Ознака: димоски

policija

Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита

Post Views: 2 Брачен пар од Скопје дошол во Охрид да купи автомобил, а завршил на Корита. Инцидентот како што соопшти Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, се случил на 3-ти јуни, кога двајца 37 годишни охриѓани со измамa довеле во заблуда брачен пар од Скопје. Против нив СВР Охрид денеска поднесе кривични пријави за основано сомневање дека извршиле кривично дело „Разбојништво“ Осомничените минатата недела поставиле оглас на социјалните мрежи за продажба на возило Мерцедес произведено 2002 година по цена од 3500 евра. Непосредно потоа, стапиле во контакт со брачен пар од Скопје...

Continue reading

karpos

Улицата „Карпош Војвода“, сообраќаен проблем

Post Views: 2 На ул „Карпош Војвода“ вчера во попладневните часови настрада пешак. За жал овој настан не е единствен. Очигледно оваа улица претставува магнет за сообраќајни незгоди бидејќи за нецела година, последниов случај е 6 по ред. Жителите на ул Карпош Војвода сериозно се загрижени за безбедноста на нините деца. Тие не сакаа да зборуваат пред нашата камера но сметаат дека од страна на надлежните институции треба да се преземат повеќе безбедносни мерки, дури и дислокација на контењерите на ЈП „Охридски Комуналец“, кои се причина за предизвикување на повеќе инциденти. Точно тука,...

Continue reading

Struga incidenti

СВР работи на расчистување на синоќешните инциденти во Струга

Post Views: 1 Група од повеќе жители на Струшкото село Враништа синоќа околу 23.30 минути го блокираше регионалниот пат Струга – Дебар. Инцидентот предизвика  попречување на нормалниот проток на сообраќајот на овој патен правец.  На 50 тина метри од овој инцидент друга група на граѓани жители на Велешта, но и Октиси и Лабуништа извршиле собирање со цел да го изразат револтот од претходното блокирање  на регионалниот пат. „Со навремена и брза интервенција на полициските службеници спречен е конфликт кој можел да прерасне и во поголем инцидент. На ова бликирање му претходело нарушување...

Continue reading

zlato

Уште една кражба во Охридска златара

Post Views: 20 СВР во текот на вчерашниот ден успешно реализира акција за пронаоѓање и приведување на три члена група од вкупно шест, кои во текот на вчерашниот ден извршија кривично дело тешка кражба во златарата „Прима Голд“, во охридската чаршија. Оваа шест члена група романски државјани со патничко моторно возило пристигнале во Македнија и во Охрид во текот на вчерашниот ден преку граничниот премин Ќафасан. Откако пристигнале во Охрид направиле обиколка низ стара чаршија и неколку златари, по што некаде по 15 часот и 15 минути сите влегле во златарата Прима Голд, каде го извршиле...

Continue reading

skoda jeti

СВР се поднови…

Post Views: 2 СВР доби 11 нови возила, од кои 5 во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски открива дека се работи за современи возила опремени со современа техника  и технологија која им е неопходна на сите полициски службеници во извршувањето на службените обврски. „ Овие возила се опремени со тетра систем кој е најсовремен за комуникација помеѓу полициските службеници. Има и друга опрема која е неопходна за полициските службеници во делот на превземањето на своите овластувања. Од овие 11 возила, 3 ќе одат во ПС во Струга, 2 во Кичево, едно во Дебар, а 5 остануваат во Охрид....

Continue reading

krazba zlatara

Ограбена златарата „Голд“ во Охридската чаршија

Post Views: 19 СВР превзема широк спектар на активности со цел пронаоѓање на двете лица кои синоќа околу 19 часот и 45 минути  во златара во Охрид во централното градско подрачје извршија кривично дело разбојништво. Имено во моментот на разбојништвото во златарата се наоѓала вработена која под закана со пиштол од еден од крадците се повлекла во ќошот од златарата, а другиот го одземал златото.Портпаролот на СВР Стефан Димоски открива дека Секторот има добри оперативни сознанија по кои интензивно се работи, а се проверуваат и сите информации кои од синоќа доаѓаат до полициските службеници....

