СВР се поднови…

Новите полициски автомобили шкода – Јети стигнаа во СВР Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
skoda jeti
шкода јети

СВР доби 11 нови возила, од кои 5 во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски открива дека се работи за современи возила опремени со современа техника  и технологија која им е неопходна на сите полициски службеници во извршувањето на службените обврски.

„ Овие возила се опремени со тетра систем кој е најсовремен за комуникација помеѓу полициските skoda jetiслужбеници. Има и друга опрема која е неопходна за полициските службеници во делот на превземањето на своите овластувања. Од овие 11 возила, 3 ќе одат во ПС во Струга, 2 во Кичево, едно во Дебар, а 5 остануваат во Охрид. Станува збор за исклучително безбедни возила, комфорни и брзи“, вели Стафан Димоски, портпарол на СВР.

Димоски додава дека економичноста е една од основните карактеристики на новите полициски автомобили. Новите јети трошат 6 литри  на 100 километри дизел гориво.
Инаку овие возила се голем придонес во обновувањето на возниот парк.  Дознаваме дека дел од Крајслерите  кои се посочувани ќе останат во возниот парк на СВР, а дел од нив ќе се расходат.

Имено, како што веќе беше соопштено по завршување на електронската аукција за набавка на 150 полициски моторни возила од  “Порше Македонија“ поединечната цена за едно возило изнесува 1.571.367 со вклучен ДДВ.

Во цената на возилата се вклучени опремата за полициските возила (звучен сигнален уред, светлосен сигнален уред – стобов мост, телекомуникациски уред – тетра мобилна станица), четири дополнителни гуми и нивна замена за три години и трошоци за одржување и сервисирање за времетраење од 36 месеци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top