Ознака: димоски

Vevcani

„Секајца“ удри во „Сприја“

Post Views: 9 Со сила ништо не бидува. Се скараа „Сприја“ и „Секајца“. Се работи за две вевчански компании кои вршат линиски превоз на патници, на правец Вевчани – Струга и обратно. Имено, на 5 ти овој месец на влезот во општина Вевчани во непосредна близина на некогашната фабрика „Стружанка“, некаде околу 12 часот на пладне се случила расправија помеѓу сопственикот на „Сприја“ Кире Србакоски и возачот на конкурентната фирма МАТ-ФИС Љубе Ангеличиноски. Според сопствениот на „Сприја“се работи за расправија која била очекувана, заради неажурноста на инспекторот за патен сообраќај...

Continue reading

piroman

Приведен пироман кој палел вегетација

Post Views: 8 Вчера попладне гореше во близина на Горца. Тоа го забележале случајни минувачи. Тие виделе дека тревата ја пали некој човек, кој на минувачите им објаснил дека тоа го прави за да го расчисти просторот а дека наводно за тоа некоја фирма му плаќа одреден надомест. Според минувачите тој не бил ни свесен дека прави кривично дело. Од СВР Охрид го потврдуваат случајот. Според портпаролот Стефан Димоски вчера во 16 часот и 45 во полиција бил пријавен пожар кај Инекс Горица. Нивните служби веднаш излегле на лице место и констатирале дека од страна на физичко лице било извршено...

Continue reading

zdrava hrana

Живеј здраво, живеј безбедно

Post Views: 2 Продолжуваат активностите за одбележувањето на светскиот ден на здравјето. Под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“, денес на градскиот плоштад, сите основци од Охрид  со низа активности се приклучија кон одбележувањето на светскиот ден. „Ова се дел од активностите кои овде не завршуваат тие се постојани најмалку еднаш до два пати во неделата од отсекот за превенција од Црвениот крст и од Локалната самоуправа заедно со Советот на родителите со директорите и родитлите во ОУ има постојани едукативни работилници и предавања во насока на безбедно и сигурно училиште од една...

Continue reading

promocija Dimoski

„Полицијата и јавноста“, првенчето на Стефан Димоски, го здогледа светлото на денот

Post Views: 11 Подобро разбирање помеѓу новинарите и полицијата во нивното заедничко делување во интерес на граѓаните. Ова, меѓу другото е една од целите за кои е создадено првото дело на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, насловено како „Полицијата и јавноста“. Влечејќи корени од неговиот магистарски труд кој ја обработува токму оваа тема, според Димоски оваа книга е обид да се приближат полициската и новинарската работа во насока на остварување на заедничките цели, расветлување на казнените дела во интерес на јавноста. Димоски додава дека неговото искуство како новинар надополнето...

Continue reading

svr

Екс градоначалникот на Охрид заработи нова кривична пријава

Post Views: 4   СВР Охрид покрена уште една кривична пријава против поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, поради постоење основа за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пријавениот спротивно на законските нормативи вработувал, а тоа го правел без претходно да има соодветни писмени барања од страна на раководителите на сектори и другите организациски единици во рамките на општинската адмистрација. „Пријавениот кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“го направил во периодот...

Continue reading

priracnik

Охридските пензионери добија прирачник со практични совети за нивна поголема безбедност

Post Views: 3 Пензионерите од Охрид и Дебрца добија прирачник со практични совети, мерки и постапки како да превенираат станување на лесна мета на извршители на кражби и други кривични дела. Насловен како „Внимавајте на вашата безбедност“, прирачникот според портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски има за цел да делува превентивно и да ги заштити пензионерите и повозрасните лица. „Да се обидеме на овој начин да ја подигнеме свеста на пензионерите и воопшто на повозрасните луѓе дека треба да посветат повеќе внимание на својот личен имот, паричник, ташна, но и на предметите кои што...

Continue reading

soobrakajka

Автомобил удри во автобус на Галеб

Post Views: 0 Во автобус на АД Галеб кој сообраќал за Скопје утрово дирекно се судрил автомобил со битолски регистарски таблички веднаш после превојот Стража. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски , во незгодата возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната медицинска помош во Општата болница во Гостивар, бил префрлен во битолската болница. По налог на јавниот обвинител  увид на лице место направиле полициски екипи од ПС Гостивар.  Димоски изјави дека можна причина за незгодата е губење контрола на возачот над патничкото моторно...

Continue reading

poetska nok

Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите

Post Views: 0 Течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. 26 -то издание на оваа  значајна културна манифестација,  која ги  слави поезијата и уметноста, ќе започне на 15 август  во Велестово. Годинешното издание  е посветено на македонската поетеса, академик Катица Ќулавкова. Традиционално  нејзина поезија ќе се чита на сред село во Велестово. Останатите две вечери ќе се одржуваат во Охрид. На интернационалната вечер гостува поетот од Ирска, Патрик Котер, од Словенија доаѓа Барбара Погачник, а од Црна Гора ќе се претстави поезијата на Тања...

Continue reading

dimoski zafircev

Несекојдневен јапонски перформанс за промоција на „Дневникот на хулиганот“

Post Views: 6 Несекојдневната мешавина на поезија во проза и проза во поезија „Дневникот на хулиганот“ утревечер пред охриѓани во една неконвенционална претстава. Преку буто перформансот на Васил Зафирчев, публиката ќе може да се запознае сосема непосредно преку мултимедијалниот проект на авторот, охриѓанецот Сашо Димоски. Оваа книга, која е воедно и негово прво дело е само зачеток на она што Димоски вели дека најмногу го интересира, истражување во формите и создавање на засебни, нови книжевни форми. „Од целиот напишан материјал кој е навистина обемен. Селектирав 44 глави кои се по...

Continue reading

tepacka

Крвава тепачка на тинејџери во Охрид

Post Views: 2 15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито . 10 минути после полноќ  дошло до  тепачка меѓу две групи тинејџери од Скопје, во која на  едно лице му биле нанесени убодни рани од нож. Избодениот тинејџер бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција и е задржан на понатамошно лекување. СВР го потврдува настанот. Портпаролот Стефан Димоски вели дека веднаш излегле на лице место на настанот и презеле активности за расветлување на случајот што резултирало со откривање на сторителите. „Во текот на денешниот...

Continue reading

свр

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Post Views: 3 Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.  „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат максимално...

Continue reading

Dimce dimoski

In memoriam Димче Димоски

Post Views: 0 Денес на 79 годишна возраст почина Димче Димоски, кого повзорасната генерација охриѓани го паметат како киноапаратер во киното „Охридско езеро“ и подоцна во центарот за култура „Григор Прличев“. Димче Димоски целиот свој работен век го помина како киноапаратер низ чии раце поминаа километри филмска лента, грижејќи се кино проекциите да поминат во најдобар ред. Иако неговото работно место беше далеку од очите на посетителите, неговото отсуство не можеше да не биде забележано, а ќе остане забележано и неговото сеќавање во двата документарни филмови во кои се забележани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top