Continue reading

kliment

Свети Климентовата награда во рацете на поетот Ѓорѓо Димоски

Post Views: 0 Свети Климентовата награда годинава во рацете на истакнатиот поет Славе Ѓорго Димоски. Ова највисоко општинско признание, наградата Патронот на градот – Св Климент Охридски, на Димоски му е доделена за неговиот особен придонес во современата македонска литература и поезија. На денешното  претставување на имињата на годинешните лауреати, градоначалникот Александар Петрески истакна дека Свети Климентовата награда ќе биде врачена во вистинските раце на едно маркантно име во литературата, кој зад себе има над триесет годишен поетски и есеистички опус. „Творештвото на Славе...

Continue reading

gimnazija

Безбедни училишта

Post Views: 0 Ќе се подигнува нивото на безбедност во охридските образовни институции. Оваа најава доаѓа од раководителот на одделението за образование при локалната, Серафим Наумоски. Тој нагласи дека дека во тек е постапката за избор на Агенција за обезбедување, чии што ангажман ќе биде платен со буџетски средства на општината предвидени за тоа. Наумоски потенцира како во моментов е организирано обезбедувањето од нивна страна во училиштата. „Одреден број на училишта имаат обезбедување односно видео надзор, кај одредени училишта немаме, меѓутоа општината чинеше напори во текот на...

Continue reading

orden

Добар повод за прием кај градоначалникот

Post Views: 28 Орденот „Златна есен-Сергеј Есенин“, кој годинава падна во рацете на поетот Славе Ѓорго Димоски е големо признание. Денес по тој повод, Димоски имаше посебен прием од страна на градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот Душко Јаковчески, како и од раководителот на Секторот за образование Серафим Наумоски. Важноста на орденот е посебно значајна бидејќи доаѓа од Русија, земја која важи за една голема културна средина, каде литературата секогаш е во преден план, вели добитникот на орденот велестовскиот поет Димоски. „Со самиот орден мене ми е отпечатена...

Continue reading

vozacki dozvoli

Охриѓани, заменете ги возачките дозволи

Post Views: 5 Охриѓани она што не успеаа да го направат во рок од цели 5 години ќе се обидат да го завршат во следниве 5 дена. Оттаму и гужвите за заменување на старите возачки дозволи со нови, биометриски. Во службите на СВР Охрид, денвно се регистрираат и повеќе од 150 поднесоци, информира Стефан Димоски портпарол на СВР од Охрид. „Тоа значи дека значителен број од граѓаните не ја имаат направено оваа законска обврска односно не ги имаат заменато старите со нови биометриски возачки дозволи. Оттука е зголемениот број на поднесоци со кои се соочува нашата служба имаме гужви пред просториите...

Continue reading

Struski Veceri na poezijata

Вечерва започнуваат Струшки вечери на поезијата

Post Views: 0 По 51 пат вечерва во Струга почнува реномираната светски позната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На пресс конференцијата организирана во чест на добитникот на  златниот венец на Монгани Вали – Сероте, лауреатот, но и организаторот на оваа манифетсацијата открија детали за поезијата на годинешниот добитник на златниот венец. Сероте не го криеше задоволството што токму тој е добитник на ова високо свтски признание.  Пред да проговори за неговите дела, проговори за периодот на расна дискриминација во неговата Јужна Африка, притоа потенцирајќи дека оваа...

Continue reading

poetska nok

Велестово повторно ќе биде центар на поезијата

Post Views: 0 Од височините на планинското село Велестово ќе одекне моќта на поетската реч по 24 –пат.  Првата вечер од Манифестацијата ќе  биде  посветена на македонскиот поет Раде Силјан. Академскиот сликар Васко Ташкоки ќе изложи 20 уметнички дела во Црквата Успение на Пресвета Богородица и во Домот на културата. Интернационалната вечер, пак  е резервирана за поети од Албанија, БиХ и Бугарија. Во одржувањето на поетската манифестација, во пресрет на јубилејното изадние што ќе биде догодина  се најавуваат и просторни измени за одржувањето на  втората вечер, открива организаторот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top