• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Стефан Димоски : Граѓаните да се воздржат од постирање информации за тоа каде ќе бидат за новогодишната ноќ

Стефан Димоски : Граѓаните да се воздржат од постирање информации за тоа каде ќе бидат за новогодишната ноќ

Граѓаните да се воздржат од постирање информации на социјалните мрежи за тоа каде планираат да ја поминат новогодишната ноќ. Тоа е добар извор на информации за крадците, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Полициските службеници за време на празничните денови ќе бидат засилено на терен.

 |   | 

За време на празниците кога има поголема циркулација на луѓе во градот, за жал поголем е и бројот на кражби. Добар извор на информации за сторителите на имотни и на други деликти претставува и објавувањето фотографии и локации на социјалните мрежи за тоа каде ќе се прославува новогодишната ноќ, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Апелирам до сите граѓани да се воздржат од постирање информации на фејсбук каде ќе ја поминат новогодишната ноќ, бидејќи тоа едноставно им ја олеснува работата на сторителите на казнени дела-кражби и претставува валидна информација дека можат да го сторат делото притоа да бидат безбедни, односно да поминат без контакт со полициските службеници – истакна Димоски.

Сторителите на вакви кривични дела, особено за време на новогодишните и божиќните празници во Охрид, не ретко се од други градови, што го отежнува нивното пронаоѓање. Од СВР уверуваат дека периодов превентивно ќе делуваат на подрачјето на цела општина.

Да напоменам дека полициските службеници ќе бидат за цело време, за сите празнични денови ќе бидат на терен и едноставно ќе ги контролираат угостителските објекти, ќе ги контролираат становите и останатите делови од градот, секако со цел пронаоѓање на овие сторители, нивно приведување, се до поднесување соодветни пријави против нив – додава Димоски.

Од СВР исто така напоменуваат граѓаните деновиве да бидат подготвени на засилени проверки на сертификати за вакцинација по угостителските објекти.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top