Ознака: димоски

Промовирано делото „Охридски раскажувачи“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски

Post Views: 6 Со книжевното дело „Охридски раскажувачи“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски започнаа годинешните Прличеви беседи. „Охридски раскажувачи“ е проект со кој ги возобновуваме охридските традиции и поети, имиња од охридската историја и раскажувачи, напомена Димитар Пандев, еден од авторите на делото. Предмет на интерес ни беа охридските раскажувачи, по хронолошки принцип. Ни се отвори темата за Охридскиот заговор, сфативме дека охридската раскажувачка проза на современиот Македонски јазик  започнува со  Охридскиот заговор и продолжува со пред Илинденскиот период...

Continue reading

Со „ Гравири- 40 години отпосле“ се одбележаа 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски

Post Views: 3 Промовирана збирката поезија „Гравири- 40 години отпосле“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промоцијата на репринт изданието на „ Гравири- 40 години отпосле“ се организира по повод 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски. Во 1979 година од високо од родното Велестово, Галичица и Петрино , Славе Ѓорго Димоски се вивна во светската поетска елита. Денес, стиховите на Славе Ѓорго Димоски се дел од многу поетски антологии, а е и најпреведуваниот македонски поет на 30 светски јазици. За збирката поезија беседа одржа професор д-р Димитар...

Continue reading

ograbena zlatara

Пронајдено возилото и дел од накитот од оружениот грабеж во Струга

Post Views: 3 Трагите од крв сеуште стојат на плочките од струшката чаршија и потсетуваат на вчерашната драма која се случи при грабеж на златарата „Циркон“. Имено синоќа околу 18 и 30 часот, пет маскирани лица, вооружани со огнено оружје извршиле разбојништво во струшката златара „Циркон“, при што одзеле разновиден златен накит. Сторителите на разбојништвото на излегување од објектот испукале неколку куршуми, при што како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, тројца се повредени, еден со прострелна рана во ногата и се наоѓа во болницата „Св Еразмо“, надвор од животна...

Continue reading

Стефан Димоски : Граѓаните да се воздржат од постирање информации за тоа каде ќе бидат за новогодишната ноќ

Post Views: 45 За време на празниците кога има поголема циркулација на луѓе во градот, за жал поголем е и бројот на кражби. Добар извор на информации за сторителите на имотни и на други деликти претставува и објавувањето фотографии и локации на социјалните мрежи за тоа каде ќе се прославува новогодишната ноќ, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Апелирам до сите граѓани да се воздржат од постирање информации на фејсбук каде ќе ја поминат новогодишната ноќ, бидејќи тоа едноставно им ја олеснува работата на сторителите на казнени дела-кражби и претставува валидна информација...

Continue reading

serote

Лауреатот на СВП Монгани Вали Сероте допатува во Струга

Post Views: 1 Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. На годинашниот Фестивал ќе учествуваат околу 120 поети од земјава и од странство. Годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, веќе е во Струга, рече претседателот на Управниот одбор , поетот Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за поезијата на  Сероте , Ѓорго Димоски истакна дека јужноафриканскиот  поет бил и политички активист. Тој за време на апартхејдот бил изложуван на репресии и бил затворан. Неговата борба се одсликува и во неговата поезија, рече Ѓорго...

Continue reading

Димоски: Најчест прекршок на кружните текови е непочитување на правото на првенство на минување

Post Views: 0 Не е мал бројот на возачите што не ги познаваат доволно сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на крстосниците со кружен тек на сообраќајот. Општина Охрид последниве години постојано инвестира во изградба на кружни крстосници со цел да се подобри и модернизира патната инфраструктура во туристичкиот бисер и да се намали метежот, но не секој возач знае како правилно да влезе и да излезе од ваква раскрсница.Кружните текови на почетокот беа новина за возачите и тогаш и се правеа повеќе прекршоци, но, со текот на времето бројот е значително намален, изјави Стефан...

