Хаос со печатените рецепти

Директорката на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева – Змејкова апелираше до аптеките да не ги враќаат пациентите, ако не носат печатени рецепти, се додека не се средат работите.

 |   | 
рецепт
recept

рецептЧетири дена откако матичните лекари почнаа да работат со печатени рецепти, хаосот во нивните ординации е невиден. Пациентите се револтирани, лекарите се уште слабо се снаоѓаат, а гужвите надвор од ординациите се страшни, коментираат дел од пациентите кои вчерашниот ден го поминале кај своите матични лекари. За ситуацијата да биде поалармантна, болните кои имале поголеми здравствени проблеми, поради технички причини чекаат со часови за да бидат прегледани.
Планот на Фондот за здравство за матичните лекари да почнат да работат со печатени рецепти се планираше одамна, ама официјално со работа стартуваше од 1 јули. На првиот ден пациентите се соочија со невидени проблеми, лекарите немаа соодветната опрема, компјутери, софтвери, додека во аптеките болните беа враќани бидејќи не носеле печатени рецепти. Пред некој ден директорката на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева – Змејкова апелираше до аптеките да не ги враќаат пациентите, ако не носат печатени рецепти, се додека не се средат работите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top