Ознака: директорката

рецепт

Хаос со печатените рецепти

Post Views: 0 Четири дена откако матичните лекари почнаа да работат со печатени рецепти, хаосот во нивните ординации е невиден. Пациентите се револтирани, лекарите се уште слабо се снаоѓаат, а гужвите надвор од ординациите се страшни, коментираат дел од пациентите кои вчерашниот ден го поминале кај своите матични лекари. За ситуацијата да биде поалармантна, болните кои имале поголеми здравствени проблеми, поради технички причини чекаат со часови за да бидат прегледани.Планот на Фондот за здравство за матичните лекари да почнат да работат со печатени рецепти се планираше одамна, ама...

Continue reading

студенчишко блато

„Комуналец“ бара извинување, „Анималија“ не гледа причина за тоа

Post Views: 1 Невладините организации обвинуват дека деградацијата на  Студенчишкото блато продолжува. Oд Здружението за заштита на животните „Анималија“ тврдат дека, и покрај реакциите на јавноста, таму сеуште се одлага отпад, и тоа од страна на ЈП Комуналец. Вчера тоа и го изјавија на јавната расправа која се одржа во општинската зграда а се однесуваше на донесувањето на ГУПОТ за УЗ 17.1 во која спаѓа и Студенчишкото блато. Во телефонски разговор директорката на ЈП Комуналец, Елена Скрческа за ТВМ кажа дека за ваквата изјава од преставникот од „Анималија“ ќе бара јавно извинување...

Continue reading

sv sava

Морничава и опасна станува зградата Св. Сава

Post Views: 7   Објектот на поранешното училиште     Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат  пократкиот приод  до школото Св Климент,  а и за минувачите  кој поминуваат  покрај овој објект. „ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок  пат. ТВМ го контактираше...

Continue reading

кз

Во охридскиот кардиолошки завод постојано се инвестира

Post Views: 6 Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан”  ќе инвестира во подновување на установата.  Директорката на кардиолошкиот завод, д-р Изабела Афтовска  Наумоска информира дека во  2015  ќе инвестираат во немедицинска опрема за разлика од лани кога инвестирале во медицинска опрема и едукација на медицинскиот кадар.  Директорката објаснува дека со сопствени средства ќе инвестираат во купување  агрегат за струја и подновување на болничката перална. „ Оваа година приоритетот  ставивме на немедицинската опрема....

Continue reading

gradinka

Охридската градинка работи со деца со пречки во развојот

Post Views: 9 Градинката „Јасна Ристеска“ создава услови за згрижување дечиња со помали пречки во психофизичкиот развој. Во ова предшколска установа набавени се сите аудиовизуелни средства како и опрема и материјали за работа со овие деца. Директорката Роза Костоска вели дека интерес кај родителите за згрижување на децата има, а според законот во групата каде што има дете со пречки во развојот вкупниот број на децата се намалува за два. Не е благодарно да кажуваме колку дечиња има во градинката со некаква попреченост бидејќи ние во никој случај не сакаме да ги етикетираме. Ние работиме...

Continue reading

patronat Grigor Prlicev

Основците од „Григор Прличев“ достојно го одбележаа својот патрон

Post Views: 16 Со песни, игри, прекрасна ликовна изложба, литературни творби и драмски изведби, учениците на ОУ „Григор Прличев“ му оддадоа почит на својот патрон, најголемиот охридски поет, Григор Прличев. Полната сала во Центарот за култура беше претесна за да ги собере родителите и роднините на младите ученици кои со своето залагање достојно го износија името на својот патрон. Директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска вели дека иако е товар да се носи името на најголемиот охридски поет, залагањето на учениците, професорите заедно со родителите, прават тој товар да е...

Continue reading

gradinka

Директорката на охридските градинки ги негира обвинувањата од социјал-демократите

Post Views: 2 Розе Костеска, директорката на охридските градинки ги негира сите обвинувања од социјал-демократите. Ги посочи сите успеси на градинката во изминатава година и пол. Децидно потенцира дека во градинката се работи според Законските прописи. Демантира дека цената за полудневен престој е зголемена, туку дека се работи за усогласување на законските прописи од 2004 година.„ Правилникот е објавен во Сл. Весник бр. 78/04 Согласно со Законот за заштита на децата (Сл.весник на Рм. бр. 23/13  советот на основачот, на предлог на Управниот одбор на ЈОУДГ за деца ги утврдува цените...

Continue reading

ОO СДСМ бара градоначалникот да го прекине самоволието на директорката на ЈОДУ„ Јасна Ристеска“

Post Views: 0 На прес конференција советничкатат од СДСМ Оливија Пирузева Јанева во името на  социјал-демократите од Охрид побара од градоначалникот Никола Бакрачески,  наместо да замижува, да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката Јасна Ристеска. „ Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари“. За секоја  промена треба да добие согалсност од СОвет на општина Охрид“,  кажа Јанева.  Дополнително, директорката им наметнува на родителите...

Continue reading

Скрческа

Од Охридски комуналец ги негираат обвинувањата од СДСМ

Post Views: 7 Директорката на JП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа,  категорично ги отфрла обвинувањата од СДСМ дека прават депонија во кругот на механзиација на нивното ЈП. Претпијатието наследи стари возила и лошата финансиска кондиција, а депонијата Буково е на 25 км, вели Скрческа. Возилата често  се расипуваат бидејќи се користат секојдневно и по три смени и не може да го издржат патот  до Буково, вели директорката на Комуналец. „ Во зимскиот период не сме во можност да го користиме  Буково. Патот е непристапен во годините кога има снежни врнежи, а како што беше и во изминатиот...

Continue reading

gradinka

Оваа недела сите дечиња ќе одат во централната градинка

Post Views: 3 Драстично намалениот број на деца кои ги користат услугите на детската градинка, ги примора надлежните во функција да го остават само централниот објект на „Јасна Ристеска“. Студеното време, зимскиот распуст, но и поврзувањето на слободните денови за празниците од страна на родителите, драстично го намали бројот на дечињата кои ги користат услугите на детската градинка „Јасна Ристеска“. Розе Костоска директорката  на градинката информира дека  централниот објект ќе работи на 5-ти 8-ми и 9-ти јануари, додека објектите „Лихнида“ и „Развигорче“ се очекува да почнат со...

Continue reading

Dosta Dimoska

Почина Доста Димовска

Post Views: 4 Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување. Таа беше во тешка здравствена состојба, во софиската болница Токуда, како последица на доживеан мозочен удар на 19 март, годинава. Родена е на 17 февруари 1954 година во Скопје, а своето образование го завршила на филозофскиот факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Димовска од почетокот на 2007 година е директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка...

Continue reading

komunalec

Дел од вработени во ЈП „Комуналец“ пуштени на принуден одмор

Post Views: 2 25 вработени во ЈП „Комуналец“ моментално се на принуден одмор. Следуваат уште два турнуси во месец јануари и февруари кога уште по 25 вработени во ова јавно претпријатие ќе бидат пуштени на 70%. Директорката на „Комуналец“, Елена Скрческа објаснува дека нема место за загриженост бидејќи оваа програма за принуден одмор претпријатието ја спроведува веќе петта година по ред. Причина за тоа е намалениот обем на работа во зимскиот период како и завршувањето на договорите на сезонски вработените. Оваа програма се носи на Управен одбор и сите раководители во претпријатието...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top