Continue reading

svp

СВП со многу новитети

Post Views: 3   Новиот директор на СВП, Мите Стевоски, во битка со проблемите на фестивалот. Тој денеска заедно со претседателот на У.О Славе Ѓорго Димоски, одржа прес конференција, на која во текот на разговорот кажа дека максимално се ангажирал пред престојното 51 издание на СВП. Визиите за развој и унапредување на фестивалот станаа моја секојдневна преокупација  не само за време на моите работни саати, туку  не ретко се случува светлото во мојата канцелерија секој ден да е запалено  после полноќ, вели Стевоски. Додава дека треба да се направи многу за да се врати некогашниот сјај...

Continue reading

Книгата “Извештаи на рисот“ е нов проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески

Post Views: 2    Збирката поезија „Извештаи на рисот“ е нов коавторски проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески. Двајцата македонски уметници, секој врвен во својата област, во нашето кутурно милје донесоа оригинална и уметничка симбиоза, проект составен од песни на поетот и цртежи на сликарот. Пораката на стихозбирката „Извештаи на рисот“ е содржана во самиот наслов, посочува Славе Ѓорго Димоски, најпреведуваниот и најнаградуваниот македонски поет. „ Има 2 именки кои една на друга си противречат. Едната е извештаи, множина и рисот. Едната има полициска конотација,...

Continue reading

svr

Тепачка меѓу средношколци

Post Views: 0 Се степаа стружани и охриѓани. Денеска нешто после пладне околу 14 часот две групи на деца предизвикале тепачка. Во неа учествувале 14 деца од охридското средно училиште ЕМУЦ и неколку од сртушката гимназија Ибраим Темо. Настанот се случил на ул Маршал Тито во близина на ресторанот Т’га за Југ. Нарушувањето на јавниот ред и мир потврден е и од страна на СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски вели дека дел од учесниците се приведени во полициска станица и се врши распит заради утврдување на сите аспекти поради кои дошло до тепачката. После тоа ќе излезат и со детали за...

Continue reading

SVP

Јубилејното издание на СВП ќе се одбележи со бројни содржини

Post Views: 1 Подготовките за јубилејното изданиe на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата се во завршна фаза, информира претседателот на Управниот одбор на поетската манифестација, Славе Ѓорго Димоски. Најголемата и најважната поетска манифестација во земјава во последните години добива  нова концепција, а таков  е случајот и со овогодишното издание. Се очекува да биде промовирана поштенска јубилејна марка, издавање на луксузна Монографија на македонски и англиски  јазик, документарен филм посветен на 5-те  децении од  Струшки вечери на поезијата , како и одбележување...

Continue reading

vodici

Мирко Димоски го фати крстот во Струга

Post Views: 11 „Овој ден е отсекогаш посебен за мене“, изјави годинешниот фаќач на крстот во Струга, Мирко Димоски. На големиот христијански празник Водици, Димоски години наназад скока во водите на реката Црн Дрим, но годинава за прв пат излегува со полни раце, светиот крст. „Поминав низ голема толпа верници и не можам да ги пронајдам вистинските зборови со кои можам да ги пренесам моите чуства“, рече Димоски. Годинешен кум на манифестацијата Водици, е Петко Кутаноски, овојпат во име на Т. А. Балкан Нет. Тој рече дека биле преземени сите потребни мерки на безбедност за овој...

Continue reading

davenik

Плажата „Галеб“, кобна

Post Views: 7 Стружани во паника. Повторно од езерските води на струшкиот дел од охридското крајбережје, извлечено безживотно тело, овојпат на жена. Во рок од нецели два месеци, стружани се соочија со две кобни саботи.  Плажата „Галеб“, повторно актуелна како место на настанот. Како што добро е познато на 11 септември, во водата на езерото беа забележани три мртви тела на сограѓани на оваа општина. Денес нов давеник. Очевидците на овој немил настан не је препознале жртвата, само забележале како безживотното тело го носи езерската струја која на овој дел е посебно изразена. Од СВР...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top