Од Охридски комуналец ги негираат обвинувањата од СДСМ

Од Охридски комуналец ги негираат обвинувањата од СДСМ.

 |  Валентина Неловска  | 
Скрческа
Скрческа

Директорката на JП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа,  категорично ги отфрла обвинувањата од СДСМ дека прават депонија во кругот на механзиација на нивното ЈП. Претпијатието наследи стари возила и лошата финансиска кондиција, а депонијата Буково е на 25 км, вели Скрческа. Возилата често  се расипуваат бидејќи се користат секојдневно и по три смени и не може да го издржат патот  до Буково, вели директорката на Комуналец.
чистење
„ Во зимскиот период не сме во можност да го користиме  Буково. Патот е непристапен во годините кога има снежни врнежи, а како што беше и во изминатиот период. Во тие денови во кругот на механзиација имаме претоварна станица , не правиме депонија истиот ден од малите возила   го прифаќаме во големите и го носиме на Буково“, појаснува за ситуацијата Скрческа.  

ЈП Комуналец , Локалната самоуправа и  градоначалникот Никола  Бакрачески прават големи напори да се одржува чистотата на градот и неговото уредување, подвлече Скрческа на денешната прес конференција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top