• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите

Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите

Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите.

 |  Јаковлева Лионела  | 
poetska nok
poetska nok

Течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. 26 -то издание на оваа  значајна културна манифестација,  која ги  слави поезијата и уметноста, ќе започне на 15 август  во Велестово. Годинешното издание  е посветено на македонската поетеса, академик Катица Ќулавкова. Традиционално  нејзина поезија ќе се чита на сред село во Велестово. Останатите две вечери ќе се одржуваат во Охрид. На интернационалната вечер гостува поетот од Ирска, Патрик Котер, од Словенија доаѓа Барбара Погачник, а од Црна Гора ќе се претстави поезијата на Тања Бакиќ. Пред слушателите ќе биде претставена и поезијата на охриѓанецот  Зоран Јакимоски,  информира раководителот на манифестацијата, поетот Славе Ѓорго Димоски.
poetska nok
„За сите е интересна манифестација затоа што се одржува надвор од академските простории, се одржува на планина, в село и за сите е љубопитноста е голема затоа што се од различни профили  слушателите кои ја слушаат нивната поезија. Ова го истакнуваат поетите од странство, на таква сценографија и претставување на поезијата не се навикнати во своите земји“, кажува Славе Ѓорго Димоски.

Она што во моментов ги загрижува организаторите на оваа манифестација која трае веќе 26 години се финасиите. И додека во светот и дома расте популарноста  на оваа манифестација, финасиската поддршка од инситуциите е се помала. 

poetska nok

Оваа година сме на најниско ниво, со заеднички сили ќе ја поддржиме оваа вечер  и таа ќе се одржи. Но, доколу нема слух за финасиска поддршка  од страна на ресорното министерство и Локалната самоуправа,  се доведува во прашање нејзиното одржување, потенцира Славе Ѓорго Димоски.   

„ Се наметнува прашање што понатака ако се продолжи со вака минимална поддршка ние ќе сме принудени да ја укинеме најинтересната  интернационална вечер, која добива пофалби од странство или во краен случај манифестацијата да исчезне“,категорично најавува Слaвe Ѓорго Димоски.  

За да може манифестацијата да опстане и да се одржува и понатака во полна замисла, со интернационалната вечер и издавачката дејност, потребни се од 250.000 до 300.000 денари, потенцира Славе Ѓорго Димоски. Инаку, на интернационалната вечер воведена пред 6 години досега учествувале 18 поети од странство, претежно од европските земји и од Сирија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top