Јубилејното издание на СВП ќе се одбележи со бројни содржини

Подготовките за јубилејното изданиe на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата се во завршна фаза, информира претседателот на Управниот одбор на поетската манифестација, Славе Ѓорго Димоски.

 |  Валентина Нелоска  | 
SVP
СВП

Подготовките за јубилејното изданиe на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата се во завршна фаза, информира претседателот на Управниот одбор на поетската манифестација, Славе Ѓорго Димоски. Најголемата и најважната поетска манифестација во земјава во последните години добива  нова концепција, а таков  е случајот и со овогодишното издание. Се очекува да биде промовирана поштенска јубилејна марка, издавање на луксузна Монографија на македонски и англиски  јазик, документарен филм посветен на 5-те  децении од  Струшки вечери на поезијата , како и одбележување на 150 години од излегувањето Зборникот на Браќата Миладиновци во Загреб. По објавувањето на името на Матеја Матески, годинешниот македонски лауреат на златниот венец на СВП, овој пат вниманието на манифестацијата ќе биде посветено на македонската поезија, вели Ѓорго Димоски.

SVPНад стотина странски поети потврдиле учество на јубилејното 5 децениско издание на поетската манифестација Струшки вечери  на поезијата, а до крајот на месец јуни се очекува таа бројка да биде 120 поети и исто толку домашни поети, нагласува Ѓорго Димоски. Најавено е присуството  и на неколку добитници на Златниот венец на поезијата како што се Адонис, Ненси  Морихон, Ференц Јухас, Иф Бонфуа,

Томаж Шаламунд. „Свеченото отварање на Струшките вечери на поезијата ќе биде посебно за прв пат синфониски ќе биде изведена Т га за југ со ансамбл од 60 хористи “, открива за ТВМ  Славе Ѓорго Димоски.

Концепциски измени се најавуваат и во манифестацијата   „Ноќи без интерпункција“, каде што ќе учествуваат поети од сите возрасти , а ќе се изведуваат покрај поетски и театарски, музички и други перформанси. Новитети се најавуваат и при доделување на наградата Браќа Миладиновци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top