваа сфера се јавува и местоположбата на дневниот Центар за зависници. Жителите од куќите кои гравитираат околу центарот сеуште не се охрабруваат да зборуваат пред нашата камера, но постојано реагираат и укажуваат дека растат и проблемите со корисниците кои го посетуваат центарот. Марков го изнесе својот став во врска ова прашање но потенцира дека нивно било да понудат квалитетна услуга.

Можеби за се има лек, но она што загрижува и останува нејасно, е дали конечно ќе дојде време сите релевантни институции максимално да се заложат и координирано да делуваат во спречување на каналите за влез на дрогата кај нас.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top